Заум (Трпејца)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Заум

Карта

Местоположба 40°56′56″N 20°46′28″E / 40.94889° СГШ; 20.77444° ИГД / 40.94889; 20.77444
Основни податоци
Место Трпејца
Општина Охрид
Тип

 осамени наоди  населба


Период старохристијанско време
среден век
Портал „Археологија“

Заумархеолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува осамени наоди од старохристијанско време и населба од средниот век.

Во црквата „Св. Богородица Заумска“, која се наоѓа во југозападното подножје на ридот Осој, на источниот брег на Охридското Езеро и помеѓу селата Трпејца и Љубаништа, се вградени делови од архитектонска декоративна пластика. Имено, два капитела украсени со акантови лисја се поставени на олтарните столбови, а импост-капители од бел мермер на западните столбови.

Во 1960 г. во дворот на црквата случајно бил откопан импост-капител од бел мермер. При копањето на дупки за садење овошни дрвја, во северниот крај на дворот биле откриени остатоци од куќи — земјанки, речиси со кружен облик во основата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 278-279. ISBN 9989-649-28-6.