Глајшо (Трпејца)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Глајшо

Карта

Местоположба 40°59′15″N 20°48′51″E / 40.98750° СГШ; 20.81417° ИГД / 40.98750; 20.81417
Основни податоци
Место Трпејца
Општина Охрид
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Глајшо или Селиштеархеолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува населба од средниот век.

Се наоѓа североисточно од селото, од левата страна на патот Охрид - Галичица - Преспа (Р2332), на пространа рамнина наречена Поле во западното подножје на врвот Црн Камен на планината Галичица. Рамнината е долга 1 км (север-југ), а широка 700 м (исток-запад). Во северниот дел на рамнината се гледаат грамади од кршен камен кои укажуваат на постоење на остатоци од градби. Овде се наоѓа поновата црква (параклис) „Св. Спас“, која, според кажувањата на жителите, била изградена врз темели од постара црква.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 278. ISBN 9989-649-28-6.