Кале (Коџаџик)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Местоположба | 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Коџаџик |
Општина | Центар Жупа |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште во дебарското село Коџаџик. Претставува древномакедонска, римска и средновековна утвердена населба. Се наоѓа северозападно од селото, на голема височинка што има доминантна положба над пространата територија на Жупа, со можност за контрола на комуникациите во неа. На самиот врв, кој има стрмни карпи и зарамнето плато, постојат остатоци од утврдена населба. Одбранбениот бедем на калето е граден од големи камени блокови во сувоѕидица. До калето води пат послан со кршени камења - калдрма. По површината на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во месноста Поткале, покрај патот што води за калето се гледаат гробни конструкции од камени плочи - тип циста.[1]
Поврзано
уреди- Аџи Чорме Мемети — тумул од железното време;
- Ѓурумлук — средновековна некропола;
- Келица — средновековна населба;
- Петко — средновековна населба;
- Коџаџик;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |