Историја на Маите
Историјата на Маите опфаќа период од 10 век п.н.е. па сè до шпанската колонизација на Америка. Историјата на Маите е поделена на три главни периоди: предкласичен период, клаичен период и посткласичен период.
Предкласичен период
уредиМајанската територија била населене во 10 век п.н.е. Скорешни откритија во Белиз забележале мајанско населено место кое датирало до 2600 п.н.е.[1][2] Сепак, пошироко е прифатена тезата дека маите ги населиле тие простори во 1800 година п.н.е. во регионот Соконуско. Овој период познат како ран предкласичен период е карактеристичен по појавата на грнчарството[3].
Важни мајански градови во јужните рамничарски предели се Накбе, Ел Мирадор, Кивал и Сан Бартоло. Покрај овие, градовите Изапа, Такалик и Чокола во 600 п.н.е. биле главните производители на какао. Првиот мајански натпис датира од овој период. поточно од 250 п.н.е.[4]
Помеѓу научната јавност постои несогласување околу прашањето до каде се протегале физичките, а до каде културните граници на Маите. Во натписите од овој период се забележува заемно влијание помеѓу Маите и околните антички цивилизации[5].
Класичен период
уредиКласичниот период (од 250 до 900 година) е период на голем развој на мајанската цивилизација, висок степен на урбанизација, градење на споменици и натписи и ова е период на значаен интелектуален и уметнички развој, особено во јужните предели на мајанската територија[6]. Тие го развиле земјоделството и се развиле повеќе независни градови-држави. Такви значајни градови-држави биле Тикал, Паленке, Копан и Калакмул, но исто така опстојувале и некои помали како на пример Дос Пилас, Уашактун, Алтун Ха и Бонампак. Северните предели не се многу познати за денешната наука како јужните, но сепак тука се откриени значајните Ошкинток, Чунчукмил и Ушмал.
Најзначајните спомениви се скалестите пирамиди. Тие биле градени во религиозните центри заедно со палатите на владетелот на кралството. Палатата во Канкиен е најголема, иако огромното археолошко наоѓалиште нема пирамида. Покрај палатите и пирамидите, знчајни се изгравираните камени плочи наречени стели или на мајански тетун, на кои се пишувал текст со мајанско писмо со различна тематика[7].
Мајанската цивилизација учествувала долг период во трговијата во Средна Америка и општела со околните цивилизации: Теотивакан, запотечка цивилизација и останати околни цивилизации, како од Средна Америка така и од Карибите. Исто така, археолозите пронашле злато од Панама во Чичен Ица[8]. Маите тргувале во какао, сол, морски школки и жад.
Падот на Маите
уредиПоради сè уште непознати причини, мајанските градови од јужните предели пропаднале во 8 век и 9 век и накратко биле комплетно напуштени. Падот бил проследен и со значително намаление на создавање на мајански натписи. Иако сè уште нема општоприфатлива теорија за причините и падот на Маите, денешните историчари и научници имаат создадено повеќе теории за овој феномен и се делат во две групи: еколошки и нееколошки причини.
Нееколошките теории за падот на Маите се поделени на неколку поткатегориим како на примнер, пренаселеност, странски напад, револт на населението и пад на клучните трговски патишта. Еколошките хипотези за падот на Маите се делат на еколошки катастрофи, зарази и климатски промени. Како и да е, има докази дека Маите се соочувале со потешкотии во земјоделството, а особено имале проблеми со ловот[9]. Некои научници излагаат со понови теории за 200 годишна суша во тој регион што резултирала со колапс на Мајанската цивилизација[10]. Теориите за сушата се засноваат на истражувања на почвата околу копнените водени површини и испитување на почвата воопшто[11].
Пост-класичен период
уредиЗа време на пост-класичниот период (од 10 век до ран 16 век), развојот на северните градски центри продолжил и е карактеризиран со зголемување на различноста во општествата и надворешни културни влијанија. Мајанските градови во Јукатан продолжиле со својот развој уште неколку векови после големиот пад на јужните предели и меѓу главните градови биле: Чичен Ица, Ушмал, Еѕна и Коба. По падот на владеачките династии во Чичен и Ишмал, Мајапан владеел со целиот Јукатан сè до револтот во 1450 година. Подоцна, ова кралство се намалило и опстојувало како град-држава сè до шпанската колонизација на Јукатан.
Маите од Ица, Ковох и Јалаин од Централен Петен го преживеале падот на класичниот период и до 1250 година се обединиле и создале градови-држави. Ица Маите како свој центар го имале Тајасал или познат како Нох Петен. Тој владеел со територијата околу езерото Петен. Ковох Маите за свој главен град го имале Киче и е познат по најголемиот извор на мајанска митологија, Попол Вух. Покрај овие, позначајни кралства биле оние на Мамите, Какчикелците, Чахомаците и Чухците[12].
Колонијален период
уредиКратко после неколку мали експедиции, Шпанците започнале воени походи за освојување на териториите на Маите и основале колонија на територијата на Маите во Јукатан и во Гватемала. Оваа кампања наречена Шпанска колонизација на Јукатан била тешка задача за шпанските конкистадори и им требало околу 170 години за да воспостават комплетна шпанска контрола на таа територија.
За разлика од Ацтеките и Инките, Маите немале еден единствен политички центар, што би овозможило Шпанците со еден напад да ја освојат цела територија. Наместо тоа, Шпанците биле приморани да ги освојуваат секој град-држава поединечно. Повеќето од колонизаторите биле мотивирани од идејата дека ќе пронајдат големо богатство во освоените градови како на пример злато и сребро, но сепак мајанските предели биле сиромашни. Но тоа не влијаело демотивирачки, туку Шпанците се заинтересирале за освојување на другите империи во Перу и Мексико.
Шпанската црква и шпанските власти ги уништиле мајанските записи и со тоа за секогаш го уништиле знаењето на Маите. За среќа зачувани се три книги од класичниот мајански период[13]. Последните мајански кралства Тајасал и Закпетен биле освојувани и ослободувани сè до 17 век кога подоцна биле засекогаш уништени во 1697.
Наводи
уреди- ↑ http://www.nature.com/nature/journal/v260/n5552/abs/260579a0.html
- ↑ http://ambergriscaye.com/pages/mayan/mayasites.html
- ↑ Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. .47.
- ↑ „HISTORY OF WRITING and RELIGION“. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 2009-07-01.
- ↑ Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. 63–64.
- ↑ Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. . 81.
- ↑ „Maya Art Return“. Посетено на 2006-12-25.
- ↑ Види Coggins (1992).
- ↑ „University of Florida study: Maya politics likely played role in ancient large-game decline, Nov. 2007“. Архивирано од изворникот на 2014-11-12. Посетено на 2009-07-01.
- ↑ Gill, R. (2000). The Great Maya Droughts. Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0826321941.
- ↑ Hodell, David A.; Curtis, Jason H.; Brenner, Mark (1995). „Possible role of climate in the collapse of Classic Maya civilization“. Nature. 375 (6530): 391–394. doi:10.1038/375391a0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Love 2007, p.305. Sharer 2006, pp.621, 625.
- ↑ "The Ancient Maya", Robert J. Sharer, Loa P. Traxler Contributor Loa P. Traxler, p126, Stanford University Press, 2006, ISBN 0-8047-4817-9