Историја на Гвајана
Првите европски колонии на територијата на денешна Гвајана пристигнеле во околу 1500 година. Пред нивното доаѓање овде живееле индиските племиња Араваци и Карибјани. Во почетокот на XVII век, Холанѓаните го дале почетокот на европската доминација на територијата. Така тие основале три колонии: Есекибо (1616), Бербајс (1627) и Демерара (1752). Во текот на втората половина на XVIII век, контролата околу територијата на денешна Гвајана преминале во раце на Англичаните, а официјално Холандија се повлекла во 1814 година. Така, трите колонии станале под официјална контрола на британската корона, позната под името Британска Гвајана од 1831 година.
Дел од темата Гвајана |
Рана историја |
Портал:Гвајана |
По забранувањето на ропството во 1834 година, црнците започнале да основат нови села и градови. Во тој период од Индија, Кина и Португалија пристигнале голем број на работници. Тоа културно разнообразие е зачувано до денес, и е едно од причините за бурниот политички живот на земјата. Гвајана својата независност ја добила од Обединетото Кралство ов 1966 година, а како кооперативна република била објавена во 1970 година. Во 1978 година земјата влегла во светските медиуми при масовното самоубиство на над 900 луѓе од сектата Џон Џонс.