Искористување на децата за воени цели
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Искористувањето на децата во воените цели опфаќа три гледишта: Децата може да земат директно учество во воените судири(деца – војници) или можат да бидат искористени во улога на поддршка како поштари, шпиони, доушници, стражари или сексуални робови или пак можат да бидат искористени во позла на политиката или како штит на човештвото или во пропаганди.
Низ историјата и во различните култури, децата во голема мера биле вклучени во воените походи, дури и ако ваквите активности биле спротивно на културните морали. Од 1970 – те, на сила стапија бројни меѓународни конвенции кои се обидоа да го ограничат учеството на децата во вооружените конфликти, но, и покрај тоа, Коалицијата која се залага против искористувањето на децата-војници соопшти дека искористувањето на децата во воените сили и активното учество на истите во вооружените конфликти станува се посеопфатно.
Меѓународно право
уредиМеѓународно право за човекови права
уредиВо Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, во Член 38 (1989) стои: “Државните партии треба да ги преземат сите спроведливи мерки за децата кои се под 15 години да не земат активно учество во воените судири.” Меѓутоа, малолетниците кои се над 15, но под 18 години, сè уште остануваат волонтарно способни, како војници, да земат директно учество во битките. Факултативниот протокол за вклучување на децата во вооружените конфликти од Конвенцијата, кој стапи на сила 2002 година, наложува дека државните партии “треба да ги преземат сите спроведливи мерки за децата под 18 години да не земат директно учество во воените судири и да не бидат задолжително регрутирани во воените сили.” Факултативниот протокол понатаму ги задолжува земјите “да ги преземат сите спроведливи мерки за превенција од ваквата регрутација и искористување, вклучувајќи го прифаќањето на правните мерки кои се потребни за забрана и криминализирање на ваквите активности.” Исто така, со Факултативниот протокол, земјите се обврзани да ги демобилизираат децата, регрутирани или искористени во воените судири, под нивна судска надлежност и да обезбедат помош за нивно физичко и психичко опоравување и социјално реинтегрирање.
Под Член 8.2.26 од Статутот на Рим од Меѓународниот кривичен суд (ICC), усвоен во јули 1998година и стапен на сила на 1 Јули 2002 година стои: “Регрутирањето или вклучувањето на деца под 15 години во националните вооружени сили или искористувањето на истите активно да учествуваат во воените судири” е воено злосторство.
Обединети нации
уредиСоветот за безбедност на Обединетите нации редовно се состанува да води дебати, да прима извештаи и да донесува одлуки на тема “Децата во вооружените конфликти”. Најнеодамнешниот состанок беше на 17 Јули 2008 година. Првата одлука со наслов “Одлука 1261 ” беше донесена во 1999 година (не содржеше белешки за одлуки донесени порано).
Во Одлуката од 2005 година, Советот за безбедност побара планот за обезбедување, мониторинг, извештаи и соодветен механизам, изработен од страна на Генералниот секретар, да биде воведен без одложување.
Меѓународно хуманитарно право
уредиВо согласност со Член 77.2 од Дополнителниот протокол Ι од Конвенциите во Женева од 12 Август 1949 година, што се однесува на Заштита на жртвите од меѓународните вооружени конфликти, усвоен 1977 година, стои:
Страните во конфликтот треба да ги преземат сите спроведливи мерки со цел децата кои не наполниле 15 години да не земат директно учество во воените судири, a особенo треба да се воздржат од регрутирање на истите во вооружените сили. Во регрутирањето на оние кои наполниле 15, но немаат наполнето 18 години, Страните во конфликтот треба да настојуваат да им дадат приоритет на оние кои се постари.
Од коментарот на ICRC (Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст) за Протокол Ι стана јасно дека ова не е целосна забрана за искористувањето на децата во конфликтите. ICRC предложи, страните во конфликтот “да ги преземат сите неопходни мерки”, иако во претходниот текст гласеше “сите спроведливи мерки” што не е целосна забрана на активноста, бидејќи спроведливо може да се сфати како “способност да се направи нешто, успешно да се заврши или да се изнесе, возможно или практикувано”. Воздржувањето од регрутирање деца под 15 години, не ги вклучува оние кои волонтирале во вооружената служба. За време на преговорите околу “вклучувањето на децата во воените судири”, беше додаден зборот „директно“, што ја отвора можноста децата – волонтери да можат да бидат и индиректно вклучени во воените судири, собирајќи и пренесувајќи воени информации, помагајќи во пренос на оружје и муниција, снабдувајќи намирници итн.
Во Член 4.3.ц од Протокол Ι Ι, усвоен 1977 година, како додаток на Конвенциите на Женева од 12 Август 1949 година, што се однесуваа на Заштита на жртвите на немеѓународните вооружени конфликти, стои: „децата кои немаат наполнето 15 години не треба да бидат регрутирани во воените сили или групи ниту да учествуваат во воените судири“.
Со Факултативниот протокол од Конвенцијата за правата на децата за вклучувањето на истите во вооружените конфликти усвоен и потпишан 2002 година, националните вооружени сили можат да прифатат волонтери под 18 години, но, „Државите членки треба да ги преземат сите достапни мерки за да се осигураат дека членовите на вооружените сили кои немаат наполнето 18 години не земаат директно учество во воените судири“. На недржавните глумци и герилските сили им е забрането да регрутираат деца под 18 години.
Меѓународен закон за работни односи
уредиПрисилена или задолжителна регрутација во корист на вооружените сили, на кој било под 18 години, е една од предефинираните, најлоши форми на детскиот труд и се смета за форма на ропство во согласност со Конвенцијата на меѓународната трудова организација за најлоши форми на детскиот труд, усвоена 1999 година.
Во согласност со Препораките за најлоши форми на детскиот труд, ратификуваните земји треба да се осигураат дека присилената или задолжителната регрутација на децата во корист на вооружените конфликти им овозможува на другите криминални, цивилни и административни органи да спроведат делотворно стапување на сила на ваквата национална легислатива Ι Ι Ι (12) од (14).
Воени злосторства
уредиБеше поделено мислење за тоа дали децата треба да бидат судски гонети за вршењето на воените злосторства.
Меѓународното право не забранува судско гонење на деца кои извршиле воени злосторства, но Членот 37 од Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации ја ограничува казната што ја добиваат децата и притоа „ниту јавното казнување, ниту доживотниот затвор без можност за ослободување, нема да бидат применети за лицата под 18 години кои извршиле прекршоци“.
Многу деца – војници се бореа во Граѓанската војна во Сиера Леоне. Со тоа Обединетите нации му дозволија на Специјалниот суд во Сиера Леон (SCSL) и на други гранки на Хуманитерното право, да обучува учесници за воени злосторства. Статутот на SCSL има судска надлежност врз лицата кои се на 15 - годишна или постара возраст, меѓутоа Париските начела за децата кои учествувале во воените конфликти гласат:
...... оние кои според Меѓународното право се обвинети за злосторства, наводно ги извршиле истите кога биле здружени со вооружените сили или групи и истите треба првично да се сметаат за жртви на прекршоците извршени спротивно прописите на Меѓународното право,а не само како виновници. Тие треба да бидат третирани во согласност со Меѓународното право во рамките на ресторативната правда и социјалната рехабилитација, и истото на децата им нуди специјална заштита преку бројни договори и начела.[1]
И ова се одрази во изготвувањето на Член 7 од Статутот на SCSL кој не ја исклучи заштитата, но ја зајакна рехабилитацијата и социјалната реинтеграција. Дејвид Крејн(David Crane), првиот главен обвинител на трибуналот на Сиера Леоне, избра да го толкува Статутот така што со политиката на трибуналот ќе ги казни оние кои ги регрутираат децата без разлика на тоа колку грозоморни биле злосторствата кои ги извршиле.
Во Соединетите држави, обвинителите имаат поразлични тврдења од Дејвид Крејн (David Crane) и имаат намера да го осудат Омар Кадр(Omar Khadr) за неколку сериозни тужби вклучувајќи убиство, за прекршоци кои се претпоставува дека ги извршил во Авганистан додека се борел за Талибан против силите на Соединетите држави на 16 годишна возраст. Ако го обвинат ќе добие казна доживотен затвор.
Движење против военото искористување на децата
уредиДенот на Црвената рака(Red Hand Day), кој е на 12 февруари, е годишен комеморативен ден за привлекување на вниманието на јавноста и е поврзан со искористувањето на децата како војници во воените и вооружените конфликти.
Неодамна, се појави силно меѓународно движење кое сакаше да стави крај на сето тоа. На пример, тоа е Коалицијата против искористувањето на децата – војници. „Соединетите Држави не успеаја да ја заштитат сопствената младина од поганата воена регрутација и со тоа не успеаја да ја заштитат младината во другите земји кои се веќе присилно вклучени во воените конфликти“ – изјави Џемил Даквар(Jamil Dakwar), директор на Програмата за човекови права на Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Соединетите Држави треба под итно да ги доведат своите политики и активности на воена регрутација и третман на поранешните деца – војници во согласност со меѓународните прифатени стандарди.
Нации и групи вклучени во военото искористување на децата
уредиПетар В. Сингер(Peter W. Singer) од институтот Брукинг(Brookings Institution), во јануари 2009 година, процени дека во сите конфлкти што се случуваат во светот, децата - војници учествуваат со процент од три - четвртини.На веб - страната Human Rights Watch(HRW) од јули 2007 година стои:
„ | „Во повеќе од 20 века, децата се директни учесници во војните во светот. Со избегнувањето на детството и честата поврзаност со грозоморни насилства, 200.000 до 300.000 деца служат како војници и во бунтовните групи и во владините сили во моменталните вооружени конфликти“.[2] | “ |
Под условите од Протокол Ι од Конвенцијата на Женева стои дека децата под 15 годишна возраст кои волонтирале можат да бидат искористени како набљудувачи, разгледувачи или носачи на пораки (погледни го Меѓународното хуманитарно право). Бирото на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи (UNOCHA) соопшти дека најмногу од децата кои служат како војници се над 15 годишна возраст но дека има и помлади.
Африка
уредиВо начелата на Кејптаун и најдобрите практики усвоени од работната група на NGO (Невладина организација) на Конвенцијата за правата на децата и УНИЦЕФ, на симпозиумот за заштита од регрутација на децата во воените сили и демобилизација и социјална интеграција на децата војници во Африка, во април 1997 година, беше предложено африканската влада да го прифати и ратификува Факултативниот протокол за вклученоста на децата во вооружените конфликти, зголемувајки ја минималната старосна возраст од 15 на 18 години. Исто така предложија африканската влада да ратификува и воведе други релевантни договори и да ги инкорпорира истите во национални права. Симпозиумот го дефинира детето – војник како секое лице под 18 години кое е „дел од каква било регуларна или нерегуларна вооружена сила или група со свој капацитет, вклучувајќи ја, но неограничувајќи ја способноста да готви, да пренесува писма и да известува, и оние кои се приклучени кон ваквите групи се сметаат за членови на семејството. Дефиницијата вклучува и девојчиња кои се регрутирани за сексуални цели и присилени бракови. Притоа тоа не се однесува кои носат или носеле оружје.“
Повеќе од половината од децата - војници од светот се во Африка, известува UNOCHA. Во 2004 година, бројката на деца, вклучени во вооружените конфликти, вклучувајќи ги и борбите, е проценета на 100.000 деца- војници. Во последното поглавје од филмот „Крвав дијамант“(Blood Diamond) се посочува дека „во Африка има 200.000 деца – војници“.
Во 2004 година, стотици деца – војници служеа во Forces Nationales pour la Libeeration (FNL), вооружена бунтовничка футу – група. Децата меѓу 10 и 16 години беа исто така регрутирани од бурундиската војска.
Помеѓу 2001 и 2003 година, децата служеа во вооружените бунтовни групи, вклучувајќи ја и Унијата за демократски сили за заедницата (UFDR).
Децата – војници се бореа за чадската војска и беа вклучени во бунтовните сили – Обединет фронт за демократски промени ( Front Uni pour le Changement, FUC ) , локални сили за самоодбрана познати како Tora Boromilitias и две судански бунтовнички движења кои оперираа во Чад – Движењето за правда и еднаквост (JEM) и Фракцијата G-19 на Суданската либерална армија (SLA). Брегот на Слоновата Коска
За време на граѓанската војна од 2002 година, „децата беа регрутирани, најчесто присилно, од двете страни“.
Децата служеа во вооружените милитерни групи поврзани со владата, вклучувајќи ги Alliance patriotique de l’ethnie We (APWe) и Union patriotique de resistance du Grand Ouest (UPRGO). Поранешните бунтовнички групи сега се соединети во Нови сили (Forces Nouvelles de Cote d’lvoire, FAFN) исто така вклучуваа деца – војници.
Илјадници деца служеа во војска, како и во бројни бунтовнички сили. Во екот на Втората конго војна, Обединетите нации проценија повеќе од 30.000 деца кои се бореле во конфликтот.
Во 2002 година, децата – војници беа искористени од руандските владини сили и парамилитарни сили кои работеа за Демократската Република Конго.
Во Војската на Младината: Децата- војници во војната и тероризмот, антропологистот Дејвид М. Розен(David M.Rosen) зборува за убиствата, силувањата, тортурите и илјадниците ампутации извршени од Единицата на млади момци (Small Boys Unit) на Револуционерниот обединет фронт ( РОФ) за време на Граѓанската војна во Сиера Леоне (1991-2001). Друга книга која ја опишува Граѓанскатаа војна е “Далечен пат” (A long way gone) од Исмаел Бех(Ishmael Beah) кој ја опишува Граѓанската војна од негово гледиште кога самиот бил присилен да биде војник.
Извештајот објавен од Коалицијата против искористувањето на децата-војници од 2004 година, процени дека уште од 1991 година, 200.000 деца носеа оружје или беа регрутирани во војската во својата земја.
Во Март 2004 година, беа проценети 17.000 деца во рамките на владините сили, приклучени кон милитарните сили и опозиционите вооружени групи на север, исток и југ. Од 2500 до 5000 деца служеа во вооружената опозициона група Армија за либерација на суданскиот народ (SPLA) на југ. И покрај широко публицираниот програм за демобилизација на децата, каде се бара да се демобилизираат над 16.000 деца од 2001 до 2004 година, SPLA продолжи да регрутира и ре-регрутира деца - војници. Во 2003 година се доби извештај дека вооружените групи беа активни во владините вооружени сили, Џанџавидска милитарна сила и опозиционите групи. Поранешните деца - војници беа казнети со смрт за злосторствата извршени додека биле војници.
Во последните 20 години, бунтовничката Lords Реsistance Аrmy присили повеќе од 30.000 момчиња и девојчиња за војници. Нападите против Ахоли – луѓето на Уганда резултираа со сурови трауми врз цивилите, со екстремно насилство и киднапирање. Девојчињата често беа присилени да бидат сексуални робови. Народните сили за одбрана на Уганда регрутираа мал број деца помали од 13 години, вклучувајќи ги Единиците за локална одбрана.
ZANU-PF – Владата на Роберт Мугабе(Robert Mugabe) ја спонзорира „младинската милитарна сила“ – Национална младинска служба – чии членови кои се од 10 до 13 години се познати како „зелени бомбардери“.
Азија и Средниот Исток
уредиВо 2004 година Коалицијата против искористувањето на децата војници (CSUCS) соопшти дека во Азија вклучени се илјадници деца од борбените сили во воените конфликти и ситуации на примирје во Авганистан, Бурма, Индонезија, Лаос, Филипини, Непал и Шри Ланка, и покрај владиното одбивање за пристап до конфликтните зони, што го направи невозможно евидентирањето на бројот на инволвирани. Во 2004 година, во регионот, Бурма беше неутрална и беше единствената држава каде владините вооружени сили присилно регрутираа и искористуваа деца на возраст од 12 до 16 години.
Австралиските одбранбени сили дозволија да биде регрутиран персонал на возраст од 16 години и 9 месеци, во секој случај над 17 години пред започнувањето на нивната обука и служба. Ова ги вклучува скоро сите гранки на армијата, поморските и воздушните сили. Се бара дозвола од родителите за нивно регрутиpање и оние војници под 18 години, неможат да бидат ангажирани во странство или искористени во директни борби, освен во исклучителни ситуации.
Воените сили регрутираа илјадници деца - војници за време на Авганистанската граѓанска војна која траеше три декади. Многу од нив и сега се борат за Талибан. Некои од оние кои се земени од исламските религиозни училишта, ормадрасас (ormadrassas) наводно се искористени како бомбаши самоубијци или терористи. Во 2009 година беше пропангирано видео на момчиња кои маршираат во камуфлирани униформи и пеат слогани за мачеништвото. Видеото беше објавено од страна на авганистанско – талибанскиот водач во Пакистан, Кета Шура(Quetta Shura), а во песните вклучија и величење на 14 годишниот талибански борец кој беше убиен од еден американски војник.
Кадетите, обучените подофицери и техничкиот персонал можат да се приклучат кон Бахреинските одбранбени сили на возраст од 15 години.
Советот за државен мир и развој изјави дека сите војници волонтирале и дека сите прифатени, се со и над 18 години. Во согласност со Human Rights Watch (мрежно место) во Бурманската национална армија, Татмадау (Таtmadaw) служат повеќе од 70.000 момчиња, меѓу кои има и помали од 11 години кои се земени од улиците. Дезертерството води кон казна затвор од 3 до 5 години или погубување во некој случај. Исто така се констатира дека од 5000 до 7000 деца служат во голем број вооружени етнички организациони групи, најзабележани во United Wa State Army (UWSA). Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун(Ban Ki-moon), во јуни 2009 година даде извештај проучувајќи ги „тешките насилства“ врз децата во земјата извршени и од бунтовниците и од владата. Администрацијата тврди дека на 4 Август ќе прати тим во Бурма кој ќе се залага за поголемо активирање.
Иранското право забранува регрутација на оние деца под 16 години, засновајки се на куранските традиции за војната. Во секој случај, државата ги прекрши овие правила со војната меѓу Иран и Ирак. Во 1984 година иранскиот претседател, Али-Акбар Рафсањани(Ali – Akbar Rafsanjani) изјави дека „сите иранци од 12 до 72 години треба да волонтираат за светата војна“. Децата војници носеа клучеви околу вратовите да го сигнификуваат влезот во рајот. Ettelaat, ирански дневен весник извести: „пред влез во минските полиња децата треба да се завиткаат во ќебиња и да се тркалаат по земјата, со што деловите од телото ќе останат заедно по експлодирањето на мините и со тоа лесно ќе можат да се однесат до гробиштата“. Непознат е бројот на школски деца кои моментално служат во рамките на Басиј – Иранска паравоена сила, изјави Коалицијата против искористувањето на децата-војници. Исто така изјавија дека државата се залага за регуларна армија на возраст од 19 години, но и дека прифаќа волонтери на возраст од 16 до 17 години кои ќе работат за полицијата.
Режимот на Садам Хусеин(Saddam Hussein) го одржуваше „подигањето кампови“ на цивилната младина на возраст од 12 до 17 години која беше вклучена во обуки со малокалибарско оружје и баатистички политички индоктринации, изјави Коалицијата против искористувањето на децата-војници. Изворите на ирачката опозиција и американскиот Стејт - департмент изјавија дека децата кои ќе дадат отпор, ќе бидат соочени со казна. Исто така државата вклучува деца во движењата на Futuwah и Ashbal Saddamyouth помали од 10 години, праќајќи ги потоа на воена обука понекогаш и по 14 часа на ден. Петар В.Сингер(Peter W. Singer) ги спореди групите со Xитлеровата младина(Hitler Jugend). Во Голфската војна, 12- годишник се бореше од страна на Ирак со калашников. Деца исто така учествуваа во војната меѓу Ирак и Иран.
Американските сили тепаа деца во Насарија, Карбала и Киркук во Ирак во инвазијата од 2003 година. Во Јануари 2009 година ОН известија за поствоена ирачка окупација и констатираа дека ирачките бунтовници ги искористија децата како војници. Во извештајот стоеше пример за самоубиствениот бомбашки напад од страна на момче од 10 до 13 години, врз командирот на полицијата на Киркук. CNN.com сметаше дека оваа ситуација е „вознемирувачка“. Коалиционите сили беа присилени да ги затворат децата - војници, што доведе до морална дилема. САД многу од нив ги испрати во затворот Абу Граиб(Abu Ghraib).
Курдската работничка партија (PKK) систематски регрутира деца помали од 7 години, извести Коалицијата против искористувањето на децата-војници. Тие известија дека PKK формира и баталјон специјално за овие цели, наречен Tabura Zaroken Sehit Agit. Во 1998 година беа избројани околу 3000 деца-војници. Патриотската заедница на Курдистан (PUK) исто така регрутираше деца, извести Коалицијата против искористувањето на децата-војници.
Во Либанската цивилна војна беа искористени голем број деца-војници. Таа активност заврши со мирот од 1990 година, но од тогаш во фракциите дојде до голем број меѓусебни обвинувања. Во Мај 2008 година, во извештајот на Коалицијата против искористувањето на децата-војници стоеше дека Хезболах (Hezbollah) обучува деца за воена служба. Во Април 2009 година, Генралниот секретар на ОН, Бан Ки Мун обвини неколку фракции за тоа. Во секој случај, претставниците на Human Rights Watch за дневниот весник The Daily Star известија дека не евидентирале никакво систематско воено искористување на децата.
Во служба на силите на Комунистичката партија на Непал (Маоист) беа избројани од 6000 до 9000 деца. Иако се потпиша мировен договор, маоистите сè уште не ги демобилизираа децата од нивните ранкови.Во документарецот „Повратени ( Returned)“:„ Децата војници од Непалската маоистичка партија“, Роберт Куник(Robert Koenig) раскажува приказна за момчињата и девојчињата на Непал кои се обидувале одново да ги изградат своите животи по борбите во маоистичката револуција против поранешната влада. Децата го опишуваат нивното драматично регрутирање и учество во Маоистичката либерална армија за време на 11- годишната цивилна војна меѓу маоистичките бунтовници и хинду-монархијата, контролирани од владата на Непал.
Децата беа регрутирани од страна на бунтовничките сили, меѓу кои Новата народна армија, групацијата на Абу Сајаф и Мороисламскиот либерален фронт. Проценетите 13% од 10.000 војници во Мороисламскиот либерален фронт се деца. Регрутирањето на деца е исто така воведен од некои паравоени сили поврзани со владата. Новата народна армија се откажа од искористувањето на деца-војници и воведе минимална возраст за учество во војните од 16 години, работејќи како курири, медицински волонтери или членови на образование или пропагандни единици, додека оние со 18 години се претпочита да се приклучат кон силите.
Во Шри Ланка се мисли дека илјадници деца се вклучени во рамките на Ослободителите Тигри на тамилскиот Елан (LТТЕ), бунтовничка група која беше терористичка организација, забранета од голем број земји. Со потпишуваењето на Договорот за примирје во 2001 година, последните достапни фигури на УНИЦЕФ покажаа дека LТТЕ вклучи 5666 деца до јули 2006 година, иако организацијата шпекулира дека ним им беа изнесени само третина од овие случаи. Војниците на Шри Ланка едната единица ја именуваа како Бејби баталјон, што се должи на големиот број деца во него. Во однос на широко распространетите осудувања за наводните активности на регрутираните деца, LТТЕ информираа дека тоа регрутирање на децата е нелегално.
Порано, паравоената група со име Karuna Group, што всушност е фракција на LТТЕ, според УНИЦЕФ и Human Rights Watch беше одговорна за киднапирање на децата.
Израел и Палестинските територии
Џијад Шомали(Jihad Shomali) во извештајот насловен Искористувањето на децата во окупираните палестински територии, објавен во 2004 година за Секторот за меѓународна/палестинска одбрана на децата, тврди дека голем број деца, мачеништвото го сфатија како начин да им се одмаздат на оние кои се одговорни за нивната безнадежна ситуација, регрутирајќи ги од страна на палестинските правоени групи за да извршат вооружени напади. Во секој случај Шомали се согласи со државата да нема системско регрутирање и дека сениорските претставници на групите и палестинската заедница се против регрутирање на децата како политичка стратегија, иако Шомали смета дека политичкиот водач на Палестина може да направи повеќе да го охрабри искористувањето на децата од страна на паравојската преку барање водачот на истата да потпише меморандум за да се забрани обуката и регрутацијата на децата. Шомали исто така појаснува дека „државата Израел, регуларно и прикриено, не ги почитува обврзувачките регулативи кои го забрануваат регрутирањето на децата-војници.
Користењето на насилство, заплашување и уцени ги претвора палестинските деца во шпиони, злоупотребувајќи ги нивните права и загрозувајќи ги нивните животи.
Вилијам О’Брајан(William O’Brian), професор на Универзитетот во Џорџтаун (Georgetown University), пишувал за активното учество на палестинските деца во Првата интифада: „се гледа дека значителен број, ако не и најголем, од трупите на интифадата се млади луѓе, вклучувајќи ги и елементарните школски деца. Тие се задолжени за фрлање камења, правење молотови коктели и други форми на насилство“. Арапскиот новинар Худа Ал-хусеин(Huda Al-Hussein) во еден лондонско- арапски весник, на 27 октмоври 2000 година напишал: „додека организациите на ОН чуваат деца-војници, особено во Африка,контролираjќи ги водачите на воените сили, кои претставуваат дувло од банди, некои палестински водачи... свесно издаваат наредби со цел да го прекинат нивното детство иако тоа може да значи и убиство.“
Во 2002 година Коалицијата против искористувањето на децата-војници изјави дека „во извештаите од децата кои учествувале во воените судири,и тоа помалку од 1% од палестинските адослесценти кои играле активна улога во судирите со израелските трупи, не стои доказ за систематско регрутирање од страна на вооружени групи (во окупираните територии). Според глобалниот извештај на Коалицијата против искористувањето на децата-војници од 2004 година, постојат најмалку 9 евидентирани самоубиствени напади помеѓу октомври и март 2004 година во кој се вклучени палестински деца, но ни таму „не постои доказ за систематско регрутирање на деца од страна на палестинските вооружени групи. Во секој случај, децата се искористени како доушници и курири, во некои случаи и како борци и самоубиствени бомбардери во нападите со израелските војници и цивили. Главните политички групи инволвираат деца на овој начин, меѓу кои: Фатах(Fatah), Хамас(Hamas) и исламскиот Џихад(Islamic Jihad) и Популарниот фронт за ослободување на Палестина“. Во мај 2008 година Коалицијата против искористувањето на децата-војници ги означи Хамас и исламскиот Џихад „за искористување на децата во воените напади и обуки“ во иранскиот сектор.
На 23 мај 2005 година Mеѓународната амнестија(Amnesty International) ги повтори врските со палестинските вооружени групи за веднаш да стави крај на искористувањето на децата во вооружените активности: „Палестинските вооружени групи не смеат да ги искористуваат децата под никакви услови за извршување воени напади или за пренесување на оружје и друг материјал“.
Росен(Rosen) го дискутираше составот на трупите од момчиња на 12 - годишна и постара возраст, моделирани според Хитлеровата младина (Hitler Youth) и вооружени од страна на Арапската нацистичка партија од Палестина, кои извршија воени напади како дел од Арапскиот револт во Палестина 1936 – 1939. Јасер Арафат(Yassir Arafat) израсна во оваа ера и беше дете - војник , како и организатор на други младини, израснувајќи во воен политички водач на 10 годишна возраст. За време на истиот период, на голем број млади деца од доселениците од Ционист им беше дозволено да се приклучат кон воените активности, вклучувајќи се во бројни воени судири и против властите на Палестина и против британските власти.
Специјалниот претставник на ОН за деца и вооружени конфликти, Радика Кумарасвами(Radhika Coomarasway), во јануари 2010 година, констатира дека „голем број“ тинејџери се регрутирани во Јеменските племенски борби. Активистот на Невладината организација (NGO),Абдул-Раман ал-марвани(Abdul-Rahman al-Marwani), процени дека повеќе од 500-600 деца се или убиени или повредени за време на племенските судири што се случуваат секоја година во Јемен.
Европа
уредиБосна и Херцеговина, Хрватска, Србија
Голем број војници - тинејџери се бореа во паравоените единици за време на Југословенските војни во раните деведесетти.
Според извештајот на ОН, Чеченските сепаратистички сили вклучиле голем број деца, некои и помали од 11 години (вклучувајќи и девојчиња), за време на Првата чеченска војна:„На децата војници во Чечениа им беа доделени истите задачи како и на возрасните борци и служеа во борбените редови веднаш по нивното приклучување во вооружените сили“. Во 2004 година, Коалицијата против искористувањето на децата-војници изјави дека во Чеченија, оние под 15 годишна возраст можно е да бидат вклучени во рамките на вооружените групи во војната против Русија, иако е невозможно да се воспостави виртуелна забрана за голем број организации за медиумски и човекови права, коишто се присутни во регионот. Некои деца земаат учество и во самоубиствените бомбардирања.
Италија им дозволува на момчињата и девојчињата помлади од 17 години, со дозвола од родителите и поседувајќи висока училишна диплома, да се приклучат во воената академија, каде добиваат и универзитетско образование и потребна обука за започнување со воената кариера како назначени офицери, и во никој случај, овие кадети неможат да се вбројат во воените операции.
Грција дозволува регрутација на тинејџери помали од 17 години само за време на воен период.
Минималната возраст за приклучување кон Британската армија е 16.5 години, со дозвола од родител за дете под 18 години. Приближно 40% од британските воени сили се приклучиле кога имале 16 или 17 години. Велика Британија го прифати Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на децата за вклучување на децата во вооружените конфликти на 24 јуни 2003 година. Конвенцијата ги повикува владите да направат сè што е достапно за да се осигураат дека членовите на нивните сили кои се под 18 годишна возраст нема да се вклучат во воените судири (во Шкотска, најголемиот број членови имаат по 16 години и оние од 16 до 17 години не се сметаат за деца). Така, меѓу јуни и јули 2005 година, британската влада случајно прати петнаесет 17 - годишни војници во Ирак, објаснувајќи дека грешката се должи на „притисокот врз единиците во врска со преместувањето“.
Северна Америка
уредиВо Канада, луѓето можат да се приклучат како резервни компоненти на Канадските сили на возраст од 16 години, со дозвола од родител, и како регуларни компоненти на возраст од 17 години. Тие не можат да волонтираат во службата сè додека не наполнат 18 години.
Во Соеднинетите Држави еден 17 - годишник може да се приклучи кон вооружените сили, но не може да биде ангажиран надвор од нејзината територија или во воените конфликти. Војската на Соеднинетите Држави е заснована на волонтарна регрутација, а младите исто така мора да имаат дозвола од родител за приклучување кон истата (или дозвола од правен тутор во отсуство на родител). За машките не е пожелно регрутирање под 18 годишна возраст, а пак за женските воопшто. Војската на Соеднинетите Држави бара сите војници да поседуваат високо образовни дипломи или слично, и ова барање може да им се изрече на младите војници за не повеќе од 180 дена од датата на приклучување (со договор со кое детето добива високо образовна диплома или слично за време од 180 дена и за време на воен период).
Во 2004 година, директорот на Воената персонална политика за Армијата на Соеднинетите Држави во писмо објавено во Human rights Watch, призна дека шеесет 17 - годишни американски војници беа ангажирани во Ирак и Авганистан во 2003 и 2004 година. Потоа, Министерството за одбрана изјави дека „ситуацијата беше веднаш корегирана и беше веднаш преземена мерка за заштита од повторување на истата“. Human Rights Watch испрати писмено молба во април и август 2007 година со ажурирани информации кои се однесуваат на можното ангажирање на 17 годишни трупи на Соеднинетите Држави до Ирак и Авганистан, но сè до октомври 2007 година, не се доби никаков одговор.
Во 2008 година ACLU (Американска Унија за Граѓански Слободи) во извештајот за „Поганата американска воена регрутација и неуспехот да се заштитат децата – војници“ изјави дека „преку изложување на децата помлади од 17 години на воена регрутација, војската на Соеднинетите Држави ги крши условите од Факултативниот протокол (за вклученоста на децата во воените конфликти).
Соеднинетите Држави притворија многу млади за време на војната против тероризмот. Омар Кадр, 15 годишен Канаѓанец, беше уапсен во Авганистан 2002 година и затворен во Гватанама 5 години, и беше еден од првите притворени кои беа обвинети од воената комисија. Human Rights Watch обвинува дека „ американската влада го затворила него заедно со возрасните и наводно, го подложила на навредливи испитувања, необезбедувајќи му никакви образовни можности како и одбивајќи да му овозможат каков било контакт со неговото семејство.) Во 2004 година три авганистански деца беа ослободени од Гвантанама и за нив се мисли дека имале од 13 до 15 години кога биле затворени и испратени на рехабилитационите програми предводени од УНИЦЕФ во Авганистан.
Латинска Америка
уредиВладата на Боливија призна дека и оние деца помали од 14 години може присилно да бидат регрутирани во воените сили за време на регрутациониот период. Се смета дека околу 40% од војската на Боливија ја сочинуваат деца над 18 годишна возраст а другата половина се под 16 години.
Според Human Rights Watch, во 2005 година, околу 11.000 деца биле вклучени во левото крило на герилците и десното крило на паравоените сили на Колумбија и околу 80% од децата борци припаѓаат кон една од двете леви крила на герилските групи : Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC) и Ослободителната национална армија(ELN) . Остатокот се бори во паравоените ранкови. Според Петар В. Сингер, нападот на FARC врз хидроелектричниот објект Гватапе во 1998 година, наводно вклучи војници помали од 8 години и во видеото на обуката FARC се прикажани момчиња помали од 11 години кои работат со проектили. Групата исто така вклучува и деца од Венецуела, Панама и Еквадор.
Во 1998 година Human Rights Watch во соопштението за печатот посочи дека некои герилски единици содржеа 30% деца а повеќе од 85% деца содржеа некои други воени сили, кои се сметаа за „основни обучувачи за идните герилски борци“. Во истото соопштение за печатот, Human Rights Watch смета дека некои од левите владини паравоени единици содржат и повеќе од 50% деца, вклучувајќи и деца помали од 8 години.
Во 2008 година Коалицијата против искористувањето на децата-војници соопшти дека Колумбиските владини безбедносни сили официјално не регрутирале деца. Старосната легална граница за задолжителното и волонтарното регрутирање беше поставена на 18 години. Така, на студентите им беше дозволено да се запишат како кадети во воените средни училишта и од нив 16 или 17 годишните може да влезат во програмите за обука на воздушните сили и националната армија. Исто така, затворените непријателски деца војници беа вработени од колумбиската војска за собирање разузнавачки информации со потенцијално прекршување на јавната забрана.
Во Хаити непознат е бројот на деца кои учествуваат во разни лабаво организирани вооружени групи, ангажирани за политички насилства.
Историја
уредиНиз историјата и во различните култури, сè повеќе деца беа вклучени во воените походи, иако ваквите активности беа против културните морали.
Најраните податоци за млади кои биле вклучени во војните датираат од античко време. За младината од Средоземјето беше вообичаено да служат како помошници, возачи на бојни коли, носачи на оружје на возрасните војници. Примери за ова можат да се најдат во Библијата (службата на Давид за царот Саул), во хетејската и египетската уметност и во старогрчката митологија (приказната за Херкулес и Хилас), филозофијата и литературата. Во праксата која датира од античко време, децата беа рутински носени на кампањите, заедно со остатокот од фамилијата на војникот, како дел од багаж. Тоа ги изложи на повреди од нападите на задниот одред, како тој на битката на Агимкурт(Battle of Agincourt), каде што слугите и децата на англиската армија беа масакрирани од французите.
Римјаните исто така ги искористија младите во војната, иако се мислеше дека тоа е непаметно и сурово, и Плутарх посочи дека правилата налагаат младите да имаат најмалку 16 години.
Во Средна Европа беа искористени млади момчиња од околу 12 години како воени помошници (“squires”), иако теоретски нивната улога во актуелните битки беше ограничена. Таканаречениот Детски крстоносен поход од 1212 година регрутира илјадници деца како необучени војници под претпоставка дека ќе добијат божествена моќ за да го освојат непријателот. Според легендата, сепак никое од децата не влезе во битка и наместо тоа беа продадени како робови. Иако повеќето научници не веруваат дека Детскиот крстоносен поход содржеше единствено т.е најмногу деца, сепак е даден пример каде што цела фамилија се вклучува во војната.
Младите момчиња често се вклучуваа на бојните полиња за време на раната модерна ера на војување. Една од нивните највидни улоги беше да работат како „тапанари“(drummer boy) – филмот Ватерло (заснован врз битката на Ватерло) која графички ги отсликува француските тапанари, кои го предводеа наполеонскиот првичен напад, само со цел да бидат убиени од сојузничките војници. За време на пловидбата, младите момчиња формираа дел од екипажот од бродот на Британската кралска морнарица и беа одговорни за бројни важни задачи носејќи им дури стари бродски списанија на војниците. Три деца беа наречени “powder monkeys”. За време на опсадата на Мафекинг во Втората Боерска војна, Роберт Баден-Пауел(Robert Baden-Powell) регрутира и обучи 12 до 15 годишни момчиња како разузнавачи, и со тоа ослободи определен број мажи за актуелните борби. Успехот на момчињата доведе до тоа Баден Пауел индиректно да ги пронајде извидниците, младинска организација, која работи заедно со воените редови. На исходот на Првата светска војна, децата кои беа помали од 13 години беа зафатени во големата плима на патриотизмот и голем број од нив со задоволство беа запишани во активната служба, а оние кои сакаа да избегнат груб и тмурен живот, работеа за британската индустрија. Многу служеа на најкрвавите полиња, случај со поранешниот рудар Дик Трафорд (Dick Traffort) кој зеде учество во битката на Лос и Франк Лидли (Frank Lidely) ,кој сакајќи да се одмазди за својот мртов брат, уште првиот ден отиде на Битката кај Сом. Двајцата имаа само по 16 години. Типично, многу од нив се претставуваа како постари, случај со Џорџ Томас Пеџет (George Thomas Paget), кој на 17 годишна возраст се приклучи во Бантамскиот баталјон во Велшкиот полк. Џорџ умре од повреди за време на неговото заробеништво, само 5 недели по слетувањето во Франција. Џорџ Маерс (Geoge Mahers) кој имаше само 13 години и 9 месеци, храбро служеше во Франција а потоа беше вратен назад во Англија заедно со 5 други малолетници.
Момчето Баглер Џон Кук (Bugler John Cook), кој на 15 годишна возраст служеше во американската армија доби почесен медал за неговите активности за време на граѓанмската во Битката кај Антитам, најкрвавиот ден во американската историја. И неколку други малолетници, вклучувајќи го и 11 годишниот Вили Џонстон(Willie Johnson), исто така примија почесни медалји.
Со законот потпишан од Николас I од Русија, во 1827 година, непропорционален број еврејски деца, познати како кантонисти, беа принудени да се вклучат во воената обука и да и служат на армијата. 25 - годишниот мандат за регрутирање официјално започнува на возраст од 18 години, но момчињата кои беа помали од 8, рутински беа земени за пополнување на тешките квоти.
Многу деца се бореа и во Шпанската цивилна војна:
„ | Центуријата беше необична маса составена најмногу од малолетни момчиња. Насекаде во воените сили налетуваш на деца помали од 11-12 години, најчесто бегалци од фашстичките територии, кои приклучувајќи се како членови на воените сили, го избрале најлесниот начин за нивна безбедност. По правило, беа вработени за лесната работа во задницата, но понекогаш си го пробиваа патот и до предните редови, каде претставуваа јавна закана. Се сеќавам еден од нив фрли мала рачна граната во подземјето „на шега“. На Монте Покеро не можеше да се види помало дете од 15 години, но просечната возраст мора да беше некаде под 20 години. Момчињата на оваа возраст не треба да бидат во предните редови, бидејќи не поднесуваат недостаток на сон, што е интегрален дел за една робовска војна. На почетокот, беше скоро невозможно да чуваме ноќна стража. Децата од мојот сектор можеа да се разбудат само подигнувајќи ги на нозе и додека се вратиш, ја пуштиле бандерата и паднале во засолништето или пак и покрај страшниот студ, се потпреле на ѕидот и скоро заспале. | “ |
— Џорџ Орвел [3] |
Втора светска војна
уредиВо Втората светска војна децата најчесто се бореа во востанија. За време на холокаустот, евреите на секоја возраст, вклучувајќи ги и тинејџерите како Шалом Јоран(Shalom Yoran), учествуваа во еврејскиот отпор со цел да преживеат. Многу членови од младинското движење Hashomer Hatzair се бореа во гета во Bаршавското востание од 1943 година. Учеството на децата во овој вооружен отпор се смета за херојско.
Најголемиот број антифашистички движења на отпор во нацистички окупираната Европа се состоеа од деца (на пример Szare Szereqi во Полска). Голем број деца - војници служеа во вооружените сили на Cоветскиот сојуз за време на војната. Во некои случаи, сираците исто така неофицијално земаа учество во советската Црвена армија. Ваквите деца беа наречени „синови на полкот“ и понекогаш изведуваа воени мисии како што е извидништвото.
Од друга страна Хитлеровата младина беше организација во нацистичка Германија, која физички ги обучуваше младите и ги индоктринираше со нацистичка идеологија од гледиште на фашизмот. Левис Д. Ајген(Lewis D.Eigen) во статијата за Историјата на „нормално“ искористување на децата војници , забележа дека Германците ја опремија целата СС панцер тенковска дивизија и ја екипираа со 17 - годишни момчиња од бригадите на Хитлеровата младина. Како што Германија пострада многу жртви, волонтираа многу тинејџери, со што беа прифатени првично како резервни трупи а потоа и како регуларни. Германската етика за детето - војник, не само што ја поттикна таквата служба, но и по завршувањето на војната, Германците во воената служба вклучуваа и деца помали од 12 години. Овие деца видоа огромни акции и беа меѓу најжестоките и најефективните германски бранители во Битката кај Берлин.
Во некои случаи, младинските организации беа, и сè уште се, милитаризирани со цел да се всадат дисциплини во нејзините рамки, а понекогаш и да се индоктринираат со пропаганди и да се спремаат за подоцнежна воена служба.
Во подготовките за можна инвазија на Јапонија од страна на Сојузниците, јапонските воени власти исто така обучуваа тинејџери, казнувајќи ги непријателите со копија од бамбус. Со тоа, јапонските училишни деца, искусуваат зголемена воена обука, воведена преку часовите за физичка едукација и со воените вежби стануваат стабилен дел од нивната наставна програма.
15- годишното југословенско момче Бошко Буха(BoskoBuha) ја формира „Партизанската артилерија“, баталјон од тинејџери кои фрлаат гранати. Тој почина во 1943 година на 17 - годишна возраст кога неговиот камион падна под опсада од четниците.
Во најозогласениот случај, комунистичката група на Кмер Роуџ(Khmer Rouge) експлоатира илјадници анестетизирани регрутирани деца да извршат масовни убиства и други нехумани активности за време на Камборџинскиот геноцид. На војниците со испрани мозоци им беше речено да ги извршат сите наредби без двоумење.
Илјадници деца беа регрутирани и искористени од двете страни за време на конфликтот во Сиера Леоне (1993-2002), вклучувајќи го Pеволуционерниот обединет фронт (RUF)), Cоветот за револуционерни вооружени сили (AFRC), Провладините државни одбранбени сили (CDF). Децата честопати беа присилно регрутирани, дрогирани и искористени да извршат злосторство. Илјадници девојчиња беа исто така регрутирани како војници и често изложени на сексуална експлатација. Многу од децата преживеале од нападите врз селата додека други биле напуштени. Тие беа искористени и за патролни цели напаѓајќи села а и како стражари на дијамантски полиња. Во својата книга „Далечен Пат“ (A long way gone): во Мемоарите на детето војник, Исмаил Бех хронолошки го опишува неговиот живот за време на конфликтот во Сиера Леоне.
Во јуни 2007 година, Специјалниот суд на Сиера Леоне обвини тројца од Советот на револуционерните вооружени сили за воени злосторства, злосторства против човештвото и други сериозни прекршоци според Меѓународното хуманитарно право, вклучуваји ја и регрутацијата на децата под 15 години во вооружените сили. Со ова , Специјалниот суд стана првиот трибунал кој беше поддржан од страна на ОН да дели пресуди за воената регрутација на децата.
Lord’s Resistance Army (LRA) кој ја започна Џозеф Кони(Joseph Kony) во 1987 година, беше формирана да ги заштити луѓето во северна Уганда од воените напади од 1986 година кои беа преводени од страна на Армијата за национален отпор. Изјавувајќи дека „примил порака од господ“, Кони започнал да ги напаѓа своите луѓе – Ахолите, за да основа нова теократска влада во Уганда заснована врз начелата од „10-те божји заповеди“. Со овој обид од страна на LRA да обезбеди контрола врз владата на Уганда преку скитнички армии,таа ги искористи момчињата како и девојчињата да служат како војници. Проширувањето на LRA во јужен Судан, Централноафриканска Република и ДРК (Демократска Република Конго) вклучувајќи деца, настана со цел да се дестабилизираат регионите преку поместување на цивилите со киднапирање или екстрмно насилство. Жалбата од 21 октомври 2008 година од страна на Советот за безбедност на ОН, бараше од LRA веднаш да престане со сите воени, хуманитарни насилства во ДРК. На 14 јуни 2002 година, Уганда ги депозира сите инструменти за ратификација на Статутот на Рим и на 16 декември 2003 година, владата на Уганда му ја опиша на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (ICC) ситуацијата што ја засегаше северна Уганда. ICC ја проучи ситуацијата и на 14 октомври 2005 година покрена обвинение против Џозеф Кони, водачот на LRA и други 4 командири (Винсент Оти(Vincent Otti), Рашка Луквија(Raska Lukwiya), Окот Одјамбо(Okot Odhiambo) и Доменик Онгвен(Dominik Ongwen)) за криминални злосторства. Налогот за Кони, Оти и Одјамбо наводно вклучува криминал за присилено регрутирање деца.
Наводи
уреди- ↑ The Paris Principles and Guidelines on Children associated with armed forces or armed groups, February 2007. Section "Treatment of children accused of crimes under international law",p. 9
- ↑ Staff. Campaign Page: Child Soldiers, Human Rights Watch.[да се провери]
- ↑ George Orwell Homage to Catalonia Chapter 3 http://www.george-orwell.org/Homage_to_Catalonia/2.html