Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег

„Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (англиски: Indiana Jones: Raiders of the Lost Ark) — американски авантуристички филм на Стивен Спилберг од 1981 година, снимен по сценариото на Џорџ Лукас (кој е продуцент на филмот) и Филип Кауфман. Во главната улога се појавува Харисон Форд во улога на археологот и авантуристот Индијана Џонс. Меѓу глумците кои се пријавиле за улогата Индијана Џонс биле и Тим Матесон, Питер Којот и Том Селек. Најпосле бил избран Селек, но тој бил недостапен поради обврските во телевизиската серија Magnum, PI. Спилберг го наговорил Лукас да го ангаржира Форд, бидејќи продуцентите Франк Маршал и Кетлин Кенеди биле импресионирани од неговата изведба во улогата Хан Сол во филмот „Империјата го возвраќа ударот“.

„Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег
(Indiana Jones: Raiders of the Lost Ark)“
РежисерСтивен Спилберг
ПродуцентФранк Маршал, Џорџ Лукас
СценаристПриказна:
Џорџ Лукас
Филип Кофман Сценарио: Лоренс Касдан
Главни улогиХарисон Форд
Карен Ален
Пол Фримен
Џон Рис-Дејвис
Роналд Леци
Жанравантура
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера12 јуни 1981
Времетраење115 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет20 000 000 долари
Бруто заработка384 140 454 долари

Премиерата на филмот се одржала на 12 јуни 1981 година. Филмот, снимен со буџет од 20 милиони долари, доживеал огромен успех, а со леснотија дошол на првото место во најуспешните филмови во годината, со заработка од 384 милиони долари. Во 1982 година бил номиниран за „Оскари“ во осум категории, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобар филм, а освоил четири (најдобар звук, монтажа, визуелни ефекти и сценографија). Филмот постигнал голем успех меѓу публиката и критиката, па се снимија уште два продолженија: „Индијана Џонс и храмот на проклетството“ и „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“. Четвртиот дел на филмот, „Индијана Џонс: Кралството на Кристалниот череп“ својата премиера ја доживеа на 22 мај 2008 година.

Синопсис

уреди

Младиот археолог и стручњак за окултните појави, Индијана Џонс (го игра Форд) е повикан да го пронајде Заветниот ковчег во кој се чуваат десетте божји заповеди. Меѓутоа, ковчегот го браат и агентите на Хитлер, како и стариот непријател на Индијана Џонс, Рене Белок (го игра Фримен). Во потрагата по ковчегот, на Индијана Џонс му помагаат старите познаници Мерион (ја игра Ален) и Салах (го игра Рис-Дејвис) при што сите заедно доживуваат бројни авантури од Непал до Каиро...[1]

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Харисон Форд Индијана Џонс
Карен Ален Марион Ревенвуд
Пол Фримен Рене Белок
Џон Рис-Дејвис Салах
Денхолм Елиот Маркус Броди
Роналд Леци Арнолд Тохт

Наводи

уреди