Илија Чулев

македонски лекар, револуционер и партизан

Илија Чулев ( 1908 во Кавадарци1 февруари 1950 во Скопје) — македонски лекар, член на ВМРО (Обединета) и учесник во НОБ.[1]

Илија Чулев
Роден Илија Чулев
1908
Кавадарци, Отоманско Царство
Починал 1 февруари 1950(1950-02-01) (возр. 41–42)
Идризово, СФРЈ СФР Југославија
во затвор
Националност Македонец
Занимање лекар

Животопис

уреди

Се школувал во Кавадарци и Велес и на Медицинскиот факултет во Загреб.

Од 1933 година се вклучил во ВМРО (Обединета). Бил пратеник на Кралството Југославија во 1938 година.

Во Втората светска војна бил лекар во Прешево и во 1944 година се вклучил во Деветтата, а потоцна во Единаесеттата македонска ударна бригада како лекар.

Во 1946 година бил осуден на 10 години затвор како член на тајната организација Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“. Починал во затворот.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)