Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“

Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“ — конспиративна политичка организација во Народна Република Македонија, основана да дејствува за остварување на илинденскиот идеал за самостојна независна македонска држава.[1] Дејствувала во периодот од 1945 до 1946 година.[2]

Пред одржувањето на Париската мировна конференција, Организацијата подготвила Меморандум (во 1946 година) со кој од владите на големите Сојузнички сили: САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз барала на македонскиот народ, сојузник во антифашистичката коалиција, кој дал свој придонес во Антифашистичката војна, да му се признае правото на слобода, обединување и создавање независна македонска држава.[3]

Наводи

уреди
  1. Михајло Миноски, Тајна политичка организација во Н/С РМ, Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993
  2. Д-р Стојан Ристески, Судени за Македонија (1945–1985), Скопје, 1993
  3. Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, Скопје, 1993