Илија Димовски - Гоче
Илија Димовски, познат со прекарот „Гоче“ ( 1905 во Статица, Костурско, — 26 јуни 1961 во Скопје) — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција, учесник во НОВ.[1]
Илија Димовски - Гоче | ||
![]() | ||
Роден | 1905 село Статица | |
---|---|---|
Починал | 26 јуни 1961 Скопје | |
Познат | партизан |
ЖивотописУреди
Во работничкото и македонското националноослободително движење се вклучил во предвоениот период. Учесник во ВМРО (об.) поради што е прогонуван и интерниран. Во 1941 година се отцепил од КПГ и формирал засебна македонска партиска организација со македонска национална платформа. Од 28 февруари 1943 година е командант е на Партизанскиот одред „Вичо“. На 2 август 1944 година станал комесар, а набргу и командант на Леринско-костурскиот македонски баталјон во составот на ЕЛАС. На 12 октомври 1944 година е поставен за командант на Леринско-Костурската македонска бригада, а на 18 ноември 1944 за командант на Првата егејска ударна бригада. Оваа бригада е првата која продефилирала во ослободена Битола.[2][3][4] Во септември 1946, командувал со македонските партизански единици на НОФ на планината Вичо, а во почетокот на 1947 со баталјон на ДАГ. Бил член на главниот одбор на НОФ на Македонците од егејскиот дел на Македонија.[5][6]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 472. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Bitola, Babam (2020-11-18). „На 18 ноември е формирана Првата егејска ударна бригада која прва продефилира низ Битола“. Бабам Битола (англиски).
- ↑ Весник, Битолски. „Одбележана 76 годишнината од формирањето на Првата Македонско Егејска бригада | Битолски Весник“.
- ↑ „Прва Егејска Македонска ударна бригада“. МACEDONIA-NEWS ....MESSAGES UNCENSORED. 2020-11-18.
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 160. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 95. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
ЛитератураУреди
- Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.
Надворешни врскиУреди
- Побарав јавно аманет од Ташко Јованов за Илија Димовски Гоче
- ИЗВЕШТАЈ ОД ПАТРИК ХАЧИСОН ЕВАНС, ЧЛЕН НА БРИТАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ВО ДЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ГРЦИЈА ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |