Илан Папе (хебрејски: אילן פפה; роден во 7 ноември 1954[1] година во Хаифа) е изралески историчар, еден од водечките претставници на критички настроените „Нови историчари“, кои од 1980-тите, по објавувањето на дотогашните тајни британски и изралески документи, нудат нови видувања околу формирањето на Израел во 1948 година и протерувањето и бегството на околу 700,000 Палестинци при тој процес. Поради своите ставови, Папе во 2008 година го напушта Израел и се преселува во Британија каде предава историја на Универзитетот во Ексетер.

Илан Папе
Роден(а)7 ноември 1954
ЖивеалиштеUK
НационалностИзраел
НародностЕвреин
ОбразованиеBA (1978), PhD (1984)
Алма матерЕврејски универзитет во Ерусалим
Оксфордски универзитет
Занимањеисторичар, политички активист
РаботодавачЕкстерски универзитет
Страница
Staff page at the University of Exeter

Живот

уреди

Папе е роден во Хаифа во германско-еврејско семејство. Неговите родители побегнале во Палестина по доаѓањето на нацистите на власт во Германија. На 18 години Папе е мобилизиран во израелската војска и при тоа, за време на Јомкипурската војна од 1973 година служи на Голанската Висорамнина.

Во 1978 година дипломира на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, а во 1984 година го брани својот докторат од областа на историјата на Оксфордскиот универзитет. Неговата докторска теза станува негова прва книга, „Британија и Арапско-израелскиот конфликт“. Во 1984 година почнува да предава на Универзитетот во Хаифа, каде останува до 2007 година. Од 1993 до 2000 година е академски директор на Истражувачкиот институт за мир Гиват Хавива, а потоа од 2000 до 2007 година раководи со Институтот за палестински и изралески студии „Емил Тума“ во Хаифа.

Поради поддршката што Папе ја даде на предлогот за академски бојкот на Израел поради неговата политика кон Палестинците, ректорот на Универзитетот во Хаифа го повика да поднесе оставка. Папе дава оставка и заминува да предава на Универзитетот во Ексетер во Британија.

Во 1999 година Папе се кандидира на изборите за Кнесетот како седми на списокот на Хадаш, зад која главно стои Комунистичката партија. Папе е познат приврзаник на решението на една држава со кое се предвидува една заедничка држава на Израелците и Палестинците.

Творештво

уреди

Папе главно ја брани палестинска верзија на настаните за војната за Палестина од 1948 година. Според него, протерувањето на Палестинците не е извршено врз ад хок основа, како што тврдат други изралески историчари, туку дека е дел од сеопфатен план на израелската влада за етничко чистење на Палестина, во согласност со злогласниот План Далет.

Папе ги има издадено следните книги:

  • „Етничкото чистење на Палестина“ (2006)
  • „Современиот Близок Исток“ (2005)
  • „Современа историја на Палестина: една земја, два народи“ (2003, 2006)
  • "Parlare Con il Nemico, Narrazioni palestinesi e israeliane a confronto" (италијански, 2004, со Џамил Хилал)
  • „Аристократијата: Хусаините (политичка биографија)“ (хебрејски, 2003)
  • „Израеско-палестинското прашање“ (уредник, 1999 и 2006)
  • „Историјата од внатре: политиката и идеите на Блискиот Исток“ (1997, со М. Маоз)
  • „Создавањето на Арапско-изралескиот конфликт 1947-1951“ (1992, 1994)
  • „Јордан на Блискиот Исток: создавањето на клучната држава“ (1994, со Џ. Нево)
  • „Британија и арапско-изралескиот конфликт 1947-1951“ (1988)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. [1] Архивирано на 5 ноември 2012 г., Highbeam Encyclopedia, accessed April 12, 2011