Изборна единица 6

изборна единица во Македонија

Изборната единица 6 е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од северозападна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија.

Општини

уреди
 

Изборната единица 6 опфаќа територија на 11 општини:[1]

  1. Општина Тетово
  2. Општина Гостивар
  3. Општина Теарце
  4. Општина Брвеница
  5. Општина Боговиње
  6. Општина Врапчиште
  7. Општина Желино
  8. Општина Јегуновце
  9. Општина Кичево (дел)

Пред припојувањето на општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј кон Општина Кичево во 2013 година, од денешната Општина Кичево во Изборната единица 6 беа вклучени општините Зајас и Осломеј.[2]

Вкупен број на гласачи

уреди
  • 2002: 277.782
  • 2006: 299.534
  • 2008: 311.729
  • 2011: 318.116
  • 2014: 304.458

Наводи

уреди
  1. „Државна изборна комисија, Парламентарни избори 2014“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-12-13.
  2. Државна изборна комисија, Парламентарни избори 2011[мртва врска]

Поврзано

уреди