Софи Тарнер (родена на 21 февруари 1996 г.)[1] — англиска глумица.

Софи Тарнер
Тарнер на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година
Роден(а)21 февруари 1996(1996-02-21)(28 г.)
Нортхемптон, Англија
ЗанимањеГлумица, модел
Активен период2011–сè уште
Родно местоЧестертон, Англија

Тарнер го имала своето професионално глумечко деби како Санса Старк во серијата Игра на тронови, која ѝ донела светско признание и пофалби од страна на филмските критичари. За нејзината изведба, таа добила четири номинации за наградата на здружението на глумци за најдобра глумечка екипа во драмска серија, како и номинација за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија.[2]

Tарнер глумела во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна (2013), а прва улога во долгометражен филм добила во трилерот Друга јас (2013). Таа исто така глумела во комедијата Едвај смртоносна (2015) и во Икс-мен: Апокалипса (2016).

Кариера

уреди

Од 2011 година, Тарнер ја играла Санса Старк, млада благородничка, во серијата Игра на тронови. Санса била нејзина прва филмска улога.[1] Таа била охрабрена од нејзината драмска учителка да се пријави на аудиција за улогата,[3] притоа заради улогата ја променила својата боја на коса од руса во костенлива.[4] Во 2012 година, таа била номинирана за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија за нејзината изведба на Санса. Досега, Тарнер се појавила во сите шест емитувани сезони од серијата. Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во долгометражен филм, играјќи главна улога во независниот трилер Друга Јас, заснован на истоимениот роман од Кетрин Макфејл. Таа исто така играла во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна.

Во 2013 година, таа добила улога во комедија Едвај смртоносна, заедно со Хејли Стајнфелд.[5][6] Тарнер била и раскажувач на расказот на Лев Гросман, Девојката во огледалото во аудиокнигата Опасни жени, која е антологија на раскази кои ги уредил Џорџ Р. Р. Мартин. Тарнер ја играла Џин Греј во научно-фантастичниот филм Икс-мен: Апокалипса, кој бил издаден во мај 2016 година.[7] На 9 мај 2016 година, било објавено дека таа ќе се појави во дел од антологискиот филм Берлин, те сакам, кое е четврто продолжение на франшизата Градови на љубов.[8]

Филмографија

уреди
 
Тарнер со колешката од Игра на тронови, Мејзи Вилијамс (лево) во ноември 2009 година.

Филм

уреди
Год. Наслов Улога Белешки
2013 Друга јас Феј Делусеј
2015 Едвај смртоносна Хедер
2016 Икс-мен: Апокалипса Џин Греј / Феникс
2016 Сама Пенелопе Постпродукција
2017 Хантсвил Џоузи Се снима

Телевизија

уреди
Год. Наслов Улога Белешки
2011–сè уште Игра на тронови Санса Старк Главна улога; од сезона 1-сè уште
2013 Тринаесеттата приказна Младата Аделин Марч ТВ филм

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Interview with Sophie Turner“. Winter-is-coming.net. 31 March 2011. Посетено на 19 September 2011.
  2. „34th Annual Young Artist Awards“. YoungArtistAwards.org. Посетено на 31 March 2013.
  3. Hibberd, James (19 March 2013). 'Game of Thrones': Sophie Turner on fans bashing Sansa“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2015-01-11. Посетено на 19 March 2013.
  4. Nguyen, Hanh (9 June 2011). „Game of Thrones' Sophie Turner: Sansa Has Been Manipulated by Joffrey“. TV Guide. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 19 September 2011.
  5. 'Game Of Thrones' Star Sophie Turner Joins 'Barely Lethal'. Deadline. 10 October 2013. Посетено на 4 April 2014.
  6. „Barely Lethal: Score By Acclaimed Composer Mateo Messina Coming Soon, Action-Comedy Film Opens In Theaters May 29“. Film Music Daily. Архивирано од изворникот на 2019-06-26. Посетено на 2016-08-24.
  7. Singer, Bryan (22 January 2015). „Bryan Singer on Twitter: Meet our new and brilliant young mutants: @Alexshipppp as #Storm @SophieT as #JeanGrey and @TyeSheridan as #Cyclops. #XmenApocalypse“. Twitter. Посетено на 22 January 2015.
  8. „Cannes: Sophie Turner, Jack Huston Join Anthology Film 'Berlin I Love You'. The Hollywood Reporter. 9 May 2016. Посетено на 12 May 2016.

Надворешни врски

уреди