Иг де Пајен

(Пренасочено од Иго де Пајен)

Иг де Пајен или Иго де Паен (околу 1070 - 1136) бил познат француски витез од провинцијата Шампањ којшто се смета дека е основач на витешкиот ред, темплари и првиот Голем мајстор. Тој заедно со светиот Бернард од Клерво го изработил Латинскиот правилник за однесувањето во редот на темпларите.

Иг де Паен

Животопис

уреди

Иг де Пајен најверојатно е роден во Пајнс на околу 10 км од градот Троа во областа Шампањ. Тој бил вазал на грофот Иго од Шампањ кого го придружувал во Првата крстоносна војна. Сосема веројатно е дека за време на крстоносната војна, Паен служел во армијата Годфроа де Булион. Кога грофот Иго од Шампањ отишол во Ерусалим по вторпат во 1108, тој бил придружуван од Иго де Паен. По враќањето во Франција, Иго де Паен подготвувајќи се повторно да оди во светата земја, по желба на папата Урбан II со себе земал 9 витези коишто биле ангажирани за обезбедување на аџиите коишто оделе во Ерусалим од пљачкашките банди и сиромашните крстоносци.

 
Грбот на Иг де Паен

Де Паен стигнал до кралот Балдуин II во Ерусалим со 8 витези од кои двајца биле браќа, а сите биле роднини. Тоа биле првите витези, темплари. Нивните имиња биле Годфреј де Сант-Омер, Пајен де Монтдидие, Архамбо де Сент Агнан, Андре де Монтбард, Жофри Бизон и уште двајца витези препоантливи само по имињата Росал и Гондамер. Деветтиот витез е непознат, меѓутоа се шпекулира дека тоа е можно да бил лично грофот Иго од Шампањ.

Како водач на витешкиот ред, тој ги водел темпларите скоро 20 години, сè до неговата смрт. Тој се грижел за тоа витешкиот ред да прерасне во меѓународна воена и финансиска институција.

 
Кралот Балдуин II со Иго де Паен и Годфреј де Сент- Омер

Де Паен отишол во Англија и Шкотска во 1128 година. Во близина на Лондон ја формирал првата темпларска куќа, а уште една формирал и во близина на Единбург, позната како Храм Мидиотијан.

Иго де Паен умрел во Палестина во 1136 година, а на чело на витешкиот ред го наследил Робер де Краон.

Претходник
--
Голем мајстор
11181136
Наследник
Робер де Краон