Иван Павлески

Иван Спасенов Павлески ( 1923 во Дупјани, Кичевско15 ноември 1944 во Кичево, Македонија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Иван Павлески
Ivan Pavleski.jpg
Роден 1923 година
Дупјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 15 ноември, 1944 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

ЖивотописУреди

Се занимавал со земјоделство. Неговото село било под бугарска окупација и имал можност да се запознае со намерите на окупаторот. Затоа уште млад почнал да работи против окупаторот преку младинските воспитни групи и СКОЈ. Во пролетта 1944 година станал и член на КПМ. Во НОВ на Македонија стапил во летото 1944 година во Првата македонска бригада и се истакнал како храбар борец. Загинал на 15 ноември 1944 година во борбите со балистите за конечното ослободување на Кичево.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 98.