Клише
Клише – израз, мисла или дел од уметничко дело кој се премногу се користи, па го изгубил изворното значење или впечаток, па дури и дошол до точка да досадува или нервира, посебно ако некогаш се сметал за значаен или оригинален.[1]
Изразот „клише“ денес често се користи за мисли и постапки кои се очекувани и предвидливи. Клишето обично се омаловажува, иако може да биде и вистинито. Некои клишеа се стереотипи, додека некои едноставно се факти. Често се користат заради комичниот ефект, особено во книжевноста.
Салвадор Дали немал милост спрема клишеата: „Првиот човек кој ги споредил девојчините образи со ружа очигледно бил поет, а првиот кој тоа го повторил веројатно е идиот.“ [2] Меѓутоа, ни тој притоа не бил оригинален, бидејќи всушност го парафразирал Жерар де Нервал: „Првиот човек кој ја споредил жената со ружа бил поет, а вториот бил имбецил.“ [3]
Клишето често отсликува некоја апстракција, базирајќи се на аналогија или претерување заради впечаток, а често се темели на секојдневието. Користењето на клишеата во пишувањето, говорот или расправа, се смета за знак на неискуство или недостаток на оригиналност.
Потекло на поимот
уредиСамиот збор „клише“ доаѓа од францускиот cliché. Во печатарството cliché-то било печатарска плоча составена од печатарски букви. Тоа се нарекува и стереотипија.[4] Имено, кога буквите се сложувале една по една, се исплатело да се излијат во олово цели реченици и фрази кои често се користеле.
Наводи
уреди- ↑ Gary Blake i Robert W. Bly, The Elements of Technical Writing, str. 85. New York , Macmillan Publishers, 1993. ISBN 0020130856
- ↑ Dalí, Salvador (1968). „Preface“. Во Pierre Cabanne (уред.). Dialogues with Marcel Duchamp (1987.. изд.). Da Capo Press. стр. 13. ISBN 0-306-80303-8.
- ↑ Biography and Quotations of Gérard de Nerval
- ↑ „The Museum of Printing: Collection“. The Museum of Printing.
Надворешни врски
уреди- ClichéSite.com Клише изрази Архивирано на 14 декември 2006 г.
- Список на клишеа во филмовите
- Реторички фигури