Зегеберг
Зегеберг (германски: Segeberg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Пинеберг, Штајнбург и Рендсбург-Екернферде, слободниот град Нојминстер, окрузите Плен, Источен Холштајн и Штормарн, како и градот-држава Хамбург.
Зегеберг Kreis Segeberg | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Седиште | Бад Зегеберг | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.334 км2 (515 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 284.988 | |
• Густина | 210/км2 (550/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | SE | |
Мреж. место | kreis-segeberg.de |
Историја
уредиИсторијата на округот е поврзана со историјата на Холштајн. Во 1134 година, замокот во Зегеберг бил издигнат како регионално седиште од каде владееле грофовите на Зегеберг. Кога Шлезвиг-Холштајн станала пруска покраина во 1865 година, пруската администрација го основала округот Зегеберг.
Оттогаш, округот доживеал значителен раст двапати: во 1932 година делови на распуштениот округ Бордесхолм се приклучиле на округот и во 1970 година, градот Нордерштет станал дел од округот.
Географија
уредиОкругот Зегеберг се состои од земјоделски површини помеѓу градовите Нојминстер и Хамбург. Југозападниот дел на ридестата област наречена Холштајнска Швајцарија припаѓа на округот, како и некои северни предградија на Хамбург.
Грб
уредиГрбот прикажува:
|
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини | Слободни области |
---|---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Зегеберг на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)