Буххолц (шума)
Шумскиот округ Буххолц — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн (другата е Саксонската Шума).
Буххолц Buchholz | |
Местоположба на Буххолц во округот Зегеберг, светлоцрвената е општинската заедница Лецен | |
Слободна област | |
---|---|
Местоположба: | Зегебершка шума |
Покраина: | Шлезвиг-Холштајн |
Округ: | Зегеберг |
Општ. заедница: | Лецен |
Површина: | 40,92 км² |
Население: | ненаселена (само услужни градби) |
Поштенски број: | 23812 |
Повикувачки број: | 04320 |
Администрација: | услужби градби Шумски округ Буххолц 23812 Гласхите |
Географија
уредиБуххолц зафаќа површина од околу 41 км², сместен на околу осум километри западно од Бад Зегеберг на покраинскиот пат Б206 кон Бад Брамштет.
Во шумскиот округ, кој е сместен во Зегебершката Шума, не постојат станбени градби, туку само услужни градби на шумската администрација.
Слободната област припаѓа на општинската заедница Лецен во округот Зегеберг.
Населените делови на шумскиот округ Буххолц припаѓаат како ексклави на општините Барк, Хартенхолм, Хајдмилен и на градот Валштет.[1]
Површина
уредиОбласта се состои од 95% шума, три проценти земјоделска површина, 1,4 проценти отпаѓа на патишта и друг. На југ поминува покранскиот пат Б206 низ шумата. Покрај него, низ областа поминуваат и два окружни патишта.[2]:
Површина 31 декември 2004 |
Хектари | Проценти |
---|---|---|
Шума | 3882 | 94,9 |
Земјоделска површина | 122 | 3,0 |
Голети | 23 | 0,6 |
Патишта | 59 | 1,4 |
Станбени градби | 1 | 0,02 |
Претпријатија | 0 | 0,00 |
Водотеци | 2 | 0,1 |
Без употреба | 3 | 0,1 |
Вкупно | 4092 | 100,0 |
Соседни општини
уредиШумскиот округ се граничи со следниве општини, започнувајќи со Хазенмор и движејќи се надесно:
Наводи
уреди- ↑ Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein: Bevölkerung der Gemeinden in Schleswig-Holstein am 31. Dezember 2005. Statistischer Bericht A I 2 - j/05 S (PDF; 773 kB), Seite 2
- ↑ „Bodenflächen in Schleswig-Holstein und Hamburg 2005 nach Art der tatsächlichen Nutzung“. Архивирано од изворникот на 2015-12-18. Посетено на 2015-10-11.
Надворешни врски
уреди- Детална карта со имињата на деловите од шумата
- Историска карта 1880: Западен дел Архивирано на 11 мај 2013 г.
- Историска карта 1878: Источен дел Архивирано на 11 мај 2013 г.