Боштет-Риклинг (германски: Boostedt-Rickling) — општинска заедница во округот Зегеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Седиштето на општинската заедница е во Боштет. Пред 1 јануари 2008 година, кога Боштет се приклучил, општинската заедница се викала Риклинг и истоимената општина била седиште на општинската заедница.

Колиба со сламен покрив од 1819 година, била користена како ресторан и урната во 2020 година.

Општинската заедница Боштет-Риклинг се состои од следниве општини:

  1. Боштет
  2. Далдорф
  3. Грос Кумерфелд
  4. Хајдмилен
  5. Латендорф
  6. Риклинг

54°00′40″N 10°09′50″E / 54.011° СГШ; 10.164° ИГД / 54.011; 10.164