Заградничка Чука

археолошко наоѓалиште во Македонија
Заградничка Чука

Карта

Местоположба 41°10′50″N 21°49′36″E / 41.18056° СГШ; 21.82667° ИГД / 41.18056; 21.82667
Основни податоци
Место Витолиште
Општина Прилеп
Тип

 утврдена населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Заградничка Чукаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, над составот на Заградичка и Церовечка Река има доминантна чука со издолжено плато на врвот на кое има остатоци од моќен одбранбен бедем од ѕидан камен и варов малтер. По површината на платото кое зафаќа простор од 1,5 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, покривни ќерамиди, монети и други ситни наоди.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 290, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069