Росова Зависност

(Пренасочено од Зависна територија Рос)

Росова Зависност (англиски: Ross Dependency) — зависна територија на Антарктикот (и други копнени маси во Јужниот Океан) под управа на Нов Зеланд, кој воедно и полага право на неа[1]. Подрачјето има облик на исечок кој започнува во Јужниот Пол, минувајќи низ географска должина 160° ИГД до 150° ЗГД, и завршува на географска ширина од 60° ЈГШ. Зависноста е со големина на Шведска и го сочинува најголемиот дел од Кралството Нов Зеланд. Го носи името на истражувачот Џејмс Кларк Рос, кој го открил Росовото Море.

Росова Зависност
Ross Dependency
Знаме
Местоположба на
Поголеми бази
Уредување нема
Зависна територија на Нов Зеланд
 •  Основана 1923 
 •  Исечок 160° ИГД – 150° ЗГД 
Површина
 •  Вкупна 450,000 км2 
Население
 •  проценка за 
сезонска г.
295 - 1.370  
Валута новозеландски долар (NZD)
Часовен појас NZST (UTC+12)
 •  (ЛСВ) NZDT (UTC+13)
(сеп - апр)
НДД
Повик. бр. +64 2409

Зависноста зафќа еден дел областа Викториина Земја и речиси сета Росова Ледена Плоча. Кон Росовата Зависност припаѓаат и Росовиот Остров, Балените и малиот Скотов Остров, како и зармзнатиот Рузвелтов Остров.

Населеност

уреди

Единствените постојани живеалишта во зависноста се научните бази „Скот“ (Нов Зеланд) и „Мекмердо“ (САД), ако не се брои јужнополарната база „Амундсен-Скот“ на самиот раб на територијата. Зависноста има една снежна писта на Вилијамс Филд, и зависно од условите и годишното време, две ледени писти. Ова ја гарантира пристапноста на авиони со тркала и скии во текот на целата година.

Секое лето Италија врши научни истражувања во нивната база „Цукели“ во заливот Тера Нова, а од 1969 до 1995 г. Нов Зеланд имал летна база наречена „Ванда“ во суводолицата на територија на зависноста.

Од 1987 до 1992 во Росовата Зависност организацијата Гринпис имала своја станица наречена База на Светскиот парк, која била сместена на Росовиот Остров. Бидејќи оваа база била невладина, земјите не смееле да пружаат поддршка и помош од каков било вид.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Commonwealth and Colonial Law by Sir Kenneth Roberts-Wray, London, Stevens, 1966. стр. 137

Надворешни врски

уреди