Живко Пејоски
Живко Пејоски (Охрид, 1947 - Охрид, 11 август 2010) - македонски ликовен уметник, архитект и дизајнер.
Живко Пејоски | ||
Роден | 1947 Охрид, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 11 август 2010 Охрид, Македонија | |
Занимање | ликовен уметник, архитект и дизајнер |
Животопис
уредиПекоски е роден во Охрид во 1947 година. Негова ќерка е познатата македонска дизајнерка на накит Марта Пејоска.[1] Пејоски првата самостојна изложба ја одржал во 1967 година во Прилеп, по што следеле изложби во Скопје(’73, ’94), Будва (’74, ’75), Капри (’75, ’76), Охрид (’95), Битола (’98). Своите дела ги презентирал и на повеќе групни изложби во Скопје (’73, ’94, ’95), Охрид (’93, ’94) и Битола (’96, ’97, ’98). Учествувал и на изложби за карикатура во Монтреал, Канада во 1974 година и во Скопје истата година, како и на изложби за таписерии во Прилеп во 1978 година и во Охрид во 1982 година. Во 1984 година, ток ја отворил неговата Галерија во стариот дел на Охрид. Во неговото творештво доминираат амбиенталните мотиви, а во неговиот израз присутен е македонскиот етнички белег со оригинална изведба. Неговите извонредни дела присутни се ширум светот. Дрвената статуа на Св. Климент и Св. Наум од 1998 година се наоѓа во конгресната библиотека во Вашингтон. Статуата на Св. Климент, подарок на премиерот на Македонија на претседателот на САД, Џорџ Буш во 2007 година, статуата на Кирил и Методиј, исто така изработена во дрво, подарок на Македонија на папата Бенедикт XVI во 2008 година, резбите подарок на Охридската академија на хуманизмот на Даисаку Икеда во 2007 година и на Мануел де Оливеира во 2008 година, се исто така дела на Пејоски. Многу од неговите дела поседуваат познати политичари, поети и мисионери коишто ја посетиле Македонија. Тој исто така ги изработил подароците за добитниците на Златниот венец на поезијата на Струшките вечери на поезијата од 1996 до 2000 година, како и за фестивалот „Охридско лето“. Починал во Охрид на 11 август 2010 година.[2]