Ерусалимска православна црква
Ерусалимската Православна црква (грчки: Πατριαρχείον Ιεροσολύμων; арапски: كنيسة القدس الأرثوذكسية) е автокефална црква, која се наоѓа на четвртото место во источното православие, со ранг на патријаршија.
Ерусалимска патријаршија كنيسة الروم الأرثوذكس في القدس הפטריארכיה היוונית-אורתודוקסית של ירושלים Πατριαρχεῖον Ἱεροσολύμων | |
---|---|
Класификација | Православие |
Поглавар | Патријарх на Светиот град Ерусалим и цела Палестина, Израел, Сирија, цело Зајордание, Кана Галилејска и Светиот Сион, Теофил III. |
Јазик | грчки, арапски, англиски, хебрејски |
Седиште | Базилика на Светиот гроб, Ерусалим |
Територија | Израел, Палестина, Јордан |
Основач | Апостолите |
Членови | 500,000 |
Мрежно место | jerusalem-patriarchate.info |
Историја
уредиЕрусалим станал прв центар на христијанството, според Дела апостолски во согласност со Католичката енциклопедија. Локацијата на првата христијанска црква претставувало местото каде се случила самата Педесетница[1], односно слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Братот на Исус, Јаков Праведниот бил водач во раната црква. Овие позиции најверојатно тој ги задржил сè до уништувањето односно разрушувањето на градот во 70 година во Опсадата на Ерусалим и повторното негово обновување, под името Елија Капитолина. Во 130 година, време кога скоро сите евреи биле протерени од градот. Претходно, во околу 50 година, во Ерусалим се одржал т.н. Апостолски собор на кој присуствувале Варнава, Павле, Јаков, Петар, Јован итн., создавајќи ги столбовите на црквата[2]. Така, апостолите и старешините со апостолска уредба (Дела 15:19-21) одлучијале да изберат меѓу себе некои луѓе и да ги испратат со Павле и Варнава во Антиохија. Овде била направена и првата диференцијација на црквата од своите еврејски корени (прв голем чин за прифаќање на Исус како Месија[3]). Во приближно ист временски период јудаизмот сунетското обрежување го направил уште построг ритуал во својата вера[4].
Во текот на 4 век, со одлука на Четвртиот вселенски собор, епископот на Ерусалим ја добил титулата патријарх, а Ерусалимската црква била поставена на петтото место во христијанскиот свет, по Римската, Константинополската, Александриската и Антиохиската црква. По 1054 година, станала четврта.
Во 7 век црквата доживеала пад, главно поради арапските освојувања. По доаѓањето на крстоносците во 1099 година, православните христијани биле протерани од градот. Во периодот од 13 до 15 век, со овие простори раководеле Мамелуците, уништувајќи голем дел од христијанските храмови. Во 1517 година, Палестина била зазедена од Отоманците.
Црквата денес
уредиВо својот состав, Ерусалимската црква има две митрополии: Птолемаидска и Назаретска, како и една архиепископија во Синај. Таа вкупно има 39 храмови и еден манастир во Јордан, 17 храмови во Израел, 11 во Палестина, и 24 манастири во самиот Ерусалим.
црквата се управува од страна на 19 архиреи, повеќето од нив Грци. Денеска црквата има околу 130.000 верници, повеќето од нив Арапи, а во самиот Ерусалим верниците бројат 8.000 куѓе. Богослужбата се врши на грчки и арапски јазик.
Од 22 август 2005 година, за ерусалимски патријарх бил избран Теофил III Ерусалимски. Резиденцијата на патријархот се наоѓа во Ерусалим.
Наводи
уреди- ↑ "Jerusalem." Cross, F. L., ed. Оксфордски речник на христијанската цЦрква. Њујорк: Oxford University Press. 2005
- ↑ Католичка енциклопедија: St. James the Less: ... „и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;... Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните“. ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ (2:9)
- ↑ Мекграт Алистер, Христијанство: Вовед, Blackwell Publishing,(2006), ISBN 1-4051-0899-1, страна 174: "Всушност, тие еврејски христијани христијанството го имале како потврда за секој аспект на современиот јудаизам, со додавање на едно дополнително верување — дека Исус бил Месија."
- ↑ "peri'ah", (Shab. xxx. 6)