Апостол Варнава
Апостол Варнава — еден од Седумдесеттемината апостоли и еден од најраните ученици во Ерусалим.[2][3]
Апостол Варнава | |
---|---|
Икона од Свети Варнава | |
Апостол на Антиохија и Кипар | |
Роден(а) | непознато, Кипар |
Починал(а) | 61, Кипар |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква, Православие, Древноисточни цркви, Англиканство, Лутеранство |
Главно светилиште | Манастир Свети Варнава во Фамагуста, Кипар[1] |
Слава | 11 јуни |
Заштитништво | Кипар Антиохија, |
Животопис
уредиВарнава е роден на Кипар, од богати родители од Левиевото племе и заедно со Апостол Савле учел кај Гамалиил. Неговото родно име било Јосиф, но апостолите започнале да го викаат Варнава, што значи „Син на утехата“, наводно поради тоа што можел да ги теши човечките души.
Во времето кога апостолот Павле го примил христијанството, еден од првите кој ги покрстил бил Варнава. Потоа, заедно со Апостол Павле и Апостол Марко, Варнава го проповедал евангелието во Антиохија. Според некои извори, тој прв проповедал и во Рим и во Милано. Пострадал на островот Кипар од Евреите, а Марко го погребал на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препишал.[4] Неговиот гроб останал непознат неколку векови. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот Собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основана Кипарската Црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.
Наводи
уреди- ↑ *St Barnabas Monastery
- ↑ "Barnabas." Cross, F. L., ed. The Oxford dictionary of the Christian church. New York: Oxford University Press. 2005
- ↑ Harris names him as a "prominent leader" of the early church in Jerusalem. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985.
- ↑ http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1499