Пеперуги

(Пренасочено од Пеперуга)
Пеперуги
Период: Јура – денес
Пеперугата Parthenos sylvia.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Поткласа: Pterygota
Инфракласа: Neoptera
Надред: Endopterygota
Ред: Lepidoptera
Linnaeus, 1758
Подредови

Aglossata
Glossata
Heterobathmiina
Zeugloptera

Пеперугите (лат. Lepidoptera) образуваат голем ред на инсекти кој ги вбројува во себе молците и дневните пеперуги. Ова е еден од најбогатите со видови ред во светот чии претставници можат да се најдат речиси секаде. Обединува повеќе од 180 000 видови[1] распоредени во 128 фамилии и 47 натсемејства. Името доаѓа од старогрчките зборови λεπίδος (лушпа) и πτερόν (крило). Проценките за видовото богатство укажуваат на тоа дека овој ред можеби има повеќе видови и се наоѓа меѓу четирите најголеми и најуспешни редови (Hymenoptera, Diptera и Coleoptera).[2]

Најголема пеперутка во светот е пеперутката молец атлас која што е застапена во тропските шуми во Филипините . Крилјата се долги околу 30 сантиметри и имаат живописни бои .

Изглед

уреди
 
Морфологија на Papilio machaon: A- предни крила; B - антена; C - сложено око; D - сурличка; E - торакс; F - нога; G- абдомен; H - задни крила; I - «cola»
 
Микроскопска слика на пеперуткино крило.

Пеперугите поседуваат два пара крила обраснати со лушпести влакненца кои се прекриваат како ќерамиди.

Кај пеперугите е чест половиот диморфизам кој е изразен во големината, обоеноста, крилата и пипалата. Мажјаците обично се пошарени и со поживи бои.

Кај некои пеперуги се јавуваат значителни разлики во бојата во согласност со годишното време (сезонски диморфизам).

Целосно развиените пеперуги се исхрануваат најмногу со нектар, поретко со полен, а кај некои системот за варење на храната е закржлавен и затоа тие не се хранат. Повеќето видови имаат многу долга сурличка (пробосцис или рилка) која е составена од изменет пар на магзили кои се споиле и образувале канал наменет за цицање. Кога не се исхрануваат, сурличката на пеперугите се намотува под главата со помош на една лента од мускули и еластично ткиво кое се наоѓа на врвот од каналот. Сурличката кај некои видови е долга 15 cm или повеќе, дозволувајќи им да цицаат нектар од цвеќињата со долг врат. Останатиот дел од усниот апарат е редуциран и нефункционален. Но, постојат и исклучоци - кај видовите од фам. Micropterigidae магзилите функционираат заедно со сурличката.

Телото им е влакнесто, а главата е слабо подвижна. Сложените очи се полукружни, а често поседуваат и две едноставни очи. Пипалата се состојат од многу членчиња, а можат да бидат: кончести, четинести, пилести, чешлести и перести. Градните сегменти се споени. Нозете им се слаби, а предните се намалени во нозе за чистење. Абдоменот се состои од 6 до 7 сегменти.

Предните крила најчесто се поголеми од задните. Без крилата, пеперугите можат да бидат долги меѓу 3 mm и 7 cm. Најголемиот меѓу нив, видот Ornithoptera alexandrae, може да има распон на крилата поголем и од 30 cm. Како најмала пеперуга се смета џуџестиот молец со распон на крилата од едвај 2 mm, додека најголема површина на крилата има Attacus atlas L. од Југоисточна Азија.[3]

Ларвите на пеперугите се нарекуваат гасеници (или еруциформни ларви). Најопшто, тие поседуваат цилиндрично сегментирано тело со добро развиена глава, три пара на вистински ноџиња на градниот дел и обично по пет пара на месести лажни ноџиња на 10-сегментниот абдомен. На секое лажно ноџе се наоѓаат куки со кои гасеницата лесно се прикрепува за подлогата. Гасениците на сите пеперуги поседуваат пар на свилени жлезди што всушност се силно изменети плунковни жлезди. Од отворите што се наоѓаат во основата на главата тие излачуваат леплива течност (свила) која многу брзо се суши.

Пеперугите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Пеперугите како тема во книжевноста

уреди

Пеперугите како тема во музиката

уреди
  • „Пеперуга“ (англиски: Butterfly) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер од 1969 година.[16]
  • „Пепруга“ (англиски: Butterfly) — песна на канадската музичарка Grimes од 2015 година.[17]
  • „Пеперуга“ (српски: Leptir) — песна на српската рок-група Електрични оргазам од 1982 година.[18]
  • „Црна пеперуга“ (српски: Crni leptir) — песна на српската рок-група YU Grupa од 1973 година.[19]
  • „Пеперуга“ (англиски: Butterfly) — песна на германската рок-група Кен (Can) од 1968 година.[20]
  • „Пеперуги“ (англиски: Butterflies) — песна на британската рок-група Калт (Cult) од 1984 година.[21]
  • „Пијана пепруга“ (англиски: Drunken Butterfly) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1992 година.[22]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Lepidoptera Taxome Project Draft Proposals and Information“. Centre for Ecology and Evolution, University College London. Посетено на 2007-03-05.
  2. Resh, V. H.; R. T. Cardé (Editor) (2003). „Lepidoptera“. Encyclopedia of Insects. Jerry A. Powell (Editor of Section). Academic Press. стр. 631–664. Архивирано од изворникот на 2009-08-27. Посетено на 2010-07-28.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. izv. tekst Emmanuelle Paroissien, prir. Émilie Beaumont, prijevod Blanka Pašagić, hrv. i BiH izdanje NAŠA DJECA d.o.o. 2004. ISBN 953-171-500-9
  4. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 6.
  5. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 68-69.
  6. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 359-364.
  7. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 28.
  8. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 45.
  9. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 162.
  10. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 32.
  11. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 73.
  12. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 24.
  13. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 40.
  14. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 34.
  15. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 99-106.
  16. Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024)
  17. DISCOGS, Grimes (4) – Art Angels (пристапено на 30.8.2022)
  18. Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
  19. YouTube, YU Grupa – YU Grupa (1973) (пристапено на 23.11.2022)
  20. „Metrolyrics, Butterfly Lyrics (пристапено на 12.11.2016)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 2016-11-12.
  21. Azlyrics, The Cult Lyrics (пристапено на 12.11.2016)
  22. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Dirty (пристапено на 20.7.2019)