Ени Маала (Долноџумајско)
Ени Маала — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Ени Маала | |
---|---|
Координати: 41°8.49′N 23°13.42′E / 41.14150° СГШ; 23.22367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало близу браната на денешното Бутковско Езеро.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и почетокот на XX век Ени Маала била македонски чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ени Маала (Eni-mahala) било село во Серската каза со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Ени Маала, чифлик на серјанецот Бади на ЈЗ од Џумаја 21⁄2 часа; мало селце од 7 куќи Македонци.[5][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ени Маала броела 55 жители Македонци христијани.[3][7]
На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото (Yeni-mahala) се состоело од 200 Македонци патријаршисти.[3][8]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него е попишан 41 жител.[1] Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повеќе не е обновено.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 254. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.