Ново Село (Лагадинско)

село во Лагадинско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ени Ќој)

Ново Село или Ени Ќој (грчки: Κριθιά, Критија, до 1927 г. Γενή Κιόι, Ени Ќој)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.253 жители (2021).

Ново Село
Κριθιά
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Лагадина (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 22°59′E / 40.833° СГШ; 22.983° ИГД / 40.833; 22.983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаГвоздово
Надм. вис.&10000000000000216000000216 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.253
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри северозападно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Ново Село припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 36 семејства со 164 жители Македонци[3][4]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Грци и работело грчко училиште[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Критија.[6]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κριθιά
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154 - 155.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.