Кушнички манастир

манастир во Зихненско, Егејска Македонија

Кушнички манастир „Пресв. Богородица Косиница“ (или Икосифиниса, грчки: Μονή Εικοσιφοινίσσης) — женски манастир во Зихненско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[2]

Кушнички манастир
Пресвета Богородица Косиница
Μονή Εικοσιφοινίσσης
Поглед на манастирот
Карта
40°57′57.78″N 24°6′19.70″E / 40.9660500° СГШ; 24.1054722° ИГД / 40.9660500; 24.1054722
МестоЗихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена518
Управа
ЕпархијаДрамска

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во областа Зихна, на северните падини на планината Кушница. Сместен е меѓу селата Кормишта и Никишјан. До него се стасува по асфалтиран пат долг 6 км, расклон од патот за Кормишта.

Историја

уреди

Се смета дека манастирот е основан во 518 г. од монахот Герман. Негов втор ктитор е вселенскиот патријарх Дионисиј I. Се претпоставува дека иконостасот во црквата е дело на истакнатиот мијачки мајстор Петре Филиповски - Гарката.[3]

Манастирската црква е живописана во периодот од 1858 до 1864 г. од коринтскиот зограф Матеос Јоану и неговиот помошник, монахот Ананиј.[4]

На крајот на XIX и почетокот на XX век манастирот бил еден од центрите на грчката пропаганда во Источна Македонија, активно придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци.[5]

За време на Втората светска војна бил окупиран од Бугарската армија и изгорел до темел, но црквата останала недопрена. Обновен е во 1960-тите. Разни скапоцени предмети од манастирот денес се изложени во Националниот историски музеј (НИМ) во Софија.

Според пописот од 2011 г. во манастирот живееле 24 лица.

Галерија

уреди

Литература

уреди
  • Μητροπολίτου Δράμας Διονύσιου Κ. Κυράτσου „Ιστορία και Θαύματα Παναγίας Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση της Ιεράς Μονής Εικοσιφοινίσσης, Δράμα 2003
  • Δρ. Θεοχάρη Μ. Προβατάκη „Η Μονή Εικοσιφοίνισσας η Αχειροποίητος του Παγγαίου Όρους“, έκδοση της Ανώνυμης Τεχνικής Εταιρείας „Μηχανική“, Αθήνα 1998
  • Βασίλη Άτσαλου „Η ονομασία της Ιεράς Μονής της Παναγίας της Αχειροποίητου του Παγγαίου, της επονομαζομένης της Κοσινίτσης ή Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση του ιστορικού αρχείου του Δήμου Δράμας, Δράμα 1995

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ιερά Μονή Παναγίας Εικοσιφοίνισσας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
  2. „Η Εκκλησία της Ελλάδος“. Архивирано од изворникот на 2012-09-27. Посетено на 2022-06-11.
  3. Ќорнаков, Димитар (1997). „Петре Гарката“. Скопје: НИП Ѓурѓа. стр. 10–13. Отсутно или празно |url= (help)
  4. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 156. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29.
  5. „Кънчов, Васил. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство", София 1970, стр.92“. Архивирано од изворникот на 2016-03-27. Посетено на 2022-06-11.

Надворешни врски

уреди