Емин Дураку (Ѓаковица, 19171942) – револуционер и учесник во НОВ, народен херој на Југославија.[1]

Емин Дураку
Роден 1917
Ѓаковица, Косово, Србија
Починал 1942
Занимање партизан

Животопис

уреди

Емин Дураку е роден во Ѓаковица во 1917 година, и како дете емигрира во Албанија. Во работничкото и комунистичкото движење стапил во 1935 година, а од 1936 година станал член на Скадарската комунистичка група. Во тој период, Емин Дураку бил затворен и осуден на три години робија. По италијанската окупација на Албанија, тој продолжил со својата антифашистичка активност, како организатор на демонстрации во Скадар, поради што бил интерниран.

Во есента 1941 година, Дураку бил пуштен од логорот, а во есента 1942 година, се вратил во родната Ѓаковица, каде станал член на КПЈ. Набргу станал и член на Бирото на Обласниот комитет на КПЈ за Косово, и учествувал во организирање на отпорот.

Во ноември 1942 година, кај селото Старо Грацко – Липљан, во борба со карабињерите Емин Дураку бил тешко ранет, и набргу потоа починал. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Во негова чест, основното училиште во селото Буковиќ, Скопско, го носи неговото име.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982, стр. 152