Емил Габорио (француски: Emile Gaboriau, роден на 2 ноември 1832 во Сожон - починал на 28 септември 1873 во Париз) — француски новинар и писател на дела во жанрот криминален роман, еден од пионерите на жанрот.

Емил Габорио
Роден/а2 ноември 1832
Сожон, Франција
Починат/а28 септември 1873
Париз), Франција
Јазикфранцуски
НационалностФранцузин
Жанркриминален роман

Биографија

уреди

Емил Габорио е роден на 9 ноември 1832 година во Сожон, Франција, во семејството на Шарл Габриел Габорио, ситен функционер, и Маргарет-Стефани Габорио. Семејството се преселило во 1833 година во Сен Пјер Долерон, а четири години подоцна во Ла Рошел, каде се родила неговата сестра Амелија. Учел во средното училиште во Тараскон сур Рон каде се сретнал со Алфонс Милио, кој подоцна ги објавил неговите романи во своето списание „Le Soleil“. По завршувањето на гимназијата, во 1851 година заминал во армијата на воена служба во Петтиот полк како втора класа маринец до крајот на 1853 година. Во овој период тој бил испратен заедно со полкоти во Африка.

По службата, по желба на неговиот татко, станал чирак на нотар. Сепак тој повеќе бил заинтересиран за пишувањето и дури објавил стихозбирка која останала незабележана. Во 1956 година се преселил во Париз и работел како колумнист за неделникот „Ла Верија“ каде пишувал за италијанската кампања на Наполеон III. Во 1860 година станал секретар на Пол Февал, писател и уредник на списанието со сериски криминални приказни, кој го запознал со новинарството. За своите материјали Габорио собирал приказни затворите.

Во 1961 година бил објавен неговиот прв роман „Le treizième Hussards“. Ова дело и неговите следни дела немале голем успех, до излегувањето на криминалниот роман „L'Affaire Lerouge“. Овој роман го направил на писателот познат и излегувањето на романот го дал почетокот на неговата успешна писателска кариера. Во него тој ја опишува улогата на отец Табаре кој е аматер детектив, и на младиот полициски детектив Мосју Лекок, херој на подоцнежните негови романи. За прототип на херојот тој го користи крадецот, подоцна која станал полицаец, Еуген Франсоа Видок (1775-1857), чии мемоари се мешавина од факти и реалност.

Така, постепено Габорио се стекнал со својата популарност. Во Јапонија неговите дела исто така биле многу популарност преведени. Подоцна тој бил засенет од херојот на сер Артур Конан Дојл - Шерлок Холмс.

Во многу од неговите романи се направени филмови и серии.

Во 1873 година се оженил за Амелија Рожле, со која живел во период од 11 години, но нивниот брак завршил брзо. Емил Габорио починал на 28 септември 1873 година во Париз.

Дела

уреди
 
Корица на книгата „Мосју Лекок“, 1880 г.

Романи

уреди
  • Le treizième Hussards (1861)
  • Les Gens de Bureau (1862)
  • Les comédiennes adorées (1863)
  • L'Affaire Lerouge (1866)
  • Le Crime d'Orcival (1867)
  • Le Dossier n° 113 (1867)
  • La Clique dorée (1871)
  • La Dégringolade (1872)
  • La Corde au cou (1873)
  • L'Argent des autres (1874)
  • Le Petit Vieux des Batignolles (1876)
  • Le Capitaine Coutanceau (1878)
  • Une Disparition (1876)
  • Maudite maison (1876)
  • Casta vixit (1876)

Серија Mariages d'aventure

уреди
  1. Monsieur J.-D. de Saint-Roch, ambassadeur matrimonial (1862)
  2. Promesses de mariage (1862)

Серија Les Esclaves de Paris

уреди
  1. Le Chantage (1868)
  2. Le Secret de la Maison de Champdoce (1868)

Серија Monsieur Lecoq

уреди
  1. L'Enquête (1869)
  2. L'Honneur du nom (1869)

Серија La Vie infernale

уреди
  1. Pascal et Marguerite (1870)
  2. Lia d'Argeles (1870)

Екранизација

уреди
  • 1914 Monsieur Lecoq
  • 1914 L'affaire d'Orcival
  • 1915 File No. 113
  • 1915 La maison du passeur
  • 1915 Monsieur Lecoq
  • 1915 The Family Stain
  • 1916 The Evil Women Do
  • 1917 Le capitaine noir
  • 1917 Thou Shalt Not Steal
  • 1933 File 113 – по разказ
  • 1954 Your Favorite Story
  • 1967 Monsieur Lecoq
  • 1975 Les grands détectives
  • 1975 Der Strick um den Hals
  • 2009 Au siècle de Maupassant: Contes et nouvelles du XIXème siècle

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: