Емили Насрала
Емили Дауд Насрала (арапски: إيميلي داود نصر الله) (моминско презиме: Аби Рашид, 6 јули 1931 год. во Каукаба, Либан - 18 март 2018 год. во Бејрут, Либан) била либанска писателка и активистка за човекови права.[1]
Насрала завршила виша школа на Бејрутскиот колеџ за жени (сега Либанско-американски универзитет) во 1956 година од областа уметност, а потоа продолжила со студиите да дипломира на педагогија и книжевност при Американскиот универзитет во Бејрут во 1958 година. Набрзо, стекнала слава со нејзиниот прв роман, „Септемвриските птици“, во 1962 година. Овој роман е добитник на три арапски книжевни награди.
Писателката Насрала објавила многу романи, детски книги и збирки раскази на теми како семејството, животот на село, војната, емиграцијата и правата на жените. Проблематиката за правата на жените била од особено значење за неа и таа цврсто ја поддржувала целиот свој живот.[2]
Наводи
уреди- ↑ Roberts, Sam (2018-03-16). „Emily Nasrallah, Lebanese Novelist and Activist, Dies at 86“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2020-07-17.
- ↑ „emily nasrallah : lebanese novelist : biography“. web.archive.org. 2013-09-06. Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 2020-07-17.