Георги Македонски (балетски играч и кореограф)

Георги Македонски (Скопје, 18 август 1919 - Скопје, 1998балетски играч , кореограф и педагог. Тој е основач за формирањето на македонскиот балет[1].

Георги Македонски
Роден на 18 август, 1919 во Скопје
 Кралство Југославија
Починал 1998
Скопје, Република Македонија
Националност македонец
Занимање балетски играч, кореограф, педагог

За формирањето на Балетот, тој истакнал: „За шеф на балетот на Државната опера во Скопје, сум поставен со акт за стапување на должност, бр.2226 од 1 јули 1948 година… Истата година претстоеше премиерата на операта ’Травијата‘, а во неа има балет. Бидејќи во Скопје не постоеја балетски играчи, ниту балетско училиште, бев принуден од Белград да донесам балерини и играчи… Ангажирав една група од 25 члена и со неа почнав да ја подготвувам кореографијата за ’Травијата‘. Истовремено објавивме конкурс за едногодишен балетски курс, на кој се пријавија 120 кандидати. По аудицијата, задржавме 30 девојчиња и сите 30 машки што се пријавија…“

Подоцна на 30 декември 1949 година, младиот ансамбл го прикажал својот прв целовечерен балет „Бахчисарајска фонтана“ од Борис Асафјев, исто така во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во „Бахчисарајска фонтана“ се појавува практично и првата генерација македонски балетски играчи, кои во следните години, а повеќето од нив во следните две децении, ќе бидат главни носители на репертоарот. Меѓу нив се имињата на Натка Пенушлиска, Светлана Мавровска, Магдалена Јанева, Олга Милосавлева, Емилија Џипунова, Елица Поповска и Јанка Атанасова, односно Тони Шулевски, Александар Гочков и Љубомир Спасовски, малку подоцна и Вера Божинова, Смиљка Силјанова и Олга Дорошева[2].

Животопис

уреди

Георги Македонски роден е на 18 август 1919 година во Скопје, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Завршил средно балетско училиште во Белград а студирал во странство во сезоната 1952/1953 година. Од 1 септември 1936 до 31 август 1941 година играл во балетскиот ансамбл на Народниот театар во Белград. Потоа од 1 септември 1941 до 15 октомври 1942 година и од 1 март 1943 до 31 август 1946 година настапува како солист во балетот во Софија.

Од 15 октомври 1946 до 31 јануари 1947 година играл во Хрватскиот народен театар во Загреб, а од 1 февруари 1947 до 31 јули 1947 година во Хрватскиот театар во Сплит. Повторно играл во Народниот театар во Белград од 1 март 1948 до 31 јуни 1948 година.

Од 1 јули 1948 до 1 август 1952 година бил во Скопје, каде што го основал балетскиот ансамбл на Македонскиот народен театар, како негов прв шеф и прв директор на Балетската школа. На 1 август 1952 година започнува со работа во Српскиот народен театар во Нови Сад, како прв балетан, раководител на Балетот, педагог и кореограф.

Потоа работи во Грција, а подоцна на 15 август 1956 година се враќа во Македонскиот народен театар, каде повторно бил солист, кореограф и раководител на балетот до 30 септември 1957 година. Од 1 септември 1958 до 15 август 1964 година повторно работи во Српскиот народен театар во Нови Сад, а од 1965 година се враќа во Скопје.

Умрел во 1998 година во Скопје.

Творештво

уреди

Негови поважни улоги се: Кавалерот со розата во Поканата за танц на Карл Марија фон Вебер, Паоло во Франческа да Римини на Петар Илич Чајковски, Принцот Зигфрид, Pas d'action во Лебедово езеро на Петар Илич Чајковски. Меѓу неговите кореографии се „Балетски впечатоци“, „Покана за танц“, „Франческа да Римини“, „Лебедово езеро“, „Бахчисарајската чешма“, „Шехерезада“, „Виртуозни балети“, „На убавиот син Дунав“, „ Американец во Париз“, „Жизел“, „Ромео и Јулија“, „Три балети“ - „Симфонија во Ц“, „Триптих“ и „Човек во огледало“.

Соработувал со балетскиот ансамбл на СНП како редовен член и како постојан и повремен гостин, придонесувајќи за техничкиот и уметничкиот раст на ансамблот. Создал разновиден репертоар а претставата Лебедово езеро, постигнала голем уметнички успех на новоформираниот балетски ансамбл и важен настан за доближување на балетската уметност до најшироката публика која била најгледаната претстава на Оперскиот балет на СНП долго време.

Награди

уреди
  • Кореографирал балетски точки во опери и оперети; добил награда за кореографскиот концепт на балетот во Травијата.
  • Постхумна награда за основоположникот на балетскиот ансамбл Ѓорѓи Македонски – кореограф на првата балетска претстава.

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Ј. Путник, Поводом премијере балета Новосадске опере, Дневник, 22. XII 1953;
  • О. Церовић, „Лабудово језоро“, велики успех Новосадског балета, Дневник, 12. I 1955;
  • С. Плесац, „Лабудово језеро“ и један даровит ансамбл, НС, 1955, бр. 92-95;
  • Н. Грба, „Бахчисарајска фонтана“, Дневник, 10. V 1957;
  • С. Ђурић-Клајн, Гостовање новосадске Опере у Београду. „Лабудово језеро“, Политика, 23. I 1961;
  • A. M., Balett és Revű. A kék Duna és Egy Amerikai Parizsban. Két táncjáték bemutató a Szerb Népszinházban, Magyar Szó, 30. III 1961;
  • М. Зајцев-Дорић, „Жизела“, премијера новосадског Балета, Борба, 17. III 1962;
  • Ј. Шулхоф, „Жизела“. Поводом премијере Адамовог балета у Српском нородном позоришту у Новом Саду, Дневник, 14. III 1962.