Елен Каролина Софија Кеј (11 декември 1849 - 25 април 1926) била феминистка - писателка во Шведска за повеќе теми од областа на семејниот живот, етиката и образованието и била важна фигура во движењето „Современ пробив“. Таа била рана застапничка на пристапот кон образованието и родителството насочен кон децата, а исто така била и поборник за правото на глас на жените.

Елен Кеј
Елен Кеј (десно) со вајарот Карл Мајлс, околу 1915 г.
Роден/а11 декември 1849(1849-12-11)
Гладхамар Париш, општина Вестервик, Шведска
Починат/а25 април 1926(1926-04-25) (возр. 76)
брегот Елен Кис, во близина на Алвастра, Шведска

Таа е позната по својата книга за образованието од 1900 година, која била преведена на англиски јазик во 1909 година како Векот на детето.[1]

Животопис

уреди

Ран живот

уреди

Елен Кеј била родена во Смоланд, Шведска, на 11 декември 1849 година.[2] Нејзиниот татко бил Емил Кеј, основач на Шведската аграрна партија и чест соработник на шведски весник. Нејзината мајка била Софи Посе Кеј, која е родена во аристократско семејство од најјужниот дел на округот Сконе. Емил го купил Сандшолм за време на неговата венчавка; дваесет години подоцна тој го продал од финансиски причини.[3]

1870-тите години

уреди

Во летото 1874 година, Кеј отпатувала во Данска и ги проучувала нивните народни колеџи. Народните колеџи биле институции за високо образование за младите од село. Една од нејзините рани амбиции била да основа шведско средно народно училиште, но наместо тоа, таа одлучила во 1880 година да стане учителка во училиштето за девојчиња на Ана Витлок во Стокхолм.[3]

Набргу по преселбата во Стокхолм, се спријателила со Софи Адлерспар, која била уредник на Весник за домот, основан во 1859 година од Адлерспар и Розали Оливекрона. Во 1874 година Кеј го објавила нејзиниот прв напис.[3]

1880-тите години

уреди

Во 1883 година, Кеј започнала со настава во новото училиште Антон Нистром, Народен институт, основан во 1880 година. Таа исто така помогнала во организирањето на групата од дванаесет дами од повисока класа кои спонзорирале и организирале социјални функции за да им помогнат во подобрувањето на манирите на дамите од работничката класа.[3]

Два главни проблеми ја навеле Кеј да се спротивстави на здружението во средината на 1880-тите: важноста на сексуалноста и социјалното значење на биолошките разлики меѓу жените и мажите.

Промена на ставовите

уреди

Кеј пораснала во атмосфера на либерализам и во текот на 1870-тите нејзините политички убедувања биле радикално либерални. Таа била републиканка, со идејата за слобода која имала огромно значење за неа. Во тек на 1880-тите години, нејзиното размислување станало уште порадикално, влијаејќи прво на нејзините религиозни убедувања, а потоа и на погледите за животот во општеството воопшто. Ова бил резултат од обемното читање. Во вториот дел од 1880-тите, а особено во 1890-тите години, таа започнала да чита социјалистичка литература и сè повеќе се пренасочувала кон социјализмот.

Подоцнежен живот

уреди

Кон крајот на 1880-тите / почетокот на 1890-тите години, Кеј одлучила да напише биографии за жени кои имале истакнати улоги во шведскиот интелектуален живот, како: Викторија Бенедиктсон, Ана Шарлот Лефлер и Соња Ковалевски. Таа исто така пишувала и за Јохан Волфганг фон Гете и Карл Јонас Лав Алмквист.

Весникот Хрониката Кембриџ од Кембриџ, Масачусетс на 19 октомври 1912 година забележал дека Елен Кеј, шведската писателка, која имала толку огромно влијание врз движењето на жените низ цела Европа, го има своето прво појавување во американско списание со својата статија за „Мајчинството“.[4] Движењето на жените од Елен Кеј е објавено на шведски јазик во 1909 година.

Починала на 25 април 1926 година на седумдесет и шестгодишна возраст.[3]

Избрани дела

уреди

Елен Кеј ја започнала својата кариера како писател во средината на 1870-тите со литературни есеи. Таа станала позната на широката јавност преку брошурата За слободата на говорот и објавувањето (1889). Овие дела вклучуваат:

  • Индивидуализам и социјализам (1896)
  • Слики на мислата (1898)
  • Човечки суштества (1899)
  • Животни линии, томови I-III (1903–06)
  • Неутралност на душите (1916).

Наследство

уреди

Инспирирала писателки како Селма Лагерлиф, Марика Стернстет, Вака Јамада и Елин Вогнер. Марија Монтесори напишала дека предвидувала дека 20 век ќе биде векот на детето.[5]

Хавелок Елис напишала позитивни критики за нејзините студии за човечката сексуалност.

Кеј изјавила дека мајчинството е толку клучно за општеството што владата, наместо нивните сопрузи, треба да ги поддржува мајките и нивните деца. Овие идеи во врска со државната поддршка на децата влијале врз социјалното законодавство во неколку земји.[6]

Значителна колекција на трудовите на Кеј се наоѓа во Кралската библиотека во Стокхолм.[3]

Во 1890-тите години, Кеј нарачала куќа дизајнирана од архитектот Ингве Расмусен,[7] која претставувала „центар за политички радикалната интелектуална и уметничка авангарда на Стокхолм“.[7] Куќата на Кеј станала туристичко место.[8]

Наводи

уреди
  1. Barnets århundrade at Project Runeberg
  2. Ellen Key - Britannica Online Encyclopedia
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Wilkinson, Lynn R. (2002). Twentieth-Century Swedish Writers Before World War II. Farmington Hills, Michigan: Gale. ISBN 978-0-7876-5261-6.
  4. The Cambridge Chronicle, Cambridge, Massachusetts, October 19, 1912, p. 20
  5. Montessori, Maria (1972). The Secret of Childhood, New York, Ballantine Books.
  6. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. Copyright 2001-05 Columbia University Press.
  7. 7,0 7,1 Johamesson, Lena (January 1995). „Ellen Key, Mamah Bouton Borthwick and Frank Lloyd Wright. Notes on the historiography of non‐existing history“. NORA - Nordic Journal of Feminist and Gender Research. 3 (2): 126–136. doi:10.1080/08038740.1995.9959681.
  8. „Ellen Key's Strand“. Архивирано од изворникот на 29 May 2015. Посетено на 28 May 2015.

Надворешни врски

уреди