Софија Ковалевска
Софија Васиљевна Ковалевска (руски: Со́фья Васи́льевна Ковале́вская) (15 January [ст. ст. 3 January] 1850 – 10 February [ст. ст. 29 January] 1891) беше првата голема руска математичарка, одговорна за важни оригинални придонеси во анализата, диференцијалните равенки и механиката, и првата жена назначена како професор во Северна Европа. Таа, исто така, беше една од првите жени да работи за научно списание како уредник.[1]
Софија Ковалевска | |
---|---|
Софија Ковалевска во 1880 | |
Роден(а) | 15 јануари 1850 Москва, Руска Империја |
Починал(а) | 10 февруари 1891 Стокхолм, Шведска | (возр. 41)
Полиња | Математика |
Установи | Стокхолмски универзитет Руска академија на науките |
Образование | Гетингенски универзитет (PhD; 1874) |
Докторски ментор | Карл Вајерштрас |
Познат по | Коши-Ковалевска теорема |
Постојат неколку алтернативни преводи на нејзиното име. Таа го користела Софи Коуалевски, за нејзините академски публикации. Откако се преселила во Шведска, се нарекла Соња.
Рани години
уредиСофија Ковалевска (моминско Корвин-Круковска), е родена во Москва, втора од трите деца. Нејзиниот татко, Василиј Василевич Корвин-Круковски, беше маж со полско потекло и беше генерал-потполковник на артилеријата кој служел во Кралската руската армија. Нејзината мајка, Јелизавета Федоровна Шуберт, беше учена жена од германско потекло и баба и на Софија била Ромка.[2] Кога имала 11 години, тапетите во нејзината соба имале диференцијални и интегрални анализи, кои биле нејзиниот почетокот за подготовките за калкулус.[3]
Тие го негувале нејзиниот интерес во математиката и ангажирале учител (A.Н. Странољубскии, добро познат поборник за високото образование за жени), кој и предавал калкулус. Во текот на истиот период, синот на локалниот свештеник ја воведе во нихилизмот.[4]
И покрај нејзиниот очигледен талент за математика, таа не можеше да го заврши своето образование во Русија. Во тоа време, на жените не им беше дозволено да присуствуваат на универзитети. Со цел да студира во странство, и беше потребна писмена дозвола од нејзиниот татко (или мажот). Соодветно на тоа, таа договорила "фиктивен брак" со Владимир Ковалевски, тогаш млад студент по палеонтологија кој подоцна станал познат по својата соработка со Чарлс Дарвин. Тие емигрирале од Русија во 1867 година.[5]
Студентски години
уредиКовалевска учествувала во социјални движења и го поддржувала социјализмот. Ковалевска помогна да се спаси Виктор Џаклард, кој бил сопруг на нејзината сестра Ен Џаклард.
По две години на математички студии во Хајделберг под наставници како Херман фон Хелмхолц, Густав Кирхоф и Роберт Бунзен, таа се пресели во Берлин, каде што мораше да оди на приватни часови од Карл Вајерштрас, бидејќи универзитетот дури не и дозволи да изврши ревизија на часовите бидејќи била жена. Во 1874 година таа презентирала три документи - за парцијални диференцијални равенки, за динамиката на прстените на Сатурн и за елиптични интеграли -во Универзитетот во Гетинген, како своја докторска дисертација. Со поддршка од Вајерштрас, со ова го заработила нејзиниот докторат по математика summa cum laude, заобиколувајќи ги вообичаените потребни предавања и испити.[5]
Таа на тој начин стана првата жена во Европа да добие докторат. Нејзиниот труд за парцијалните диференцијални равенки го содржи она што сега е познато како Коши-Ковалевска теорема, која дава услови за постоење на решенија за одредена класа на равенки.
Последни години
уредиВо почетокот на 1880-тите, Софија и нејзиниот сопруг Владимир имале финансиски проблеми. Софија сакала да биде предавач на универзитетот, но не и беше дозволено бидејќи била жена, и покрај волонтирањето да обезбеди бесплатни предавања. Во 1879 година, цената за хипотеките стана поголема и тие станале банкрот. Набргу потоа, Владимир доби понуда за работа и Софија им помогна на соседите да електрифицираат улични светилки. Владимир и Софија брзо се воспоставиле повторно финансиски.[6]
Во 1883 со помош на математичарот Госта Митаг-Лефлер Ковалевска беше во можност да обезбеди позиција во Универзитетот во Стокхолм во Шведска.[5] Ковалевска го сретна Митаг-Лефлер преку неговата сестра, глумицата, романописецката, драмскиот писател Ен-Шарлот Едгрен-Лефлер. Сè до смртта на Ковалевски двете жени имале блиско пријателство што беше протолкувано од страна на некои автори како можна романтична или сексуална врска.[7]
Ковалевска напиша и неколку не-математички трудови, вклучувајќи и мемоар, Руско Детство и делумно автобиографски роман, Нихилистичка Девојка (1890). Таа почина од грип во 1891 година на возраст од 41.
Наводи
уреди- ↑ „Sofya Vasilyevna Kovalevskay“. Encyclopædia Britannica Online Academic Edition. Encyclopædia Britannica. Посетено на 22 October 2011.
- ↑ „Women mathematicians by Dubreil-Jacotin“. JOC/EFR. Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 3-06-2012. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Best of Russia --- Famous Russians --- Scientists“. TRISTARMEDIA | Web Design, Web Development, Multimedia, Creative Web Solutions. Посетено на 21 October 2011.
- ↑ Sofya Kovalevskaya, A Russian Childhood, translated, edited, and introduced by Beatrice Stillman ; with an analysis of Kovalevskaya's Mathematics by P. Y. Kochina. Springer-Verlag, c1978 ISBN 0-387-90348-8
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Roger Cooke, "The Mathematics of Sonya Kovalevskaya", Springer-Verlag, 1984.
- ↑ Kochina, Pelageya (1985). Love and Mathematics: Sofia Kovalevskaya. Moscow: Mir Publisher.
- ↑ McFadden, Margaret. Golden Cables of Sympathy: The Transatlantic Sources of Nineteenth Century Feminism. University Press of Kentucky, 1999.
Надворешни врски
уреди„Софија Ковалевска“ на Ризницата ? |
- Софија Ковалевска — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- "Sofia Kovalevskaya", Biographies of Women Mathematicians, Agnes Scott College
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Софија Ковалевска“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Women's History - Sofia Kovalevskaya
- Brief biography of Sofia Kovalevskaya Архивирано на 20 септември 2006 г. by Yuriy Belits. University of Colorado at Denver, March 17, 2005.
- Biography (in Russian)
- Association for Women in Mathematics
- Дела од или за Софија Ковалевска во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)