Елевтеро Просфигон
Елевтеро Просфигон (грчки: Ελεύθερο Προσφύγων - „Бегалско Конско“) — село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија со 188 жители (2001).
Елевтеро Просфигон Ελεύθερο Προσφύγων | |
---|---|
Координати: 40°9′N 21°26′E / 40.150° СГШ; 21.433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Гребен |
Надм. вис. | 670 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 188 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДесетина километри северно од Гребен и еден километар источно од старото село Коскон по Граѓанската војна е изградена нова населба во која се сместени бегалските семејства населени во Коскон во 1923 година.[2]
Историја
уредиПодигнато е поради тоа што селото Конско (Елевтеро) настрадало во времето на Граѓанската војна, така што по нормализирањето на ситуацијата, по барање на бившите бегалци, била подигната нова населба кон чие име е додаден зборот „Просфигон“, што значи „на бегалците“. Оваа населба првпат е регистрирана во пописот од 1961 година со 359 жители, но поради сѐ помасовното иселување во поголемите градови во пописот од 1971 година е евидентирано само со 189, а во 1981 година со 171 жител. Селото доживува преродба во наредните години, така што во пописот од 1991 година е евидентирано со 331 жител. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Пописи
уредиНаводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 115.
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 116.
Извори
уреди- Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.