Државна универзална стоковна куќа

Државна универзална стоковна куќа (руски: ГУМ, Государственный универсальный магазин) — заедничко имe за главните стоковни куќи во многу градови на Советскиот Сојуз, а и во некои пост-советски држави. Најпознатиот ГУМ е голема продавница во Китај-город во Москва, која гледа кон Црвениот плоштад. Пред дваесеттите години на XX век местото било познато како Горните трговски редови.

Фасадата на ГУМ гледа кон Црвениот плоштад.

Московски ГУМ

уреди

Со фасада која што се протега во должина од 242 m по источната страна на Црвениот плоштад, Горните трговски редови биле изградени помеѓу 1890 и 1893 од страна на Александар Померанцев и Владимир Шуков. Трапезоидната зграда содржи интересна комбинација на елементи од руската средовековна архитектура и челична рамка и стаклен покрив, сличен стил на големите викторијански железнички станици во Лондон. Во близина, се наоѓа зграда која исто така гледа кон Црвениот плоштад и е слична на Горните трговски редови, порано позната како Средните трговски редови.

 
Внатре во ГУМ, издолжени галерии со продавници се поврзани со иновативни мостови од метал и стакло, дизајнирани од Владимир Шуков.

Постоечката структура — дефинирана од Вилијам Крафт Брамфилд како „признание и кон Шуковиот дизајн и кон техничката вештина на руската архитектура кон крајот на 19 век“ — беше изградена да ги замени претходните трговски редови кои изгореа во 1825. Дизајнот со стаклен покрив ја прави зградата уникатна. Покривот чиј пречник е 14 m изгледа лесно, но е цврста конструкција изработена од околу 50 000 парчиња метал (околу 819 тони). Зградата е осветлена од огромни заоблени прозорци изработени од железо и стакло, од кои секој тежи 820 тони и има 20 000 панели стакло. Во времето на Руската револуција од 1917 ГУМ имал околу 1 200 продавници. Фасадата е поделена на неколку катови изработени од црвен фински гранит и таруса мермер.

 
Внатрешниот ходник, приказ на прекрасна симетрија

По Револуцијата, ГУМ беше национализиран и продолжи да работи како стоковна куќа сè додека Сталин не го претвори во канцелариски простор во 1928 за комитетот на чело на неговиот прв петгодишен план. По самоубиството на сталиновата жена Надежда во 1932, ГУМ се користеше за приказ на нејзиното тело.

По повторното отворање како стоковна куќа во 1953, ГУМ стана една од ретките продавници во целиот СССР која што не беше загрозена од недостиг на добра, така што редиците за купување на било што беа долги, често протегајќи се низ целиот Црвен плоштад.

На крајот на советската ера, ГУМ беше делумно, а подоцна целосно, приватизиран и предаван од еден на друг сопственик. Завршил во рацете на ланецот на супермаркети Перекрјосток. Во мај 2005, 50.25% од акциите беа продадени на Bosco di Ciliegi, руски дистрибутер на луксузна стока и оператор со бутици. Како приватен трговски центар, беше преименуван на таков начин што ја зачува старата кратенка и сè уште се вика ГУМ. Првиот збор „государствењиј“ е заменет со зборот „главњиј“ (руски: главный) 'главен', така што сега ГУМ е кратенка за „Главна универзална стоковна куќа“.

Сè уште работи и денес како популарно туристичко одредиште за посетителите на Москва. Многу од продавниците имаат стока од познати фирми познати на западот; месните жители ги нарекуваат „изложба на цени“, со тоа што шегата е во тоа што никој всушност не може да си дозволи да купи нешто од изложените работи. Во 2005, имаше околу 200 продавници.

Постои слична историска стоковна куќа која што ѝ е соперник на ГУМ по својата големина, елеганција и архитектура. Името ѝ е Централна универзална стоковна куќа (Централњиј Универсалњиј Магазин, или скратено ЦУМ) и се наоѓа веднаш источно од Бољшој театарот.

Надворешни врски

уреди

Извори

уреди