Драшко Атанасоски

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Драшко Атанасоски (роден на 12 март 1971 година во Тетово) е Македонски универзитетски професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на Факултетот за туризам и бизнис логистика, a воедно е и раководител на катедрата за бизнис логистика.

Животопис

уреди

Драшко Атанасоски е роден во градот Тетово на 12 март 1971 година. Дипломирал во април 2002 година на ФТОН во Охрид а магистрирал во мај 2008 на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал во 2011 година, на Факултет за туризам и угостителство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Својата работа на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја започнува во 2011 година [1]. Претходното работно искуство го има добиено работејќи во царинските служби на Македонија. Во перидот од 2001 година до 2011 година тој е виш царински службеник на Царински терминал Скопје, а од 2009 година до 2010 година е виш царински службеник на Царински граничен премин Меџитлија. Од 2007 година до 2009 година се искачува на нова работна позиција како началник на Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализи при Секторот за наплата на приходи, финансиски материјали и законските односи за сопственост во рамките на Царинската Управа на Македонија. Научна преокупација на Проф. Драшко Атанасоски претставува подрачјето на транспортот, логистиката и царинското работење. Автор е на повеќе од 50 стручни и научни трудови, монографии објавени во земјата и во странство.

Објавени книги

уреди
  • Атанасоски Драшко, Оливер Филиповиќ, „Основи на логистика“ - Штип, 2012.[1]
  • Атанасоски Драшко, Иванова Виолета, „Логистиката и винската индустрија во Република Македонија“ - Штип, 2013.[2]
  • Атанасоски Драшко, Темјановски Ристе, Филипоски Оливер, „Логистички системи“ - Штип, 2014.[3]
  • Темјановски Ристе, Атанасоски Драшко, „Меѓународен транспорт и шпедиција“ - Штип, 2015.[4]

Лиценци и сертификати

уреди
  • Сертификат за овластен судски вештак издрадено од Комората на судски вештаци на Македонија (2013)[5]
  • Лиценца за овластен судски вештак издадено од Министерството за правда на Македонија (2013)[6]
  • Сертификат за овластен Обучувач за професионална кометентност на управители на компании кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, издаден од Министерството за транспорт и врски на Македонија (јануари, 2015)[7]
  • Сертификат за овластен Обучувач на возачи кои учествуваат во меѓународниот превоз на патници и стока, издаден од Министерството за транспорт и врски на Македонија (јануари, 2015)[8]
  • Сертификат за овластен туристички водич (декември, 2015)
  • Сертификат за овластен раководител на туристичка агенција (декември, 2015)

Наводи

уреди