Логистика

раководење со протокот на ресурси

Логистикадисциплина која опфаќа збир од интердисциплинарни и мултидисциплинарни науки кои изучуваат и применуваат закони на бројни и сложени активности (т.е. функција, процес, мерка, работи, правила, операции...), кои функционираат и делотворно ги поврзуваат сите делумни процеси на совладување на просторните и временските трансформации на материјалот, полупроизводите, репроматеријалите, капиталот, знаењето, луѓето, информациите во сигурни, брзи и рационални (оптимални) единствени логички процеси и текови на материјалот, капиталот, знаењето, информациите од точка на испорака до точка на примање, но со цел со минимално вложени ресурси (производствени, финансиски, човечки и др.), максимално да се задоволуваат побарувањата на пазарот (т.е., купувачите на стока, корисниците на услугите, потрошувачите...).

Современо складиште

Предметот на логистиката е совладување на просторот и времето (луѓе, стока и информации). Со развојот на човекот се развива и неговата дејност на различни подрачја (земјоделство, политика, култура, спорт, итн.), а со тоа и логистиката. Според тоа, логистиката може да се користи за сите подрачја. Со оглед на ширината на дејноста, логистиката како систем може да се на макрологистика и микрологистика. Макрологистиката според начинот за совладување на просторот и времето би можела да се подели на подсистеми: пристаништа, аеродроми, сообраќај (превоз на луѓе, стока и вести), транспорт (превоз на луѓе и стока), разни облици на транспорт (железнички, поморски, речен, воздушен, патен итн). Според тоа транспортот е подсистем на логистиката.

Во проучувањето на логистиката, односно транспортот се среќаваме со многубројни цели, логистички операции. Но, наспроти тие многубројни цели, можат да се забележат три глобални цели на логистиката. Тоа се:

  • намалување на трошоците во логистичките процеси;
  • подобрување на квалитетот на логистичките процеси – услуги (брзина, доверба); и
  • заштита на околината (воздух, вода, хуманизација на логистичките операции, паковање на материјалите за рециклажа).

Сите три цели се поклопуваат со целите и начелата на современите стратегии за развој на сообраќајните системи.