РК Ѓорче Петров

македонски ракометен клуб
(Пренасочено од РК Кометал Ѓорче Петров)

Ѓорче Петров ЖРК — женски македонски ракометен клуб од Скопје кој се натпреварува во македонската суперлига.

Ѓорче Петров ЖРК
Целосен називЖенски ракометен клуб
Ѓорче Петров
Основан1979
ИгралиштеСала Христо Батанџиев
Приемност500
Главен тренерМакедонија Симе Симовски
ЛигаМакедонска Суперлига
2021–221. место (шампион)
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

Под името Кометал Ѓорче Петров, клубот освоил 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп во периодот од 1993–2009 година. Во европски рамки, клубот бил европски шампион во 2002 година и европски вицешампион во 2000 и 2005 година.

Континуитетот на Кометал ЃП го продолжил клубот Ѓорче Петров кој во сезоната 2021–22 ја освоил 18. титула првак на Македонија.

Историја

уреди

Клубот е основан во 1979 година под името Женски ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров се натпреварувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со освоени 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп.

Во својата прва европска сезона во Лигата на шампионите во 1993 година, по победата од 20–16 во Скопје над тогаш четирикратниот европски шампион Хипо од Виена, во ЖРК Ѓорче Петров како главен спонзор влегол „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски, кој инвестирал во клубот, претворајќи го во европски ракометен шампион. Најголемите успеси на Кометал ЃП на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во сезоната 2001–02 година (победа над Ференцварош) и вицешампионските титули во сезоните 1999–00 (пораз од Хипо) и 2004–05 (пораз од Шлагелсе). Во 2002 година, Кометал ЃП го освоил европскиот суперкуп.

По заминувањето на главниот спонзор, управата на клубот одлучила клубот да згасне, а тоа се случило на 16 септември 2011 година.[1][2]

По згаснувањето на клубот, бил формиран нов клуб со првичното име ЖРК Ѓорче Петров од страна на Владимир Радиќ, кој долги години бил дел од стручниот штаб на Кометал Ѓорче Петров. На прославата на 20-годишнината од освојувањето на европската титула на Кометал Ѓорче Петров, поранешниот спонзор на клубот, Трифун Костовски и претседателот Иван Бојков ги предале титулите на новоформираниот ЖРК Ѓорче Петров, кој станал наследник на спортскиот континуитет и постигнувања на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.[3]

Во сезоната 2021–22, Ѓорче Петров ја освоил својата осумнаесетта титула во суперлигата на Македонија и бил финалист во македонскиот куп, во кој бил поразен од Металург.[4]

Моментален состав

уреди
Состав за сезоната 2022–23

Голмани
  • 12   Зорица Хасаноска
  • 16   Слободанка Кицеска
  • 46   Софи Ѓошевска
Десни крила
  • 04   Ива Петровска
Леви крила
  • 07   Златица Васевска
  • 19   Јана Грковска
  • 71   Ангела Цветановска
  • 77   Анастасија Николовска
Пивоти
  • 03   Анастасија Трпеска
  • 08   Ања Велкова
  • 18   Катерина Дамјаноска
  • 55   Ива Велкова

Леви бекови
Средни бекови
  • 10   Емилијана Ризоска
  • 11   Мила Ѓорѓиевска
  • 26   Ана Марија Коларовска
Десни бекови
  • 14   Симона Василева
  • 17   Теодора Дукоска

Титули

уреди
  Златен (18): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2022
  Златен (16): 1993, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009
  Златен (1): 2002
  Сребрен (2): 2000 и 2005
  • Европски суперкуп:
  Златен (1): 2002
  Бронзен (1) : 2004

Поранешни истакнати играчи

уреди

Наводи

уреди
  1. РК Ѓорче Петров престана да постои Ohridnews; 9 септември 2011
  2. „Skopje: Kometal quits“.
  3. Кометал ги остави во аманет трофеите – Ѓорче Петров ја продолжува традицијата…(ФОТО) 24rakomet.mk; 19 мај 2022
  4. Куп-трофејот се врати во Автокоманда, ЖРК Металург го надигра Ѓорче Петров! gol.mk; 15 мај 2022

Надворешни врски

уреди