Дорис Деј (родена Дорис Мери Ан Капелхов, на 3 април 1922 - 13 мај 2019) — американска глумица и пејачка и отворен активист за правата на животните од нејзиното повлекување од шоу-бизнисот. Нејзината кариера како забавувач започна во 1940-тите како пејачка на голем бенд. Во 1945 година таа го доби својот прв хит снимајќи ја „Sentimental Journey“ („Сентиментално Патување“). Во 1948 година се појави и во својот прв филм, „Romance on the High Seas“ („Романса на Високите Мориња“). Во нејзината кариера како забавувач, таа се има појавено во повеќе од 39 филмови, има снимано повеќе од 650 песни, номинирана е за Оскар, добитник е на Златен Глобус и Греми, и во 1989 години ја добива наградата Cecil B. DeMille за животно остварување во филмската уметност.

Дорис Деј 1957

Први почетоци

уреди

Дорис Деј е родена во Синсинати, Охајо,[1] во соседство на Еванстон од Алма Софија Велц (домаќинка) и Вилхем (подоцна Вилијам) Капелхоф (наставник по музичко и мајстор по хор).[2] [3] Нејзините баба и дедо биле германски имигранти.[4] [5] [6] Иако во пописот од 1930 година е попишана како на возраст 7, таа за нејзиниот биографер во „Дорис Деј: Нејзината Сопствена Приказна“ изјавува дека е родена во 1924 година.[7] Специфично изјавува дека: „(Јас бев) именувана од мајка ми во чест на нејзината омилена глумица, Дорис Кејтон,[8] ѕвезда во тогашната 1924.“

Најмала од три деца, таа имала два браќа: Ричард, кој починал пред таа да се роди, и Пол, неколку години постар.[9] Бракот на нејзините родители бил неуспешен поради јавното неверство на нејзиниот татко. Иако семејството било римокатоличко, нејзините родители се развеле.[10] [11] По нејзиниот втор брак, самата Деј ќе стане христијански научник. Деј била мажена четири пати. Деј развила ран интерес за играње, и во средината на 1930-тите формирала танчерско дуо со Џери Доерти, настапувајќи локално во Синсинати.[12] На 13ти октомври 1937 година, во сообраќајна несреќа таа ги повредува своите нозе и со тоа се ограничуваат нејзините проспекти како професионален танчер.[13] [14] [15]

Во текот на заздравувањето Деј зема часови по пеење,[16] и на 17 годишна возраст започнува да настапува локално.[17] Во текот на работењето со локалниот водач на бендот Барни Рап, во 1939 или 1940 година таа го прифаќа уметничкото име „Деј“ како алтернатива за „Капелхов“,[18] на негов предлог. Рап смета дека нејзиното презиме е премногу долго. Првата песна која таа ја изведува за него е „Day After Day“ („Ден По Ден“), од каде што и потекнува нејзиното уметничко име. По работењето со Рап, Деј работи со бројни други водачи на групи, вклучувајќи ги и Џими Џејмс,[19] Боб Кросби[20] и Лес Браун.[21] Токму и работејќи со Браун Деј го постигнува својот прв хит снимајќи ја „Sentimental Journey“ („Сентиментално Патување“), издаден во почетокот на 1945 година. Набргу потоа таа станува химна на желбата на демобилизирачките трупи на Втората светска војна да се вратат дома.[22][23] Песната е сè уште поврзана со Деј, и е преснимувана од нејзе неколкупати за различни пригоди.[24]

Кариера

уреди

Филмска Кариера

уреди

Во периодот додека пее со бендот Les Brown и кратко со Боб Хоуп,[25] Деј патува интензивно низ Соединетите Американски Држави.

Нејзината популарност како радио изведувач и вокалист, која што го вклучува и вториот хит „My Dreams Are Getting Better All the Time“ („Моите Сништа Постојано Се Подобруваат“), ја доведе директно до кариера во филмската уметност. Веќе во 1941 година Деј се појави како пејачка со бендот Les Brown во соунди (soundie). По разделувањето од својот втор маж Џорџ Видлер, во 1948 година Деј наводно планира да го напушти Лос Анџелес и да се врати во домот на својата мајка во Синсинати. Нејзиниот агент Ал Леви ја убедува да присуствува на забава во домот на композиторот Џул Стин. Нејзината изведба на песната „Embraceable You“ („Прегрнувачкиот Ти“) го воодушевува Стин и неговиот партнер Сами Кан и тие ја препоручуваат за улога во „Romance on the High Seas“ („Романса на отворено море“), на којшто тие работат за Warner Brothers. Повлекувањето на Бети Хатон поради бременост ја остави главната улога повторно на кастинг, и истата и е доделена на Деј.[26][27]

Филмот и овозможува нов хит, „It’s Magic“ („Магија е“). Во 1950 година, американски лица (војници) во Кореја ја изгласаа Деј за нивна омилена ѕвезда. Таа продолжи да прави мали и често носталгични мјузикли, како што се „Starlift“ („Старлифт“), „The West Point Story“ („Приказна За Вест Поинт“), „On Moonlight Bay“ („На Заливот На Месечината“), “By the Light of the Silvery Moon“ („На Светлината На Сребрената Месечина“) и „Tea For Two“ („Чај За Двајца“) за Warner Bros.[28] [29]

Во 1953 година Деј се појави како Каламити Џејн,[30] освојувајќи Оскар за најдобра оригинална песна за „Secret Love“ („Тајна Љубов“, снимка која ќе стане нејзин четврти хит-сингл во САД).[31] По снимањето на „Young at Heart“ („Млада Во Срце“, 1954 година) со Френк Синатра, Деј одлучува да не го продолжува својот договор со Warner Brothers.[32] Таа избира да работи под советување и менаџирање на својот трет маж, Марти Мелчер, со кого таа се мажи во Бурбанк на 3 април 1951 година. Деј се разведува од саксофонистот-текстописецот Џорџ В. Видлер (роден на 11 септември 1917 година – починат на 26 јули 1995 година) на 31 мај 1949 година во Лос Анџелес во неспорен развод по венчањето со него на 30 март 1946 година во Монт Вернон, Њујорк, разделувајќи се во април 1947 година и потпишувајќи го разводот во јуни 1948 година.

Деј понатаму прифаќа повеќе драматични улоги, вклучувајќи го во 1954 година нејзиното портретирање на пејачката Рут Итинг во „Love Me or Leave Me“ („Сакај Ме Или Напушти Ме“). Деј подоцна, во својата автобиографија, ќе го нарече нејзиниот најдобар филм. Таа исто така има за партнери многу топ ѕвезди, како Џек Лемон, Џејмс Стјуарт, Гери Грант, Дејвид Нивен и Кларк Гејбл.

Во филмот на Алфред Хичкок „The Man Who Knew Too Much“ („Човекот Кој Премногу Знаеше“, 1956 година), Деј ја испеа „Que Sera, Sera“ („Што ќе биде, ќе биде“), за што доби Оскар за најдобра оригинална песна[33] и таа песна стана нејзин потпис. Според Џеј Ливингстон, кој ја напиша песната со Реј Иванс, Деј претпочитала друга песна кратко употребена во филмот „We’ll Love Again“ („Повторно Ќе Сакаме“) и го напуштила снимањето на „Que Sera, Sera“. На инсистирање на студиото, таа попуштила. По снимањето на нумерата, таа кажала на пријател на Ливингстон: „Ова е последен пат што некогаш ќе ја слушнеш таа песна“. Како и да е, песната е повторно употребена во „Please Don't Eat the Daisies“ („Ве Молиме Не Ги Јадете Маргаритките“, 1960 година) и репризирана како краток дует до Артур Годфреј во „The Glass Bottom Boat“ („Бродот Со Стаклено Дно“, 1966 година). „Que Sera, Sera“ исто така станува тематска песна за нејзиното CBS телевизиско шоу (1968-1973). „The Man Who Knew Too Much“ е нејзин единствен филм со Хичкок и, како што таа самата признава во автобиографијата од 1975 година, првично била загрижена за недостаток од насоки при режисирањето. На нејзиното прашање дали се е во ред, Хичкок и одговорил дека се било добро – да правела таа нешто што тој не сакал, тој ќе и кажел.

Таа има уште еден Топ Десет хит со „Everybody Loves a Lover“ („Секој Љуби Љубовник“) во 1958 година.

Во 1959 година, Деј влегува во својата најуспешна фаза како филмска глумица, со серија романтични комедии,[34] [35] почнувајќи со „Pillow Talk“ („Разговор Со Перница“), заедно со Рок Хадсон, кој и станува доживотен пријател. Деј добива номинација за Оскар за најдобра глумица,[36] нејзината единствена номинација за Оскар во кариерата.[37] Деј и Хадсон снимаат уште два филма заедно, „Lover Come Back“ („Љубовникот Се Враќа“, 1961 година) and „Send Me No Flowers“ („Не Ми Праќај Цвеќиња“, 1964 година).[38]

Деј исто така станува тим со Џејмс Гарнер, почнувајќи во 1963 година со „The Thrill of It All“ („Возбудата Од Се“), подоцна продолжувајќи истата година со „Move Over, Darling“ („Освен Тоа, Драга“).[39] „Move Over, Darling“ оригинално бил насловен како „Something's Got to Give“ („Нешто Мора Да Се Даде“) во 1962 година како повраток на Мерлин Монро, а како ко-актер се јавува Дин Мартин. Филмот е суспендиран поради отпуштањето на Монро и нејзината последователна смрт. Година подоцна, филмот е преименуван и во повторниот кастинг Деј ја добива главната улога.

Во доцните 1960-ти, сексуалната револуција на бејби-бум генерацијата ги засилува јавните ставови во врска со сексот. Времињата се сменија, но филмовите на Деј не. Критиката и комиката ја нарекоа Деј „најстарата девица на светот“[40] [41] и публиката започна да бега од нејзините филмови. Како резултат на сето тоа, таа се спушти од списокот на топ ѕвезди, појавувајќи се за последен пат во Топ 10 во 1967 година со „The Glass Bottom Boat“, нејзиниот последен хит филм. Една од улогите кои ги има одбиено е онаа ироничната Г-ѓа Робинсон во „Дипломецот“, улога која отиде кај Ана Банкрофт.[42] Во своите објавени мемоари, Деј вели дека ја одбила улогата поради морални причини.[43] Нејзиниот последен филм, „With Six You Get Eggroll“ („Со Шест Можеш Да Добиеш Паштета“), е излезен во 1968 година.[44]

Музички успех

уреди

Последниот најголем хит сингл на Деј се појави во Велика Британија со „ Move Over, Darling“ во 1964 година, ко-напишана од нејзиниот син конкретно за неа. Песната претставува забележително заминување на Ден, со јасно современ звучен аранжман. Во 1967 година Деј го снима и својот последен албум, „The Love Album“ („Љубовниот Албум“), што во суштина претставува заклучување на нејзината кариера, иако овој албум не е објавен до 1995 година.

Банкрот и телевизиска кариера

уреди

Мелчер починал на 20 април 1968 година. Деј била шокирана од откритието дека нејзиниот маж со кој била во брак 17 години и неговиот бизнис партнер Џером Бернард Розентал ги трошеле нејзините заработки, оставајќи ја нејзе во длабоки долгови.[45] Розентал бил нејзин адвокат од доцните 1940-ти, и тој ја претставувал на 31 мај 1949 година во нејзината постапка за неспорен развод од вториот сопруг, текстописецот Џорџ В. Видлер. Во февруари 1969 година Деј поднела тужба против Розентал и победила[46] во дотогашното најголемо граѓанско судење (преку 20 милиони долари) во тоа време во Калифорнија.

1970-ти

уреди

На 18 септември 1974 година Деј била наградена 22 835 646 долари за измама и злоупотреба во едночасовна усна одлука на Врховниот судија Лестер Е. Олсон, завршувајќи го 99-дневното судење кое вклучувало 18 консолидирани тужби и против-тужби поднесени од Деј и Розентал кои се однесуваат на раководењето на Розентал со нејзините финансии по нејзиното завршување со него во јули 1968 година. Граѓанското судење вклучувало 14 451 страница препис од 67 сведоци. Застапувана од адвокатот Роберт Винслоу и адвокатската фирма Mitchell, Silberberg & Knupp LLP, Деј била наградена 1 милион долари казнени штети, 5.6 милиони плус 2 милиони долари камата за загуби во лажен нафтен потфат, 3.4 милиони плус 1.2 милиони камата за хотелски потфат, 2.2 милиони плус 793 800 долари камата за двојни или непотребни плаќања на надоместоци на Розентал, повеќе од 2 милиони долари за надоместок на кретити на Розентал, 2.9 милиони плус 1 милион долари камата за измама и 850 000 долари за адвокатски такси за Деј. Олсон исто така забранил на Розентал понатамошно кривично гонење на Деј или нејзините бизнис дејства. (Розентал поднел повеќе од 20 тужби од 1969 до 1974 година). Олсон, експерт во сложени финансиски брачни пресметки, ја прочитал секоја страна од 3275 поединечни изложби и 68 кутии од различни финансиски записи. Во октомври 1979 година одговорносниот осигурител на Розентал измирил со Деј околу 6 милиони долари платени во 23 годишни рати. Розентал продолжил со случајот и поднел жалба во Окружниот Суд 2 за Жалби, и исто така поденел уште половина дузина тужби поврзани со случајот. Две биле парници за клевета, од кои една против Деј и нејзините издавачи за коментарите дадени од нејзе за Розентал во нејзинта книга за што барал оштета. Со другата парница барал судски решенија дека осигурителните компании и поединечните адвокати не успеале да го одбранат Розентал правилно пред Олсон и во фазите на жалби. Во април 1979 година тој поднел тужба да се издвојат 6те милиони долари од спогодбата со Деј и да се надоместат штетите од секого вклучен во согласноста за исплатата наводно без негова дозвола.

1980-ти

уреди

Во октомври 1985 година Врховниот суд на Калифорнија ги одбил жалбите на Розентал за пресудата од повеќе милиони долари против него за правна злоупотреба, и ги поддржал заклучоците на судот и Апелациониот суд дека Розентал е тој кој постапил неправилно.[47] Во април 1986 година, Врховниот Суд на САД одбил да ја разгледува пресудата на понискиот суд. Во јуни 1987 година, Розентал поднел $30 милионска тужба против адвокати за кои тој тврдел дека го измамиле за милиони долари во инвестиции во недвижен имот. Тој исто така ја нарекол Деј како ко-обвинета, опишувајќи ја како „не сакајќи, принуден тужител чија согласност не може да се добие“. Розентал тврдел дека милиони долари кои Деј ги изгубила во неподвижен имот се случило по смртта на Мелчер во 1968 година, за што Розентал изјавува дека адвокатите и дале на Деј лоши совети, кажувајќи и да продаде, со загуба, три хотели, во Пало Алто, Далас и Атланта и неколку нафтени наеми во Кентаки и Охајо.[48] Розентал тврдел дека тој инвестирал врз основа на долгорочен план и немал намера да ги продаде сè додека не се ценат вредносно. Два од хотелите биле продадени во 1970 година за околу 7 милиони долари, а нивната проценета вредност во 1986 година била 50 милиони долари.[49]

Во јули 1984 година, по сослушувачкиот панел на State Bar Court, по 80 дена сведоштва и разгледување на документирани докази, панелот го обвинил Розентал за 13 поединечни акти на злоупотреба и донел одлука за одземање на неговата адвокатска лиценца во 34-страно непотпишано мислење. Наодите на панелот се поддржани и од департманот за преглед на State Bar Court, кој барал од судиите да го нарачат одземањето на лиценцата на Розентал. Тој продолжил со претставувањето на клиенти во федерални судови сè додека Врховниот Суд на САД пресудил против него на 21 март 1988 година. Одземањето на лиценцата од страна на Деветтиот Општински Суд за Жалби на САД се случило на 19 август 1988 година. Врховниот Суд на Калифорнија, во афирмацијата на одземање на лиценцата, заземал став дека Розентал бил вмешан во трансакции кои вклучувале тајни конфликти на интереси, заземал позиции спротивни од оние на неговите претходни клиенти, преценети трошоци, двојно-пресметани правни давачки, не успеал да врати податотеки на клиенти, не успеал да овозможи пристап до записи, не успеал да даде соодветен легален совет, не успеал да им овозможи на клиентите можност да добијат независни советници, поднесувал лажни тврдења, давал лажни сведочења, бил вмешан во однесувања кои ги вознемирувале неговите клиенти, одложувал судски процедури, ја попречувал правдата и ги злоупотребувал судските процеси.

Тери Мелчер изјавил дека само предвремената смрт на Мартин Мелчер ја спасила Деј од финансиска пропаст. Останува нерешено дали и Мелчер самиот бил измамен.[50] Деј изјавила на јавноста дека таа верува дека Мелчер бил невин во било кои намерни малверзации, наведувајќи дека Мелчер „едноставно верувал на погрешна личност“.[51] Според автобиографијата на Деј, како што е кажано на А. Е. Хотчнер, вообичаено атлетскиот и здрав Мерчер имал проширено срце. Повеќето од интервјуата во врска со предметот дадени на Хотчнер (и вклучени во автобиографијата на Деј) сликаат не толку ласкав портрет на Мелчер. Авторот Дејвид Кофман тврди дека еден од соѕвездите на Деј, глумецот Луис Џордан, рекол дека самата Деј не го сакала својот маж,[52] но јавните изјави на Деј во врска со Мелчер противречат на ваквото тврдење.[53]

Дорис Деј Шоу

уреди

По смртта на нејзиниот сопруг на 20 април 1968 година, Деј дознала дека тој ја обврзал нејзе на телевизиска серија, што станало Дорис Деј Шоу. За ОК! Магазинот во 1996 година Деј изјавила: „Ужасно беше. Јас навистина, навистина не бев добро кога Марти (Мелчер) почина и помислата да одам на ТВ беше надмоќна. Но, тој ме регистрирал за серија. Тогаш мојот син Тери (Мелчер) ме одведе во Беверли Хилс и ми рече дека тоа не е ниту приближно крајот. Исто така сум била регистрирана и за неколку ТВ специјали, сите без некој воопшто нешто и да ме праша.“ Деј ја мразела идејата да работи на телевизија, но се чувствувала обврзано. „Постоел договор. Јас не знаев за него. Никогаш не сакав да работам на ТВ, но сепак целосно се посветив. Тоа е единствениот начин на кој знам да го работам тоа“. Првата епизода од Дорис Деј Шоу се емитувала на 24 септември 1968 година,[54] и од 1968 до 1973 година, вклучувајќи ја „Que Sera, Sera“ („Што Ќе Биде, Ќе Биде“) како тематска песна. Деј безволно опстанала (работата и била потребна за да ги исплати долговите), но само откако CBS отстапиле од креативна контрола на нејзе и нејзиниот син.

Шоуто било успешно, се прикажувало пет години,[55] и имало улога на предвесник на Керол Бурнет Шоу. Денес шоуто се памети по своите ненадејни сезонски промени во кастингот и просторијата.[56] Не било толку широко организирано како многу од неговите современици што биле, и било малку гледано надвор од САД и Велика Британија. При крајот од емитувањето во 1973 година, вкусовите на јавноста се смениле и нејзината цврсто утврдена личност била гледана како старомодност. Таа се повлекла од снимање по Дорис Деј Шоу, но завршила два телевизиски специјала, „The Doris Mary Anne Kappelhoff Special“ („Дорис Мери Ана Капелхоф Специјалот“, 1971 година)[57] and „Doris Day to Day“ („Дорис Деј На Ден“, 1975 година).[58] Се појавила и во Џон Денвер ТВ специјалот во 1974 година.

1990-ти и обновување на интересот

уреди

Издавањето на ЦД со најголемите хитови во 1992 година и овозможиле уште еден влез во Британските листи, додека пак песната „Perhaps, Perhaps, Perhaps“ („Можеби, Можеби, Можеби“) била вклучена во музичкиот запис на австралискиот филм „Strictly Ballroom“ („Строго Соба За Балови“).

2000-ти

уреди

Во 2006 година, Деј снимала коментар за издавањето на ДВД на петтата (и последна) сезона од нејзиното ТВ шоу. Неодамна Деј учествувала во телефонски интервјуа со радио станица која што го слави нејзиниот роденден со годишен Дорис Деј музички маратон.[59] Во јули 2008 година таа се појавила на Јужно Калифорниско радио шоу на својот животен пријател Џорџ Путнам, според Лос Анџелес Тајмс. Деј ја одбила почесната понуда од Американскиот филмски институт, меѓутоа таа ја добила и прифатила наградата Cecil B. DeMille на Златниот Глобус за животно остварување во 1989 година. Во 2004 година Деј била наградена со Претседателски Медал на Слободата, но не присуствувала на церемонијата поради стравот од летање. Деј не добила покана да ги прими и почестите од Кенеди Центарот поради истата причина. И колумнистот Лиз Смит и филмскиот критичар Рекс Рид имаат покренато енергични кампањи за да соберат поддршка за доделување на почесен Оскар на Деј за обележување на нејзината спектакуларна филмска кариера и нејзиниот статус како топ филмска женска ѕвезда на сите времиња. Деј беше почестена во отсуство со Греми за Животно Достигнување во Музиката во февруари 2008 година. За Деј се издадени две биографии во јуни 2008 година. „ Doris Day: The Untold Story of the Girl Next Door“ („Дорис Деј: Некажаната Приказна За Сосетката“, во издание на Virgin Books) од Дејвид Кофман и „Doris Day: Reluctant Star“ („Дорис Деј: Неволната ѕвезда“, во издание на JR Books) ја раскажуваат „неверојатната, претходно неискажана приказна“ за Деј.

Активизам за благосостојбата на животните

уреди

Интересот на Деј за благосостојбата на животните и теми поврзани со оваа најверојатно потекнува уште од нејзините тинајџерски години, кога таа заздравувала од сообраќајна несреќа и го извела своето куче Тајни на прошетка без јаже. Тајни истрчал на улицата и бил убиен од кола. Деј подоцна напишала дека била опфатена со вина и осаменост. Во 1971 година таа станала соосновач на Глумци и Други за Животните и се појавила во неколку реклами во весник осудувајќи го носењето на крзно, заедно со Мери Тајлер Мур, Енџи Дикинсон и Џејн Мидоус. Пријателот на Деј, Кливленд Амори, пишувал за овие настани во „Man Kind? Our Incredible War on Wildlife“ („Човештво? Нашата Неверојатна Војна На Флората и Фауната“, 1974година). Во текот на 1980-тите и 1990-тите, Деј го промовирала годишниот Ден на женките-животни на Америка (Spay Day USA) и во неколку пригоди активно лобирала на Конгресот на САД за поддршка на легислативата со цел да се заштитат правата на животните. Таа исто така ја формирала и Doris Day Animal League (Сојуз на Дорис Деј за животните, www.ddal.org), што подоцна се спојува со Хуманото Општество на САД во 2006 година. Членови на персоналот на Doris Day Animal League зазеле позиции во The HSUS, којшто сега го управува Spay Day USA, еднодневен настан започнат од Деј.

Наводи

уреди
  1. Elber, Lynn (April 2, 2017). „Birthday surprise for ageless Doris Day: She's actually 95“. Associated Press. Архивирано од изворникот на April 4, 2017. Посетено на April 2, 2017. A copy of Day's birth certificate, obtained by The Associated Press from Ohio's Office of Vital Statistics, settles the issue: Doris Mary Kappelhoff, her pre-fame name, was born on April 3, 1922, making her 95. Her parents were Alma and William Kappelhoff of Cincinnati.
  2. Kaufman 2008.
  3. „Ancestry.com“. Архивирано од изворникот на February 24, 2021. Born 1922: age on April 10, 1940, in Hamilton County, Ohio, 91–346 (enumeration district), 2552 Warsaw Avenue, was 18 years old as per 1940 United States Census records; name transcribed incorrectly as "Daris Kappelhoff", included with mother Alma and brother Paul, all with same surname. (registration required; initial 14-day free pass)
  4. Actress Doris Day dies at 97 Philly.com May 13, 2019.
  5. Leidinger, Paul (May 13, 2015). „Doris Day heißt eigentlich Doris Mary Ann Kappelhoff“. Westfälische Nachrichten. Посетено на December 28, 2019.
  6. „Doris Day profile“ (ancestry). Wargs. Посетено на April 5, 2014. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. Elber, Lynn (April 2, 2017). „Birthday surprise for ageless Doris Day: She's actually 95“. Associated Press. Архивирано од изворникот на April 4, 2017. Посетено на April 2, 2017. A copy of Day's birth certificate, obtained by The Associated Press from Ohio's Office of Vital Statistics, settles the issue: Doris Mary Kappelhoff, her pre-fame name, was born on April 3, 1922, making her 95. Her parents were Alma and William Kappelhoff of Cincinnati.
  8. Braun, Eric (2010). Doris Day (англиски). Orion Publishing Group. ISBN 9781409105695.
  9. Hotchner 1975, стр. 18.
  10. Hotchner, A.E. (1976). Doris Day: Her Own Story. New York: William Morrow and Company, Inc. ISBN 978-0-688-02968-5.
  11. Amory, Cleveland (August 3, 1986). „Doris Day talks about Rock Hudson, Ronald Reagan and her own story“. Pittsburgh Press. Посетено на August 10, 2013.
  12. Parish, James Robert; Pitts, Michael R. (January 1, 2003). Hollywood songsters. 1. Allyson to Funicello. Routledge. стр. 235. ISBN 978-0-415-94332-1. Посетено на August 8, 2013.
  13. „Trenton Friends Regret Injury to Girl Dancer“. Hamilton Daily News Journal. October 18, 1937. стр. 7. Посетено на April 3, 2017.  
  14. Browne, Ray Broadus; Browne, Pat (2001). The Guide to United States Popular Culture. Popular Press. стр. 220–221. ISBN 978-0-87972-821-2. Посетено на August 8, 2013.
  15. „Broken leg perils career of Cincinnati Dancer--Girl, 16, Is Injured On Eve Of Trip To Hollywood“. Cincinnati Enquirer. October 15, 1937. стр. 22. Посетено на March 7, 2022.
  16. Hotchner 1975, стр. 38.
  17. Hotchner 1975, стр. 40–41.
  18. „Doris Day's sweet success“. BBC News. April 3, 2004. Посетено на August 10, 2013.
  19. „To Entertain at Convention Here“. The Lima News. April 17, 1940. стр. 11. Посетено на April 3, 2017.  
  20. Sutro, Dirk (2011). Jazz For Dummies. John Wiley & Sons. стр. 112. ISBN 978-1-118-06852-6. Посетено на August 8, 2013.
  21. The Guinan Family (October 2009). Lakewood Park. Arcadia Publishing. стр. 72. ISBN 978-0-7385-6578-1. Посетено на August 8, 2013.
  22. Предлошка:Pop Chronicles 40s
  23. Santopietro, Tom (2008). Considering Doris Day. St. Martin's Press. стр. 22. ISBN 978-1-4299-3751-1. Посетено на August 8, 2013.
  24. Braun 2004, стр. 26: "It is not surprising ... that she took so readily to Christian Science in her later life"
  25. Browne, Ray Broadus; Browne, Pat (2001). The Guide to United States Popular Culture. Popular Press. стр. 220–221. ISBN 978-0-87972-821-2. Посетено на August 8, 2013.
  26. Hotchner 1975, стр. 91.
  27. Gentry, Philip Max (2008). The Age of Anxiety: Music, Politics, and McCarthyism, 1948–1954. стр. 104. ISBN 978-0-549-90073-3. Архивирано од изворникот на January 3, 2014. Посетено на August 8, 2013.
  28. „Photos: Today in History: May 2“. PostBulletin.com. Архивирано од изворникот на May 7, 2019. Посетено на May 13, 2019.
  29. Labov, William; Browne, Ray Broadus; Browne, Pat (2001). The Guide to United States Popular Culture (англиски). Popular Press. стр. 221. ISBN 9780879728212.
  30. „Doris Day Learned How to Flick Bull Whip for Tough Western Role in 'Calamity Jane'. The Brooklyn Daily Eagle. November 8, 1953. стр. 31. Посетено на June 26, 2018 – преку Newspapers.com.  
  31. Tyler, Don (2008). Music of the Postwar Era. ABC-CLIO. стр. 110. ISBN 978-0-313-34191-5. Посетено на August 9, 2013.
  32. Palmer, R. Barton (2010). Larger Than Life: Movie Stars of the 1950s. Rutgers University Press. стр. 154. ISBN 978-0-8135-4994-1. Посетено на August 9, 2013.
  33. Tyler, Don (2008). Music of the Postwar Era. ABC-CLIO. стр. 113–14. ISBN 978-0-313-34191-5. Посетено на August 8, 2013.
  34. Gourley, Catherine (2008). Gidgets and Women Warriors: Perceptions of Women in the 1950s and 1960s. Twenty-First Century Books. стр. 40. ISBN 978-0-8225-6805-6. Посетено на August 8, 2013.
  35. Monteith, Sharon (2008). American Culture in the 1960s. Edinburgh University Press. стр. 80. ISBN 978-0-7486-1947-4. Посетено на August 8, 2013.
  36. Finler, Joel Waldo (2003). The Hollywood Story. Wallflower Press. стр. 281. ISBN 978-1-903364-66-6. Посетено на August 9, 2013.
  37. Levy, Emanuel (July 25, 2007). „Pillow Talk“.[мртва врска][мртва врска]
  38. Glitre, Kathrina (2006). Hollywood Romantic Comedy: States of the Union, 1934–1965. Manchester University Press. стр. 159. ISBN 978-0-7190-7079-2. Посетено на August 9, 2013.
  39. Harding, Les (2012). They Knew Marilyn Monroe: Famous Persons in the Life of the Hollywood Icon. McFarland. стр. 47. ISBN 978-0-7864-9014-1. Посетено на August 8, 2013.
  40. The American Film Institute Catalog of Motion Pictures“. Doris Day (Filmography).
  41. McCormick, Neil (August 20, 2011). „Doris Day: sexy side of the girl next door“. The Telegraph. London. Архивирано од изворникот на January 10, 2022. Посетено на August 8, 2013.
  42. Grindon, Leger (2011). The Hollywood Romantic Comedy: Conventions, History and Controversies. John Wiley & Sons. стр. 87. ISBN 978-1-4443-9595-2. Посетено на August 8, 2013.
  43. Kashner, Sam (March 2008). „Here's to You, Mr. Nichols: The Making of The Graduate. Vanity Fair. Посетено на January 17, 2014.
  44. Landazuri, Margarita. „With Six You Get Eggroll“. Turner Classic Movies. Посетено на August 8, 2013.
  45. Sonneborn, Liz (2002). A to Z of American Women in the Performing Arts. Infobase Publishing. стр. 52. ISBN 978-1-4381-0790-5. Посетено на August 8, 2013.
  46. Grace, Roger M. 'Uncle Jerry' Faces the Music in Court, in State Bar Proceeding“. Metropolitan News-Enterprise. Посетено на August 8, 2013.
  47. Day v. Rosenthal, 170 Cal.App.3d 1132 (1985)
  48. Ryon, Ruth (June 14, 1987). „Doris Day Investments Subject of Suit“. Los Angeles Times (англиски). ISSN 0458-3035. Посетено на May 14, 2019.
  49. Hager, Philip (July 14, 1987). „Doris Day's Former Lawyer Disbarred“. Los Angeles Times. Посетено на August 9, 2013.
  50. Champlin, Charles (March 13, 1988). „Doris Day: Singing and Looking for Pet Projects“. Los Angeles Times. Посетено на August 9, 2013.
  51. Doris Day: A Sentimental Journey (Television Documentary), Arwin Productions, PBS, 1991
  52. Kaufman, David (May 2008). „Doris Day's Vanishing Act“. Vanity Fair. Посетено на January 17, 2014. Both Doris and I hated the director [Andrew L. Stone]. I also disliked her husband, and I was surprised to discover she did, too.
  53. Hotchner 1975, стр. 226.
  54. „Doris Day Heads Own Show“. Hawkins County Post. September 12, 1968. Посетено на January 26, 2016.
  55. „ABC snares Doris Day for TV movies“. Spokane Chronicle. October 3, 1990. Посетено на January 26, 2016.
  56. McGee 2005, стр. 227–28.
  57. „The Doris Mary Anne Kappelhoff Special“. IMDb. March 14, 1971. Посетено на April 17, 2019.
  58. „Doris Day Today“. IMDb. February 19, 1975. Посетено на April 17, 2019.
  59. "A preview of the Doris Day Movie Marathon happening April 3", WVXU, March 28, 2014