Врховен суд на Калифорнија
Врховниот суд на Калифорнија (англиски: Supreme Court of California) е највисокиот државен суд во Калифорнија. Неговото седиште се наоѓа во Сан Франциско и најчесто седниците се одржуваат во Лос Анџелес и Сакараменто. Одлуките кои ги донесува се обврзувачки за сите државни судови во Калифорнија.[1]
Врховен суд на Калифорнија Supreme Court of California | |
---|---|
Печат на Врховниот суд на Калифорнија | |
Основан | 1849 |
Надлежност | Калифорнија |
Местоположба | Сан Франциско, Калифорнија |
Authorized by | Устав на Калифорнија |
Decisions are appealed to | Supreme Court of the United States |
Judge term length | 12 години |
Number of positions | 7 |
Мрежно место | Врховен Суд на Калифорнија |
Претседател на Судот | |
Моментално | Тани Кантил-Сакаује |
Од | 3 јануари 2011 |
Lead position ends | 2 јануари 2023 |
Состав
уредиПод оригиналниот Устав на Калифорнија 1849 година, судот започна со врховен судија и два придружни судии. Судот беше проширен на пет судии во 1862 година. Под моменталниот Устав од 1879 година, судот се прошири на шест придружни судии и еден врховен судија, за моментална бројка од седум судии. Гувернерот на Калифорнија ги назначи судиите на 12 годишен мандат и преку гласачите тие се предмет на задржување на изборите.
Барања
уредиСпоред Уставот на Калифорнија, за едно лице да може да се назначи, мора во Калифорнија да биде признаен адвокат во пракса или да отслужи мандат од 10 години како судија во некој суд на Калифорија непосредно пред именувањето.
Задржани гласови
уредиОткако судиите се назначени тие се предмет на задржан глас на следните генерални избори и потоа на временски период од 12 години. Избирачкото тело повремено ја употребува моќта да не задржува судии. Врховниот судија Роуз Бирд и придружните судии Круз Рејносо и Џозеф Гродин жестоко се спротивставуваа на смртната казна и подоцна на генералните избори во 1986 година беа отстранети. Ново избраниот гувернер Џорџ Дејкмеџијан успеа да го издигне придружниот судија Малком М. Лукас на местото врховен судија и да назначи три нови конзервативци за придружни судии (еден да го замени Лукас на неговото старо место и двајца да ги заменат Рејносо и Гродин).
Моментално членство
уредиРепубликанците назначија шест судии (Кантил-Сакаје, Кенард, Бакстер, Вердегар, Чин и Кориген), а демократите еден (Лиу). Еден од судиите е Филипино Американец (Кантил-Сакаје), еден Евроазиски Американец (Кенард- татко од Холандија, мајка од Кина), двајца источно Азиски Американци (Лин и Лиу) и три Европко Американски судии (Бакстер, Кориген и Вердегар). Кенард е единствениот судија со видлива физичка неспособност, таа има вештачка нога. Судиите не разговараат јавно за своите религиски ставови и односи. Сите седум судии имаат студентски дипломи од универзитетите во Калифорнија (двајца од Универзитетот во Калифорнија, еден од Државниот Универзитет во Калифорнија и четири од приватни универзитети). Тројца судии своите правни дипломи ги добиле во правно училиште на Универитетот во Синсинати, двајца во правни училиштата во приватните универзитети на Калифорнија и двајца од правни училишта во приватни универзитети надвор од државата.
Структура
уредиПомеѓу 1879 година и 1966 година, судот беше поделен на две пороти со три судии, оддел еден и оддел два. Врховниот судија еднакво ги дели случаите помеѓу поротите и исто така одлучува кои случаи ќе ги сослушува судот во судница, но како целина. По Уставниот амандман во 1966 година, судот моментално заседава како целина (сите седуммина заедно) кога се сослушуваат сите жалби. Кога постои слободно место во судот или доколку судија отстапи од дадениот случај,врховниот судија ги назначува судиите од апелационите судови на Калифорнија да му се придружат на судот за поединечни случаи врз основа на менување. Постапката кога сите судии отстапуваат од случај со текот на времето се менувала. За еден случај од 1992 година, врховниот судија побара од судијата кој претседава во областа на апелациониот суд (не оној каде започнал случајот), да назначи други шест судии од апелациониот суд од неговата или нејзината област, па создадоа „глумечки“ врховен суд со цел да се реши тој случај. Секако, во еден неодамнешен случај каде сите членови на судот отстапија кога гувернерот Шварценегер бараше одлука за мандат (Шварценегер против апелациониот суд (Епштејн)), беа избрани седум судии од апелационите судови, но не од иста област, со најстариот кој беше глумечкиот врховен судија и тој глумечки врховен суд на крајот го одби барањето за одлуката за мандат.
Работа
уредиСудка надлежност
уредиСудот има единствена и директна апелативна судка надлежност во сите случаи за смртна казна во Калифорнија, иако го поддржуваше државниот уставен амандман за дозвола да се достават жалби за смртни казни во апелационите судови на Калифорнија. Постои дискретна апелативна судска надлежност во сите случаи кои ги разгледуваат апелационите судови, вторите ги создаде уставниот амандман во 1904 година за да му олесни поголем дел од работата на врховниот суд, за судот да може да се фокусира на справувањето со сериозни жалби, кои вклучуваат значајни проблеми во законот.
Работа
уредиСудот е отворен за работа преку цела година (спротивно на некои источни држави во САД, каде е вообичаено да се работи само за време на мандатот само по распоред). Судот сослушува усни аргументи најмалку една недела во месецот, десет месеци секоја година (освен јули и август). Од 1874 година, постојано сослушува усни аргументи секоја година во Сан Франциско (четири месеци), Лос Анџелес (четири месеци) и Сакараменто (два месеци). Преку целата година (вклучувајќи ги јули и август), судиите секоја среда имаат конференции, судот не сослушува усни аргументи, со исклучок на последната недела, посебно во ноември и декември (Денот на Благодарноста и Нова Година). Во понеделник и среда наутро во 10:00 часот на интернет се објавуваат нови мислења. Исто така во истото време достапни се и копирани документи во канцеларијата на секретарот. Судот покрај врховниот суд на САД е еден од ретките судови во САД, кој ја има привилегијата да ги објавува своите мислења во три извештаи со тврд повез. Судскиот известувач за одлуки се договара со приватен издавач, (моментално LexisNexis) за да се објави официјалниот известувач, California Reports, кој сега ја објавува својата четврта серија, бројот на серијата се менува секогаш кога се менува издавачот. West ги објавува одлуките на Калифорнија во California Reporter (втората серија) и Pacific Reporter (трета серија). (Мислењата на апелациониот суд во Њујорк слично се објавуваат во трите известувачи.) Од крајот на 80 години на 20 век, судот ја одбил традиционалната употреба на правни службеници и ги променил во постојано вработени адвокати. Судот има околу 85 вработени адвокати, некои од нив се побрзани со одредени судии, останатите се споделуваат како централен персонал. Предноста на овој систем е тоа што намалениот број на вработени кои ја напуштиле работата (против традиционалниот систем на менувањепреку нови правни службеници секоја година) ја подобри ефикасноста на судот во справувањето со сложени случаи, особено случаи за смртна казна. За време на првата половина на работата, судот се бореше за да може да се справи со галопирачкиот број на случаи и многу често заостануваше, сè додека не се формираа апелационите судови во Калифорнија. Од ова настанаа одредби во Уставот од 1879 година што го присили судот да ги реши сите случаи со пишување на дадената причина (да се ослободи од малите случаи, многу често даваше кратки објаснувања, без споменати причини) и бараше судиите во Калифорнија секој месец да издаваат пишана потврда дека ниту еден проблем кој е поднесен за разгледување нема да стои повеќе од 90 дена или нема пак нема да добијат плата. Во согласност со последните одредби, судот не става на распоред устен аргумент сè додека судиите не ги проучиле упатствата, не ги формулирале нивните позиции за почит и не ги разгледале нацрт мислењата. Потоа, откако проблемот е формално „дебатиран и поднесен“, судиите можат да ги средат и откријат своите мислења пред да дојде крајниот рок од 90 дена. Ова се разликува многу од работата на сите други федеративни и апелациони судови, каде судиите можат да стават на распоред устен аргумент, не многу долго откако ќе се заврши проучувањето, но можат да ги откријат свите мислења една година по завршувањето на усниот аргумент.
Споредни одговорности
уредиВрховниот суд ги надгледува пониските судови преку Судскиот совет на Калифорнија и исто така ја надгледува и адвокатите во Калифорнија преку Државната адвокатска комора на Калифорнија. Со препорки од Државната адвокатска комора се прават сите дозволи и одеземања на адвокатски лиценци, кои подоцна мора да ги ратификува врховниот суд. Адвокатската комора на Калифорнија е најголемата во САД со 210.000 членови, од кои 160.000 се практиканти.
Репутација
уредиКако што изјави Wall Street Journal во 1972 година: Во последните 20 години, највисокиот суд во државата се здоби со репутацијата на најиновативните државни судии, поставувајќи преседани во областите на кривичното право, граѓански слободи, расна интеграција, и заштита на потрошувачите, кои имаат силно влијание на другите држави и федералните судии. Статистичките анализи кои на барање на судот ги спроведе LexisNexis, покажаа дека одлуките на врховниот суд на Калифорнија се најприфатени од кој било друг врховен суд во САД. Помеѓу 1940 година и 2000 година, судови кои се надвор од држата јасно прифатиле 1.260 одлуки на судот (што значи дека тие судови сметаат дека судот е убедлив и ги примениле во нивните случаи). Во судот за првпат се појавиле или развиле многу важни правни концепти, меѓу кои строга одговорност за неисправни производи, праведна постапка, небрежно нанесување на емоционална болка, палимонија, скриени намери на осигурувањето, неправеден живот и одговорност во пазарно учество. Врховниот суд на Калифорнија и сите пониски државни судови употребуваат стилови на пишување и систем на цитирање, кои се поразлични од оние на федеративните судови и од другите државни судови. Цитатите на Калифорнија ја пишуваат годината помеѓу имињата на странките и споменувањето на известувачот за случајот, спротивно на националните стандарди (Сината книга), каде годината се пишува на крај. На пример познатиот случај Марвин против Марвин, со кој се основаше стандардот за можноста на партнерите кои не се во брак да се тужат поради своите придонеси во партнерството, на начинот на Калифорнија е напишан Marvin v. Marvin (1976) 18 Cal.3d 660 [134 Cal.Rptr. 815, 557 P.2d 106], но на начинот на Сината книга би било Marvin v. Marvin, 18 Cal. 3d 660, 557 P.2d 106, 134 Cal. Rptr. 815 (1976).Стилот на цитирање на Калифорнија отсекогаш бил норма на судските надлежности во вообичаеното право надвор од САД, вклучувајќи ги Англија, Канада и Австралија. Додека судиите во врховниот суд на САД го истакнуваат создавачот на мислењето, кој се придружил и кој го започнал мислењето, судиите на Калифорнија на крајот секогаш се потпишуват како мнозинство, со фразата „НИЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ“ и потоа следуваат имињата на придружните судии. Судиите на Калифорнија според традицијата во своите мислења не треба да употребуваат неграматички термини, што доведе до засрамувачка расправија помеѓу судиите и лекторот на официјалните извештаи на државата. Калифорнија традиционално ја одбегнува употребата на одредени француски и латински фрази, како што се en banc, certiorari и mandamus, па така тие судиите и адвокатите употребуваат „in bank „, review“ и „mandate“. На крај, судот има моќ да „ги поништи“ мислењата на апелационите судови (спротивно на федеративната практика да не сеобјавуваат одредени „необјавени“ мислења во сите извештаи за федеративни случаи). Ова значи дека иако мислењата веќе биле објавени во официјалните државни извештаи, сепак се обврзувачки за странките. Stare decisis не се применува и новите изговорени правила нема да се применат во понатамошните случаи. Слично на тоа, врховниот суд на Калифорнија ја има моќта да „објавува“ мислења, кои на почетокот не биле објавени, преку апелационите судови на Калифорнија.
Важни случаи
уредиСудот предал многу важни и влијателни одлуки, а некои од нив се споменати подолу (подредени по датум). Повеќето од нив кои се споменати подолу беа значајни одлуки и се први од тој вид во САД или светот.
- Во Хјустон против Вилијамс, важен поранешен случај за поделбата на моќи во државниот Устав, судот кој имаше прекумерна работа го прогласи за неуставен статутот, кој го насочуваше судот да дава причини за своите пишани одлуки. Резултат на ова беше погореспоменатата клаузула во Уставот од 1879 година, кој бара судот да одлучува во пишани случаи со наведени причини.
- Во Бернхард против Банка од Америка, судот прогласи дека дополнителни пречки можат да се применат во корист на странката која не била вклучена во претходна акција.
- Во Ескола против Coca-Cola Bottling Co., тогашниот придружен судија Роџер Трејнор го предложи сега познатото заедничко мислење, дека судот треба да располага со правни докази како што се овластувања и да воведе строга одговорност за неисправни производи како проблем од јавната политика.
- Во Перес против Шарп, судот ја промени утврдената забрана за меѓурасен брак во неуставна. Перес директно влијаеше на значајната одлука на врховниот суд во САД, Ловинг против Вирџинија (1967 година).
- Во Самерс против Тајс, судот го префрли товарот на одбраната за да ја негира причината, кога беше јасно дека еден од двајцата обвинети мора да ја предизвикал повредата на тужителот, но не се знаше кој точно го сторил тоа.
- Во Сеи Фуџи против Калифорнија, судот го прогласи за неважечки Законот за странска земја во Калифорнија од 1912 година.
- Во Де Бург против Де Бург, судот ја поништи обраната од противобвинение во случаи со развод.
- Во Comunale v. Traders & General Ins.Co, судот го формираше модерниот деликт за скриени намери на осигурувањето или поформално, деликт на прекршување на индиректен свечен договор за верба и праведно договарање во согласност полисата за осигурување.
- Во Дренан против Star Paving Co., судијата Трејнор напиша мислење на мнозинството усвојувајќи го принципот на обврзувачките пречки, кои тогаш се појавија, како алтернатива на прекршување на договор каде всушност договор не бил никогаш склучен.
- Во Лукас против Хам, судот прогласи дека адовакот не врши прекршување на вообичаената должност за грижа доколку случајно изготви тестамент и го прекрши правилото на вечноста.
- Во Гринмен против Yuba Power Products, Inc., судијата Трејнор напиша мислење на мнозинството и го усвои правилото за строга одговорност за неисправни производи, кое го предложил 19 години порано. Од тогаш, строгата одговорност за неисправни производи (во различни форми) е усвоена во речиси сите држави на САД, Австралија, Јапонија и Европската Унија.
- Во Сели против White Motor Co., судот го формираше правилото за економска загуба, со кое строгата одговорност за неисправни производи не е достапна доколку неисправноста предизвика само економска штета; тоа значи, таква одговорност постои само за физички повреди на човечки суштества.
- Во Дилон против Лег, судот темелно го прошири деликот за небрежно нанесување на емоционална болка надвор од границите на традиционалната форма, кој беше историски огранична со тужителитете кои се наоѓаат во истата „зона на опасност“ како убиениот.
- Во Pacific Gas & Elec. Co. против G.W. Thomas Drayage Co., судот прогласи дека се дозволени неважни докази за трговска размена или царина за да се одлучи дали некој чист договор е всушност двосмислен и на овој начин со потребната употреба на неважечки докази да се одлучи неговото вистинско значење. Сложениот тест од два чекори, кој беше претставен во случајот Pacific gas and Electric, беше многу критикуван поради жестокото нарушување на правилото за усно сведочење, но сепак уште е закон во Калифорнија.
- Во Роланд против Кристијан, судот ги поништи разликите помеѓу различните видови луѓе кои доаѓаат во земјата и воведе општа должност за грижа во контекст на деликтот за небрежност.
- Во Луѓето против Андерсон, судот се потпре на уставната државна клаузула и ги забрани „суровите и невообичаени казни“ (забележи ја разликата од федеративната клаузула на Уставот за „сурова и невообичаена казна), за да ја поништи смртната казна во Калифорнија. Државното избирачко тело истата година брзо го отфрли Anderson со позната иницијатива, Предлог 17, кој ја поддржуваше „суровата и невообичаена“ клаузула, но прогласи дека смртната казна не е ниту сурова, ниту невообичаена.
- Во Груенберг против Aetna Ins. Co., судот драматично ја прошири формата на скриени намери на осигурувањето, за покрај првата страна во осигурувањето да ја опфати и третата страна од осигурувањето. Осигурувачите и осигурувањата од сите типови во Калифорнија сега се предмет на одговорност при деликт на прекршување на индиректен свечен договор за верба и праведно договарање.
- Во Ли против Cab Co., судот ја додаде и споредната небрежност како дел од Законот за деликт во Калифорнија и ја одби строгата небрежност како учесник.
- Во Тарасов против Regents of the Unisiversity of California, судот прогласи дека ментално здравите професионалци имаат должост да ги штитат поединците на кои им се заканува тешка телесна повреда. Со овластувањето на оригиналната одлука од 1974 година, поедниците беа предупредени, но резултатот на повторното сослушување во 1976 година ги повика на „должност за се заштити“ посакуваната жртва, што не бара потенцијаната жртва да биде информирана за заканата.
- Во Марвин против Марвин, судот пресуди во корист на воведувањето на договори за партнери кои не се во брак, јасно или индиректно, до степен до кој браковите не се формирани само на лажни сексуални услуги. Со други зборови, иако Калифорнија не го признава законот за див брак, луѓето кои живеат заедно долг период и ги делат своите средства имаат дозвола да ги застапуваат и остварат „брачните “ договори за поддршка и поделба на имот.
- Во Луѓето против Вилер, судот прогласи дека претставува прекршување на федеративното и државното уставно право за фер и непристрасно судење доколку обвинителот ја одбира поротата во расно пристрасен проблем. Имотот на Билер стана право за закон на земјата во важната одлука на врховниот суд во САД во случајот Батсон против Кентаки.
- Во Royal Globe против Superior Court, судот утврди индиректно приватно право на акцијата да спроведе клучна одреба за државниот Акт за неправедни практики, California Insurance Code Section 790.03, иако статутот имаше недостаток на јасно приватно право за акција. Контроверзната одлука ги овласти сопствениците на полиси за осигурување да ги тужат компаниите за осигурување за кое било прекршување на барањата во статутите или прописите, без оглед на тоа колку се мали или технички. Како одговор на неизбежната експлозија на безначајните тужби против осигурителите кои за време на осумдесеттите година на 20век ги преплавија државните судови во Калифорнија, американската осигурителна индустрија ги здружи силите со поддржувачите на смртната казна и го поддржа нивниот успешен напор за отпуштање на врховниот судија Роуз Бирд и двајца придружници од врховниот суд во 1986 година.
- Во Робинс против Pruneyard Shopping Center, судот утврди дека целосното право за слобода на говор во државниот устав вклучува индиректно право на слобода на говор во приватните шопинг центри. Врховниот суд на САД за возврат прогласи дека одлуките на државниот врховен суд не претставуваат „земање“ на шопинг центри под власта на федеративното уставно право.
- Во Синдел против Abbott Labaratories, судот воведе одговорност во пазарно учество за производителите на штетните производи кои можат да се заменат.
- Во Турпин против Сортини, судот стана првиот врховен суд кој дозволи причина за тужба при неправеден живот.
- Во Моранди против Fireman’s Fund Ins. Companies, судот ја одби својата контроверзна одлука во Royal Globe и прогласи дека не постои индиректно приватно право или дејство за да се спроведе Актот за неправедни практики против осигурителните компании. Ова повторно го врати поранешниот статус кво на Royal Globe, па само државниот комесар за осигурување имаше овлстување да ги брка осигурителните компании за мали барања, справувајќи се со проблеми. Но, сопствениците на осигурителните компании не беа целосно беспомошни, бидејќи осигурителните компании кои имаа незамисливи барања справувајќи се со прекршоци,можат да се тужат поради прекршување на договорот за скриени намери на осигурителните компании. Во Фоли против Interactive Data Corp. , судот ја ограничи одговорноста за деликт при прекршување на индиректен свечен договор за верба и праведно договарање на осигурителниот содржина и одби да го примени тоа на вработен.
- Во Тинг против Ла. Чуса, судот се повлече од проширување на NIED, претставен во Дилион и воведе непопустлив јасен тест за да се поправат во случаите со набљлудувалите на NIED. Одлуката во случајот Тинг, вклучи изјави на многу непријатели до тужителите, кои генерално го ограничија опсегот на поправување за деликтот од небрежност и штетите при емоционална болка во Калифорнија.
- Во Мур против Regents of the University of California, судот прогласи дека пациентите немаат право интелектуална сопственост во профитот од медицинските откритија направени со нивните делови од телото.
- Во American Acad. Of Pediatric против Лунгрен, судот откажа закон, барајќи согласност од родителите за абортуси за малолетници. Врховниот судија Џорџ, во повеќегласно мислење, придружено со судиите Чин и Вердегар изјави дека законот за согласност од родителите ја нарушува приватноста, изгласана во Уставот на државата во 1972 година. Судијата Кенард напиша две одделни мислења, повеќе согласувајќи се со повеќегласното мислење на врховниот судија Џорц. Судиите Моск, Бакстер и Брау одделно се спротивставија на одлуката на судијата.
- Во Temple Community Hospital против Superior Court, судот одби да дозволи деликтна причина за дејствување против независна страна за тужба за меѓународно уништување на докази кои можат да бидат одлучувачки за тужбата.
- Во In reMarriager of Bonds, судот прогласи дека предбрачниот договор на Бери Бонс може да се спроведе и е валиден.
- Во Comedy 3 production, Inc. против Saderup, судот ја поддржа уставноста на California Celebrities Right Act, кој обезбеуваше посмртно право за публицитет на починатите славни личности и со тоа ја потврди пресудата во корист на наследничката на Three Stooges.
- Во Венладн против Венланд, судот прогласи дека во отсуство на легално признаен метод на одлучување за тоа кој ќе донесува медицински одлуки во име на некомпетентен пациент, уставното право на живот и право на приватност им даваат специјална заштита на некомпетентните лица.
- Во IN re Marriage Cases, судот прогласи дека сексуалната ориентација е заштитена класа, која бара сторо набљудување, а со такво набљудување, законите кои забрануваат брак на лица од исти пол се неуставни во рамките на државниот устав. Државното избирачко тело го поништи делот од одлуката за брак истата година со пропишување на нова позната иницијатива, Предлог 8, но ја остави заштитата од дискриминација.
- Во Лу против Hawaiian Gardens Casino, Inc., судот прогласи дека методот на законска анализа, кој беше применет во неговата одлука Morandi-Shalal, од 1989 година, исто така се применува во сите статути на Калифорнија, заедно со статутот за анкетирање-без-мито, Labor Code 351. Иако законските права на Калифорнија може да се спроведат преку прииватни парничари, но само кога законодавството напишало јасно приватно право за тужба во самиот статут или коа постојат јасни докази за намерата на законодавството да дозволи такво право.
Наводи
уреди- ↑ Auto Equity Sales, Inc. v. Superior Court, 57 Cal. 2d 450 (1962). In Auto Equity Sales, the Court explained: "Under the doctrine of stare decisis, all tribunals exercising inferior jurisdiction are required to follow decisions of courts exercising superior jurisdiction. Otherwise, the doctrine of stare decisis makes no sense. The decisions of this court are binding upon and must be followed by all the state courts of California. Decisions of every division of the District Courts of Appeal are binding upon all the justice and municipal courts and upon all the superior courts of this state, and this is so whether or not the superior court is acting as a trial or appellate court. Courts exercising inferior jurisdiction must accept the law declared by courts of superior jurisdiction. It is not their function to attempt to overrule decisions of a higher court."
Надворешни врски
уреди- Врховен суд на Калифорнија на Ризницата ?