Дон Џовани
Дон Џовани (италијански:Don Giovanni; K. 527; полн наслов: Il dissoluto punito, ossia il Don Giovanni) е опера во два чина од Волфганг Амадеус Моцарт и италијанско либрето на Лоренцо да Понте. Операта се заснова на митовите од Тирсо де Молина за Дон Жуан, измислен женкар и заводник. Премиерно била изведена од Прашката италијанска опера во Националниот театар (на Бохемија), на 29 октомври 1787 година.[1] Иако понекогаш се класифицира како комика, во себе содржи комедија, мелодрама и натприродни елементи.
Дон Џовани | |
---|---|
Опера од В. А. Моцарт | |
Слика Франциско Д'Андраде во главната улога, од Макс Слевогт, 1912 | |
Изворно | Don Giovanni |
Либрето | Лоренцо да Понте |
Јазик | Италијански |
Според | Легендите за Дон Жуан |
Премиерна изведба | |
Датум | 29 декември 1787 |
Место | Национален театар, Прага |
Дон Џовани се смета за едно од врвните достигнувања на Моцарт и една од најдобрите опери на сите времиња.[2]
Компознирање и премиера
уредиОперата била нарачана по успехот на Моцарт за време на неговата турнеја во Прага во јануари и февруари 1787 година.[3]
Либретото од Лоренцо Да Понте е засновано на либретото од Џовани Бертати за операта Дон Џовани Тенорио, која била премиерно изведена во Венеција на почетокот од 1787 година.[4]
Дон Џовани требало премиерно да биде прикажан на 14 октомври 1787 година за време на посетата на надвојвотката Марија Тереза од Австрија. Бидејќи композицијата не била довршена, наместо неа била изведена операта Свадбата на Фигаро.[5] Моцарт го завршил компонирањето на операта на 28 октомври, еден ден пред нејзината премиера.[3]
Операта била премиерно изведена на 29 октомври 1787 г. во Прага под нејзиниот целосен наслов Il dissoluto punito ossia il Don Giovanni – Dramma giocoso in due atti (Развратникот казнет, или Дон Џовани, драма џикозо во два чина). Делото било прифатено со воодушевување.[6][6]
Улоги
уредиУлога | Тип на глас [7] | Прашка премиерна екипа, 29 октомври 1787 година [8] Диригент: В.А. Моцарт |
Виенската премиерна екипа, 7 мај 1788 година [6] Диригент: В.А. Моцарт |
---|---|---|---|
Дон Џовани, млад, крајно развратен благородник | баритон | Лујџи Баси | Франческо Албертарели |
Комендаторе (Дон Педро) | бас | Џузепе Лоли | Франческо Бусани |
Дона Ана, негова ќерка | сопран | Тереза Сапорити | Алојзија Вебер [б 1] |
Дон Отавио, свршеник на Дона Ана | тенор | Антонио Баљони | Франческо Морела |
Дона Елвира, дама од Бургос оставена од Дон Џовани | сопран | Катерина Мичели | Катерина Кавалиери [б 2] |
Лепорело, слуга на Дон Џовани | бас | Феличе Понзиани | Франческо Бенучи [б 3] |
Мазето, селанец | бас | Џузепе Лоли | Франческо Бусани |
Зерлина, свршеница на Мазето | сопран | Катерина Бондини [9] | Луиза Момбели |
Хор: селани, слуги, млади дами, музичари, демони |
Оркестарски состав
уредиИнструментацијата е:
- Дувачки инструменти: две флејти, две обои, два кларинета и два фагота
- Лимени дувачки инструменти: две хорни, две труби, три тромбони
- Ударни инструменти: тимпани
- Жичани инструменти: први виолини, втори виолини, виоли, виолончело и контрабаси
- Басо континуо во секо рецитативите на чембало и виолончело
- Мандолина [10]
Содржина
уредиДон Џовани е млад,[11] арогантен и сексуално промискуитетен благородник, кој ги злоупотребува и навредува сите останати сè додека не наиде на нешто што тој не може да го убие, претепа, избегне или надмудри.
Чин 1
уредиИма скандал во домот на Комендаторе: таа ноќ непознато маскирано лице влегува во одаите на неговата ќерка Дона Ана. Комендаторе кој се обидува да ја заштити нејзината чест е убиен. Непознатата личност е Дон Џовани, бесрамен развратник кој се крие под маската на благороден господар. Свршеникот на Ана, Дон Отавио брза да му помогне на Комендаторе, но тој пристигнува предоцна. Дона Ана и Дон Отавио ветуваат дека ќе ја одмаздат неговата смрт.
На плоштадот: Дон Џовани и неговиот слуга Лепорело слушаат песна на мистериозна непозната жена, чие лице е скриено под превез. Таа пее за тоа како нејзиниото либе ја оставило. Се испоставува дека мистериозната жена е Дона Елвира, која претходно Дон Џовани ја завел, ја побарал за жена и побегнал три дена подоцна. Откако Дон Џовани ќе ја препознае му наредува на Лепорело да ѝ ја каже вистината за него, а тој побегнува. Лепорело ѝ кажува на Дона Елвира дека Дон Џовани не е достоен за нејзините чувства кон него. Тој е неверен кон сите; успеал да заведе 640 жени и девојки во Италија, 231 во Германија, 100 во Франција, 91 во Турција, и 1003 во Шпанија. Елвира се колне дека ќе му се одмазди
Отворено поле: на сцената влегува брачна поворка со Мазето и Зерлина како зет и невеста, а Дон Џовани и Лепорело пристигнуваат веднаш по нив. Дон Џовани веднаш се заљубува во Зерлина и за да го отстрани љубоморниот Мазето му нуди му да организира свадбена прослава во неговиот замок. Дон Џовани и Зерлина наскоро се сами и тој веднаш почнува да ја заведува.
Пристигнува Дона Елвира и го прекинува во заведувањето („ Ah, fuggi il traditor “ – „Бегајте од предавникот!). Таа заминува со Зерлина. Влегуваат Дон Отавио и Дона Ана, кои подготвуваат одмазда за сѐ уште непознатиот убиец на таткото на Дона Ана. Дона Ана, незнаејќи дека зборува со убиецот го замолува за помош на Дон Џовани. Пред да може да одговори, се враќа Дона Елвира и им кажува на Дона Ана и на Дон Отавио дека Дон Џовани е заводник со лажно срце. Додека Дон Џовани заминува, Дона Ана одеднаш го препознава како убиец на нејзиниот татко и му ја раскажува на Дон Отавио приказната за неговиот упад, тврдејќи дека на почетокот била измамена затоа што очекувала ноќна посета од самиот Дон Отавио.
Лепорело го известува Дон Џовани дека сите гости од селската свадба се во куќата на Дон Џовани и дека Мазето не бил веќе љубоморен, ама кога Зерлина стигнала заедно со Дона Елвира, направила сцена и расипала сѐ. Сепак, Дон Џовани не е загрижен и му вели на Лепорело да организира забава и да ја покани секоја девојка што ќе ја најде. Потоа се упатуваат кон палатата на Дон Џовани. Дона Ана, Дона Елвира и Дон Отавио го следат Дон Џовани до неговиот замок.
Градина пред палатата на Дон Џовани: Зерлина бара прошка од својот вереник Мазето. Мазето не може да одолее на шармот на својата невеста, но ветува дека ќе се справи со подмолниот заводник. Тројца маскирани гости - маскираните Дон Отавио, Дона Ана и Дона Елвира - влегуваат во градината. Од балкон, Лепорело ги кани на забавата на својот господар. Ја прифаќаат поканата и Лепорело го напушта балконот.
Балската сала на Дон Џовани: Многу луѓе со маски, селани и селанки. Додека веселбата продолжува, Лепорело сака да му го одвлече вниманието на Мазето и почнува да танцува со него, а Дон Џовани ја води Зерлина вон сцената во приватна соба и се обидува да ја нападне. Кога Зерлина повикува за помош, Дон Џовани го влече Лепорело на сцената и го обвинува него дека ја нападнал Зерлина и му се заканува дека ќе го убие. Но, другите не му веруваат. Дон Отавио вади пиштол и го вперува во Дон Џовани, по што тројцата гости ги вадат маските и му кажуваат дека знаат сè. И покрај тоа што сите го осудуваат и е загрозен од сите страни, Дон Џовани останува смирен и успева да побегне – за момент.
Чин 2
уредиЛепорело повеќе не сака да му служи на Дон Џовани, но тој му нуди пари за да се смират. Дон Џовани веќе бара нови авантури. Тој сака да ја заведе слугинката на Дона Елвира и верува дека ќе му биде полесно ако пред нејзе излезе облечен во сиромашна облека. Дон Џовани му наредува на Лепорело да размени наметката и капата со него. Дона Елвира излегува на прозорецот. Дон Џовани се крие и го испраќа Лепорело облечен во наметката и капата на Дон Џовани. Скриен Дон Џовани пее дека се кае, и дека сака да се врати кај неа, а во спротивно ќе се самоубие. Во тие моменти Лепорело го глуми Дон Џовани и се обидува да не се насмее. Дона Елвира слегува на улица. Лепорело, продолжувајќи да го глуми Дон Џовани ја занимава Елвира, а Дон Џовани ѝ пее серенада на Елвирината слугинка со својата мандолина.
Пред да заврши Дон Џовани, се појавува Мазето со свои пријатели, и го Дон Џовани за да го убијат. Дон Џовани преоблечен како Лепорело (чија облека сè уште ја носи) се придружува на групата, и вели дека го мрази Дон Џовани. Откако со лукавство ги тера пријателите на Мазето да си заминат, Дон Џовани му го одзема оружјето на Мазето, го тепа и бега смеејќи се. Пристигнува Зерлина и го теши помодрениот и натепан Мазето.
Темен двор: Лепорело ја напушта Дона Елвира. Додека се обидува да избега, налетува на Дон Отавио и Дона Ана. На сцената се појавуваат и Зерлина и Мазето. Сите тие мислат дека Лепорело е Дон Џовани, чија облека тој сè уште ја носи. Тие го опкружуваат Лепорело и му се закануваат дека ќе го убијат. Дона Елвира се обидува да го заштити човекот за кој мисли дека е Дон Џовани, тврдејќи дека е нејзин сопруг и ги моли другите да го поштедат. Лепорело ја соблекува наметката на Дон Џовани и го открива својот вистински идентитет. Моли за милост и во првата прилика бега. Дон Отавио е сега убеден дека Дон Џовани го убил таткото на Дона Ана (покојниот Комендаторе).
Во виенската верзија на операта, Зерлина тргнува по Лепорело и го фаќа. Под закана со жилет го врзува за столче. Зерлина оди да ги најде Мазето и другите; Лепорело повторно бега пред да се врати. Оваа сцена денес ретко се изведува. Исто така, во виенската верзија, Дона Елвира сè уште е бесна на Дон Џовани затоа што ја изневерил, но и жали за него.
Гробишта со статуа на Комендаторе: Дон Џовани талка низ гробиштата. Доаѓа Лепорело и му кажува на Дон Џовани дека побегнал од опасност, а Дон Џовани се смее на авантурите на Лепорело. Го прекинува гласот на статуата со предупредување до Дон Џовани дека неговата смеа ќе ја снема до следното изгрејсонце. Лепорело го чита натписот на статуата: „Еве ме како ја чекам одмаздата против никаквецот што ме уби“ („Dell'empio che mi trasse al passo estremo qui presento la vendta“). Слугата е исплашен, но Дон Џовани со презир му наредува да ја покани статуата на вечера. Лепорело се обидува да ја покани статуата на вечера, но е премногу исплашен за да ги доврши речениците. Дон Џовани самиот ја кани статуата на вечера. На негово големо изненадување, статуата кимнува со главата и потврдно одговара.
Собата на Дона Ана: Дон Отавио ја притиска Дона Ана да се омажи за него, но таа мисли дека тоа пребрзо по смртта на татко ѝ.
Во одаите на Дон Џовани: Дон Џовани ужива во оброкот сервиран од Лепорело и забавата додека оркестарот свири музика од популарни (во тоа време) опери од крајот на 18 век. Влегува Дона Елвира, и за последен пат го моли Дон Џовани да се вразуми и да се врати на праведниот живот. Тој ја исмева. Повредена и лута, Дона Елвира се откажува и заминува. Вон сцената, таа вреска од ужас. Дон Џовани му наредува на Лепорело да види што ја вознемирило. И Лепорело вика и со трчање се враќа во собата. Со пелтечење кажува дека статуата си го одржала ветувањето и се појавила на ручекот. На вратата се слуша тропање. Лепорело, парализиран од страв, не може да одговори, па Дон Џовани сам го отвора, и се појавува статуата на Комендаторе. Статуата му нуди последна шанса да се покае додека смртта го стасува, но Дон Џовани категорично одбива. Статуата исчезнува и Дон Џовани плаче од болка и ужас опкружен со хор од демони, кои го носат во пеколот. Лепорело, гледајќи од под масата, исто така плаче од страв.
Пристигнуваат Дона Ана, Дон Отавио, Дона Елвира, Зерлина и Мазето, и го бараат никаквецот. Го наоѓаат само Лепорело како се крие под масата, потресен од натприродниот ужас. Тој ги уверува дека никој никогаш повеќе нема да го види Дон Џовани. Останатите ликови ги кажуваат своите планови за иднината: Дона Ана и Дон Отавио ќе се венчаат по една година на жалост на Дона Ана; Дона Елвира ќе се повлече од друштвениот живот до крајот на својот живот; Зерлина и Мазето конечно ќе одат дома на вечера; а Лепорело ќе оди во ан за да најде подобар господар.
Групата го кажува наравоучението на операта – „Вака завршува злосторникот: смртта на грешникот секогаш е одраз на неговиот живот“ ( Questo è il fin di chi fa mal, e de' perfidi la morte alla vita è semper ugual ).
Поврзано
уредиНаводи и извори
уредиНаводи
- ↑ The theatre is referred to as the Teatro di Praga in the libretto for the 1787 premiere (Deutsch 1965 ); for the current name of the theatre see "The Estates Theatre" Архивирано на 27 септември 2011 г. at the Prague National Theatre website.
- ↑ „The 20 Greatest Operas of All Time“. Classical Music.
- ↑ 3,0 3,1 The background of the production is summarized in Freeman 2021 .
- ↑ See Freeman 2021 , for a discussion of Da Ponte's vague specification, including a theory about why it is so vague that is based on suspiciously archaic cultural references incompatible with the modern city of Seville as it existed in Da Ponte's day.
- ↑ Mozart's letter sent to Gottfried von Jacquin, dated 15 October
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Deutsch 1965.
- ↑ Page 2 of the score at NMA
- ↑ Casaglia 2005.
- ↑ Abert 2007.
- ↑ Sparks, Paul (1995). The Classical Mandolin. Oxford: Clarendon Press. стр. 3–4. ISBN 978-0-19-517337-6.
The mandoline is today (1843) so neglected that, in the theatres where Don Giovanni is staged, it is always a problem to execute the serenade...it has become allowed almost everywhere...to play the mandoline part in Don Giovanni on pizzicato violins or on guitars.
- ↑ Don Giovanni Schirmer piano-vocal score ISBN 079351231X, page iv
- ↑ Weber, Mozart's sister-in-law, frequently sang in his works.
- ↑ Cavalieri was the first Konstanze in Die Entführung aus dem Serail.
- ↑ Benucci was the first Figaro in Le nozze di Figaro.
Извори
- Abert, Hermann (2007). Cliff Eisen (уред.). W. A. Mozart. Преведено од Stewart Spencer. Yale University Press. ISBN 978-0300072235.
- Deutsch, Otto Erich (1965). Mozart: A Documentary Biography. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0233-1.
- Freeman, Daniel E. (2021). Mozart in Prague. Edina, Minnesota: Calumet Editions. ISBN 9781950743506.
- Gounod, Charles (1970). Mozart's Don Giovanni: A Commentary (from the third French edition of Le Don Juan de Mozart, London, R. Cocks, 1895). Преведено од Windeyer Clark; J. P. Hutchinson. New York: Da Capo Press.
- Kierkegaard, Søren (1992). Victor Eremita (уред.). Either/Or (abridged, translated, and with an introduction and notes, by Alastair Hannay). London: Penguin.
Дополнителна литература
уреди- Аланбрук, ВЈ (1983). Ритмички гест во Моцарт: Le nozze di Figaro и Дон Џовани Чикаго. (прегледан во Платоф, Џон. „Без наслов“. Журнал за музикологија, кн. 4, бр. 4 (1986). стр. 535-538).
- Бејкер, Дури А. (1993): Продукцијата на Алфред Ролер на Моцартовиот Дон Џовани – Прекин во сценските традиции на виенската дворска опера . Универзитетот во Њујорк .
- Бејкер, Фелисити (2021) (уредено од Магнус Тесинг Шнајдер). Причините на Дон Џовани: Мисли за ремек-дело . Берн: Питер Ланг.
- Да Понте, Лоренцо . Дон Џовани од Моцарт . Довер публикации, Њујорк, 1985 година. Музика и писма, том 19, бр. 2 (април 1938). стр. 216-218)
- Гер, Лидија; Хервиц, Даниел А. (2006). Моментот на Дон Џовани: Есеи за наследството на една опера . Универзитетот за печат на Колумбија, Њујорк.
- Камински, Петар (1996). „Како да се прават работите со зборови и музика: кон анализа на избрани ансамбли во Моцартовиот Дон Џовани“. Теорија и пракса
- Мелиц, Лео (1921): Целосен водич на операта Гер
- 978-0-393-06609-8
- ; препечатено во Theatre Research viii (1973), 60–74 и во 978-9024719952
- Раштон, Џулијан Г. (1981). В.А. Моцарт: Дон Џовани „Кембриџ. (рецензирана во Стернфелд, ФВ „Без наслов“. Музика и писма, кн. 65, бр. 4 (октомври 1984) стр. 377-378)
- Шнајдер, Магнус Тесинг (2021). Оригинален портрет на Моцартовиот Дон Џовани . Abingdon и Њујорк: Routledge. СЛОБОДЕН ПРИСТАП
- Schünemann, Georg and Soldan, Kurt (превод Стенли Апелбаум) Дон Џовани: Комплетна оркестарска и вокална партитура Довер 1974 година
- Тајсон, Алан . „Некои одлики на автограмот на Дон Џовани “, Израелски студии по музикологија (1990), 7–26
Надворешни врски
уреди- Libretto, critical edition, diplomatic edition, source evaluation (German only), links to online DME recordings; Digital Mozart Edition
- [[scores:Category:{{{id}}}|Слободни партитури од Don Giovanni]] од проектот „Меѓународна библиотека на партитури“
- Opera Guide Synopsis (4 languages), libretto (German, English, Italian), highlights
- Opera in a nutshell Soundfiles (MIDI)
- Piano/vocal score of Don Giovanni from Indiana University Bloomington
- Synopsis and libretto Архивирано на 13 октомври 2012 г. from Naxos Records
- Libretto, Italian, English
- Roles, arias, libretto (Italian, English)
- San Diego OperaTalk! with Nick Reveles: Don Giovanni
- (на германски) Don Giovanni Архивирано на 25 февруари 2018 г., production photos, synopsis (на германски)
- Portrait of the opera in the online opera guide www.opera-inside.com