Лоренцо да Понте
Лоренцо да Понте (10 март 1749, Ченедо - 17 август 1838, Њујорк) — италијански либретист и преведувач. Автор на 28 либрета за дела од 11 композитори, меѓу кои и опери од Моцарт и Салиери.
Биографија и творештво
уредиЛоренцо да Понте (роден како Емануеле Конељано) е роден во градот Ченедо во Венецијанската Република (денешен Виторио Венето) во еврејско семејство. Неговата мајка починала во 1754 година, а по нејзината смрт татко му се преженил, поради што тој и неговите деца се преобратиле во католичка вера. На крштевката, Емануеле го зел името на бискупот кој го крштевал, Лоренцо да Понте. Од 1769 година студирал теологија во Портогруаро, а во 1773 година се замонашил.[1] Од 1774 до 1776 година, да Понте како опат предавал литература и елоквентност во богословијата во Тревизо. Но, поради своите радикални ставови (да Понте го обожавател Русо) и недолично однесување бил протеран од Тревизо, а потоа и од Венеција, каде што Казанова му бил близок познаник.
Во 1782 година, Лоренцо да Понте заминал за Виена и, по барање на дворскиот композитор Антонио Салиери, станал дворски поет-либретист. Овде да Понте напишал три од своите најпознати либрета, засновани на композициите од В. А. Моцарт: „Свадбата на Фигаро“, „Дон Џовани“ и „Така прават сите“. Напишал либрета и за опери од Салиери (Талисман, Богаташ на еден ден, Аксур, Кралот од Хормуз, Верниот овчар, Цифра), Јозеф Вајгл, Висенте Мартин и Солер и други композитори.
Во 1790 година, да Понте ја изгубил работата и заминал во Трст, каде ја запознал својата идна сопруга, Англичанката Ненси Грал. Живеел во Прага и Дрезден, Париз и Лондон. По тринаесетгодишна соработка со денес заборавени композитори, Да Понте емигрирал во Америка во 1805 година.
Престојот во САД
уредиВо Америка, Лоренцо да Понте превел неколку англиски дела на италијански, напишал мемоари - „Мемоарите на Лоренцо да Понте од Ченеда, напишани од него“ (1823-1827). Предавал италијанска книжевност на Универзитетот Колумбија во Њујорк и бил првиот католички свештеник на универзитетската катедра. Во 1826 година ја организирал американската премиера на операта Дон Џовани (Марија Малибран ја отпеала Зерлина). Во 1828 година, на 79-годишна возраст, Лоренцо да Понте добил државјанство на САД.
Лоренцо да Понте починал во Њујорк на 89 годишна возраст. Бил погребан во Бруклин.