Доналд Главер

американски глумец и рапер

Доналд Мекинли Главер Помладиот (англ. Donald Glover; роден на 25 септември 1983), познат и по неговото уметничко име Чајлдиш Гембино (англ. Childish Gambino) ― американски глумец, комичар, пејач, рапер, писател, режисер и продуцент. Од 2016 до 2022 година, тој глумел во серијата Атланта, за која исто така бил сценарист и повремен режисер.[1] За серијата освоил многу признанија, меѓу кои и две „Еми“ награди за серија во ударен термин [2] и две награди „Златен глобус“.[3]

Доналд Главер
Главер на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, 2015 година
Роден(а)Доналд Мекинли Главер Помладиот
25 септември 1983(1983-09-25)(41 г.)
Воздухопловната база Едвардс, Калифорнија, САД
ОбразованиеЊујоршки универзитет (Диплома по применета уметност)
Занимање
  • Глумец
  • комичар
  • пејач
  • рапер
  • сценарист
  • продуцент
  • режисер
Активен период2004–денес
СопружникМишел Вајт (в. 2024)
Деца3

Главер глумел во неколку филмови: натприродниот хорор Ефектот на Лазар (2015), комедијата Магичниот Мајк XXL (2015), научно-фантастичниот филм Марсовец (2015), Спајдермен: Враќање дома (2017) и Соло: приказна од војните на ѕвездите (2018).[4] Тој го позајмил гласот на возрасниот Симба во Кралот Лав (2019)[5] и го продуцирал краткиот филм Островот Гвава (2019), во кој и глумел.[6] Тој е косценарист на хумористичната телевизиска серија Swarm (2023–денес). Во 2024 година, тој ја создал и глуми во серијата Господин и госпоѓа Смит.

Во 2011 година, Главер потпишал договор со Glassnote Records[7] и го издал неговиот прв студиски албум Camp (2011).[8] Неговиот сингл од 2016 година „Redbone“ освоил Греми награда за најдобра традиционална R&B изведба.[9] Синглот на Главер од 2018 година, „This Is America“ дебитирал на врвот на Billboard Hot 100,[10] и победил во сите категории за кои бил номиниран на 61-то доделување на Греми наградите: Запис на годината, песна на годината, најдобра рап изведба и најдобро музичко видео; песната влегла Гинисовата книга на рекорди како прва хип-хоп-песна која победила во категориите запис и песна на годината.[11][12]

Детство и образование

уреди

Доналд Мекинли Главер Помладиот[13] е роден на 25 септември 1983 година во Едвардс, Калифорнија;[14] детството го поминал во Стоун Маунтин, во близина на Атланта, Џорџија.

Доналд Главер учел во средното училиште Авондејл и уметничкото училиште ДеКалб. Во 2006 година, тој дипломирал на отсекот драмско пишување на Факултетот за уметност Тиш при Њујоршкиот универзитет.[15] Додека бил во Тиш, тој сам го продуцирал микстејпот The Younger I Get, кој не бил објавен.[16] Тој станал диџеј и да почнал да прави електронска музика под името MC DJ (подоцна како mcDJ)[17] со ремикс на албумот од Суфјан Стивенс, Illinois (2005).[18]

Кариера

уреди

2006–2010: Улоги во комедии и микстејпи

уреди

Од 2006 до 2009 година, бил еден од сценаристите на телевизиската серија на NBC, 30 Rock, во која и повремено глумел.[19] Во 2008 година, тој и другите косценаристи од серијата добиле награда од Здружението на сценаристи на Америка за „Најдобра комична серија“.[20] Додека студирал на Њујоршкиот универзитет, Главер станал член на скеч-групата Дерик Комеди.[21] Групата напишала сценарио и глумела во долгометражниот филм, Мистериозен тим (англ. Mystery Team)кој бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2009 година.[22] Главер имал главна улога во ситкомот Заедница (англ. Community) на NBC, премиерно прикажана во септември 2009 година.

 
Главер на панел за PaleyFest во 2010 година

Естрадното име на Главер, Чајлдиш Гембино, кое го користел за да ја започне неговата музичка кариера, потекнува од генератор на имиња од Wu-Tang Clan.[23] Во јуни 2008 година, тој издал микстејп под наслов Sick Boi.[16] Во септември 2009 година, тој го објавил неговиот втор микстејп Poindexter.[16] Два микстејпа под наслов I Am Just a Rapper и I Am Just A Rapper 2, биле објавени за кратко време во 2010 година, а Culdesac, неговиот трет микс, бил објавен во јули истата година.[24]

Главер ја добил наградата „Ѕвезда во подем во комедија“ на фестивалот Just for Laughs во јули 2010 година.[25]

2011–2014: Први студиски албуми

уреди
 
Главер настапува под името Чајлдиш Гембино во Bowery Ballroom во Њујорк во 2010 година

Неговиот прв мини-албум, под наслов ЕР, бил објавен во март 2011 година.[26]

Пред објавувањето на неговиот прв студиски албум, Главер потпишал со Glassnote Records.[27] Албумот под наслов Camp, бил издаден на 15 ноември 2011 година, а бил поддржан од неговиот прв сингл „Bonfire“ и од „Heartbeat“.[28] Camp дебитирал на единаесеттото место на Билборд 200[29] и бил добро прифатен од критичарите.[30] Стив Лепор од PopMatters напишал дека тоа била „несомнено една од најдобрите плочи од сите жанрови издадени во 2011 година“.[31]

Главер на својата веб-страница во април и мај 2012 година ги објавил песните „Eat Your Vegetables“ и „Fuck Your Blog“.[32] Соработувал со британската пејачка Леона Луис како рапер на синглот „Trouble“ од нејзиниот албум Glassheart (2012). Во 2013 година, Главер потпишал договор со ТВ-каналот FX за продукција на музичка емисија под наслов Атланта.[33] Тој имал споредна улога во романтичната комедија The To Do List (2013) и гостувал во две епизоди од хумористичната телевизиска серија „Девојки“ на почетокот од 2013 година.[34][35]

 
Главер на фестивалот South by Southwest во 2014 година

Неговиот втор студиски албум, Because the Internet, бил издаден во декември 2013 година[36] и дебитирал на седмо место Билборд 200.[28] За да го промовира албумот, Главер напишал краток филм Ракоплескање од погрешни причини.[37] Од февруари до мај 2014 година, тој бил на турнеја под наслов „The Deep Web Tour“.[38]

На 2 октомври 2014 година, тој објавил микс под наслов STN MTN, а следниот ден објавил ЕР под наслов Kauai.[39] На 57-то доделување на Греми наградите, тој бил номиниран за Греми за „Најдобар рап-албум“ за Because the Internet и за „Најдобра рап-изведба“ за „3005“.[40]

2015–2017: Филмски улоги и следни албуми

уреди

Во 2015 година, Главер глумел во три филма. Во Ефектот на Лазар (англ. The Lazarus Effect) глумел научник кој во соработка со тим истражувачи оживуваат мртовци со катастрофални последици.[41] Главер глумел пејач во комичната драма Магичниот Мајк (англ. Magic Mike XXL) во која извел преработка на песната „Marry You“ од Бруно Марс.[42] Во неговиот трет филм таа година, научно-фантастичната адаптација од Ридли СкотМарсовец“, Главер глуми астродинамичар во Лабораторијата за млазен погон кој помага во спасувањето на астронаут, кој го игра Мет Дејмон, заглавен на Марс.[42] Главер придонел за саундтракот на Крид (2015), филм од серијата филмови Роки.[43]

Серијата Атланта премиерно почнала да се прикажува на 6 септември 2016 година и добила многу позитивни критики.[44][45][46] Главер го пишувал сценариото, повремено ја режирал серијата, бил извршен продуцент и го глумел ликот на Ернест Маркс.[47] За неговиот придонес во серијата, Главер добил Златен глобус за: „Најдобра телевизиска серија - мјузикл или комедија“ и „Најдобар глумец во телевизиска серија - мјузикл или комедија“ и „Еми“ за серија во ударен термин во категориите: „Извонреден глумец во главна улога во комична серија“ и „Извонредна режија за комична серија“, со што станал прв црнец кој освоил Еми за режија на комична серија.[3][48][49] Поради успехот на серијата, FX потпишале со Главер ексклузивен договор за сценарио и продукција на повеќе емисии за ТВ-мрежата.

Во декември 2016 година, Главер го издал неговиот трет студиски албум „Awaken, My Love!“.[50] Албумот се сметал за смело отстапување од неговиот вообичаен хип-хоп-стил бидејќи Главер најчесто пеел наместо да рапува и бил под влијание од психоделичната соул, фанк и R&B музика.[51][52] Албумот бил позитивно примен од музичките критичари и на Греми наградите во 2018 година бил номиниран за албум на годината и за најдобар урбан современ албум, а синглот од тој албум „Redbone“ ја освоил наградата за Најдобра традиционална R&B изведба и бил номиниран за запис на годината и најдобра R&B песна.[53][54]

Во 2017 година, Главер го глумел криминалецот Арон Дејвис во суперхеројскиот филм Спајдермен: Враќање дома (2017). Во април 2017 година, Тајм го ставил Главер на нивниот годишен список од „100 највлијателни луѓе во светот“.

2018–2020: Издавање на синглот „This Is America“ и албумот 3.15.20

уреди

Главер потпишал со RCA Records во јануари 2018 година.[55][56] Во мај 2018 година, тој објавил сингл насловен „This Is America“.[56] Песната дебитирала на прво место и станала негова прва песна која се искачила на врвот на топ-листата во САД.[10] „This Is America“ освоила Греми за песна на годината, најдобро музичко видео, најдобра рап/испеана изведба и запис на годината и станала прва рап песна која ја освоила наградата за запис на годината.[57][58]

 
Главер (лево) го промовира Соло со Фиби Волер-Бриџ во 2018 година

За време на снимањето на втората сезона од Атланта, Главер го глумел ликот на Ландо Калисијан во Соло: Приказна за војните на ѕвездите (2018).[59] И покрај турбулентната продукција на филмот и слабиот успех на кино-благајните, изведбата на Главер била пофалена, а особено од критичарката Стефани Захарек за неговата „непослушна, харизматична елеганција“.[60][61][62] Во јули 2018 година, Главер го издал мини-албумот Summer Pack.[63][64]

Во февруари 2018 година, Главер глумел во филомот Островот Гуава, по сценарио на Стивен Главер и режиран од Хиро Мураи, а бил снимен на Куба. Во него Главер глуми музичар кој е решен да организира фестивал во својата татковина, а Ријана има улога на како негова девојка и муза.[65][66] Филомот бил објавен во 2019 година и по премиерата во Coachella, добил позитивни критики.[67][68]

Неколку дена по настапот на Coachella во април 2019 година, Главер премиерно ја претставил новата песна „Algorythm“.[69] Се очекувало Главер да издаде уште еден албум според условите од договорот кој Главер го потпишал со RCA Records во јануари 2018 година.[70]

Главер го позајмил гласот на возрасниот Симба, насловниот протагонист во Кралот Лав (2019), римејк на истоимениот филм од 1994 година.[71] Главер пеел на саундтракот од филмот и на албумот The Lion King: The Gift, со песни инспирирани од филмот.[72] Иако добил мешани критики, филмот заработил 1,6 милијарди дилари и еден од филмовите со најголема заработка на сите времиња.[73]

На 15 март 2020 година, Главер на неговата веб-страница Donald Glover Presents го објавил неговиот изненадувачки четврти албум. Како гости на албумот се појавуваат раперот 21 Savage и Аријана Гранде.[74] Следната недела албумот бил објавен на дигитални услуги под името 3.15.20.[75] Тој бил добро прифатен од музичките критичари и дебитирал на 13-то место на Билборд 200.[76][77]

2021–денес: Нови телевизиски серии и објавување на албумот Atavista

уреди

Во 2021 година, Главер потпишал целосен договор со Amazon Studios.[78] Било најавено дека тој ќе биде продуцент и ќе глуми во телевизиската адаптација на филмот од Даг Лиман од 2005 година „Господин и г-ѓа Смит“.[79] Третата и четвртата сезона од серијата Атланта премиерно почнале да се прикажуваат на 24 март 2022 година и на 15 септември 2022 година, соодветно.[80]

Главер ја креирал телевизиската серија Swarm, во која глумат Доминик Фишбек, Демсон Идрис и Клои Бејли. Тој бил режисер и извршен продуцент на серијата и таа била прв проект од неговиот договор со Amazon Studios.[81][82] Во април 2023 година, Главер потврдил дека повторно ќе глуми во ситкомот „Заедница“.

Во април 2024 година, за време на радио пренос на продуцентската куќа на Главер, GILGA, Главер навел дека планира да го реиздаде албумот 3.15.20 како „завршен“ албум под наслов Atavista, како и дека подготвува нов албум. Главер рекол дека новиот албум ќе биде последен албум на Чајлдиш Гембино и дека всушност ќе биде саундтрак за претстојниот филм под наслов Бандо Стоун во Новиот свет.[83][84] Во мај 2024 година, Главер го издал албумот Atavista.[85]

Личен живот

уреди

Во мај 2015 година, Главер започнал врска Мишел Вајт;[5] тие се венчале во јануари 2024 година.[86][87] Тие имаат три сина[88][89][90] Главер е познат како личност која ја цени приватноста и ретко објавува на социјалните мрежи и ретко прави интервјуа.

Дискографија

уреди
  • Camp (2011)
  • Because the Internet (2013)
  • "Awaken, My Love!" (2016)
  • 3.15.20 (2020)[note 1]
  • Bando Stone in the New World (2024)

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Наслов Оригинален наслов Глумец Сценарист Продуцент Улога Забелешка
2009 Мистериозен тим Mystery Team да да Извршен Џејсон Роџерс Исто и композитор
2011 Мапети The Muppets да не не Камео
2013 The To Do List да не не Дерик
2014 Alexander and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day да не не Грег
2015 Ефектот на Лазар The Lazarus Effect да не не Нико
Магичниот Мајк XXL Magic Mike XXL да не не Андре
Марсовец The Martian да не не Рич Пурнел
2017 Спајдермен: Враќање дома Spider-Man: Homecoming да не не Арон Дејвис
2018 Соло: Приказна за војна на ѕвездите Solo: A Star Wars Story да не не Ландо Карлисијан
2019 Островот Гуава Guava Island да да да Дени Марун Исто и саундтарк
Кралот Лав The Lion King да не не Симба Гласовна улога
2023 Spider-Man: Across the Spider-Verse да не не Арон Дејвис
2024 Муфаса: Кралот Лав Mufasa: The Lion King да не не Симба Гласобна улога

Кратки филмови

уреди

Телевизија

уреди

Наводи

уреди
  1. Wilstein, Matt (September 6, 2016). „Donald Glover stars in a new TV show about rappers in the Atlanta scene“. The Daily Beast. Архивирано од изворникот на September 7, 2016. Посетено на September 7, 2016.
  2. „Donald Glover | Television Academy“. Television Academy. Архивирано од изворникот на September 20, 2017. Посетено на September 19, 2017.
  3. 3,0 3,1 Berg, Madeline. „Donald Glover Wins Big For 'Atlanta' At The Golden Globes“. Forbes. Архивирано од изворникот на September 20, 2017. Посетено на September 19, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. „Donald Glover cast as young Lando Calrissian in upcoming Han Solo Star Wars stand-alone film“. Star Wars. Архивирано од изворникот на February 7, 2017. Посетено на October 21, 2016.
  5. 5,0 5,1 Mandell, Andrea (July 16, 2019). „Donald Glover: From redoing Simba after losing his father to his funny Blue Ivy encounter“. USA Today. Архивирано од изворникот на July 18, 2019. Посетено на July 18, 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „USAToday“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. Moreau, Jordan (April 16, 2019). 'Guava Island' Explained: Understanding Donald Glover and Rihanna's Surprise Film“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на February 19, 2020. Посетено на December 30, 2019.
  7. Празен навод (help)
  8. Stover, Michael (December 5, 2016). „Why 5 years later Childish Gambino's 'Camp' is still a genius album“. Blavity (англиски).
  9. Hodge, Kyle (January 29, 2018). „Childish Gambino Wins First-Ever Grammy With "Redbone". Highsnobiety.
  10. 10,0 10,1 Празен навод (help)
  11. „First rap song to win the Grammy Award for Song of the Year“. Guinessworldrecords.com.
  12. „Childish Gambino“. GRAMMY.com (англиски). November 19, 2019. Архивирано од изворникот на October 9, 2019. Посетено на December 19, 2019.
  13. Jules, Anna (June 16, 2015). „5 things you didn't know about Donald Glover“. AXS. Архивирано од изворникот на August 1, 2016. Посетено на May 12, 2018.
  14. Lewis, Pete. „Childish Gambino: Growing Gains“. BluesandSoul.com. Архивирано од изворникот на September 20, 2012. Посетено на January 16, 2016.
  15. „Donald Glover“. NBC. Архивирано од изворникот на October 30, 2019. Посетено на October 30, 2019.
  16. 16,0 16,1 16,2 Mench, Chris (August 26, 2015). „But I'm Not a Rapper: Everything You Need to Know About Childish Gambino's First Three Mixtapes“. Complex. Архивирано од изворникот на February 2, 2018. Посетено на February 1, 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „MenchComplex“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  17. „Childish Gambino releases surprise song This is America“. BBC News. May 6, 2018. Архивирано од изворникот на May 9, 2018. Посетено на May 11, 2018. The artist has said his next album will be his last under his musical stage name.
  18. Wilcox, Dan (May 11, 2011). „Guest DJ Project: Donald Glover“. KCRW. Архивирано од изворникот на June 23, 2018. Посетено на January 5, 2018.
  19. Cobb, Kayla (September 25, 2018). „Never Forget That Donald Glover Played '30 Rock's Young Tracy Jordan“. Decider (англиски). Архивирано од изворникот на December 30, 2019. Посетено на December 30, 2019.
  20. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  21. Kavner, Lucas (September 6, 2016). „Donald Glover's Long, Strange Trip From Atlanta to Atlanta“. Vulture. Архивирано од изворникот на November 4, 2019. Посетено на November 4, 2019.
  22. Bramesco, Charles (August 28, 2019). „Remembering "Mystery Team", the Forgettable Film Donald Glover Can't Erase“. InsideHook. Архивирано од изворникот на December 30, 2019. Посетено на December 30, 2019.
  23. „Tracing the Career Arc of Donald Glover, a Bonafide Quintuple Threat“. Vulture. July 11, 2019. Архивирано од изворникот на July 11, 2019. Посетено на October 7, 2019.
  24. Vitcavage, Adam (November 16, 2011). „15 Essential Pre-Camp Childish Gambino Songs“. Paste. Архивирано од изворникот на February 2, 2018. Посетено на February 1, 2018.
  25. „Aziz Ansari & Donald Glover To Be Honored in Montreal“. Access Hollywood. June 24, 2010. Архивирано од изворникот на November 6, 2018. Посетено на December 26, 2010.
  26. Roberts, Steven (March 8, 2011). „Donald Glover Releases Untitled EP“. MTV.com. Архивирано од изворникот на April 12, 2011. Посетено на April 10, 2011.
  27. Празен навод (help)
  28. 28,0 28,1 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „BillboardChartHistory“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  29. ajacobs (November 23, 2011). „Hip Hop Album Sales: The Week Ending 11/20/2011“. HipHopDX. Архивирано од изворникот на January 23, 2015. Посетено на May 22, 2016.
  30. „Camp by Childish Gambino Reviews and Tracks“. Metacritic. Архивирано од изворникот на September 20, 2012. Посетено на February 5, 2018.
  31. Lepore, Steve (November 23, 2011). „Childish Gambino: Camp“. PopMatters. Архивирано од изворникот на June 7, 2012. Посетено на June 5, 2012.
  32. Gleason, Becca (April 2, 2012). „New Childish Gambino Track! "Eat Your Vegetables". Nedist. Архивирано од изворникот на June 16, 2018. Посетено на February 5, 2018.
  33. Andreeva, Nellie (August 6, 2013). „Donald Glover To Create And Star In Music-Themed FX Comedy Series Project“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на February 3, 2018. Посетено на February 5, 2018.
  34. Buchanan, Kyle (August 29, 2012). The To-Do List Teaser: Aubrey Plaza Gets Some“. Vulture. Архивирано од изворникот на February 6, 2018. Посетено на January 6, 2018.
  35. Dekel, Jon (January 10, 2014). „Lena Dunham 'knows what she's doing,' Donald Glover says of the Girls creator and her controversies“. National Post. Посетено на February 6, 2018.
  36. Goddard, Kevin (October 4, 2013). „Childish Gambino Reveals That Sophomore Album Is Done“. HotNewHipHop.com. Архивирано од изворникот на October 13, 2013. Посетено на December 10, 2013.
  37. Jenkins, Craig (December 12, 2013). „Childish Gambino: Because the Internet Album Review“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на May 13, 2018. Посетено на February 5, 2018.
  38. „Childish Gambino Lures Fans To Cop Tickets For His Deep Web Tour With Faux Adult Site“. Vibe. January 7, 2014. Архивирано од изворникот на October 30, 2019. Посетено на October 30, 2019.
  39. Празен навод (help)
  40. Празен навод (help)
  41. Foutch, Haleigh (February 26, 2015). „Donald Glover Talks The Lazarus Effect, Magic Mike XXL, and Ridley Scott's The Martian“. Collider. Архивирано од изворникот на February 6, 2018. Посетено на February 6, 2018.
  42. 42,0 42,1 Празен навод (help)
  43. Corrigan, Graham (December 2, 2015). „From Childish Gambino to 'Creed': Producer Ludwig Goransson's Grand Vision“. Pigeons & Planes. Complex. Архивирано од изворникот на January 6, 2016. Посетено на September 16, 2016.
  44. FX press release (October 15, 2015). "Atlanta" Ordered to Series on FX – Comedy Created by and Starring Donald Glover Picked Up for 10-Episode First Season“. The Futon Critic. Посетено на January 22, 2016.
  45. Calvario, Liz (August 12, 2016). 'Atlanta' Trailer: Donald Glover Aspires To Achieve Greatness In New FX Dramedy“. IndieWire. Архивирано од изворникот на August 22, 2016. Посетено на August 20, 2016.
  46. Lockett, Dee (January 8, 2017). „Donald Glover 'Trojan Horsed' FX to Get Atlanta Made“. Vulture. Архивирано од изворникот на June 9, 2019. Посетено на October 15, 2020. Atlanta may be one of the best shows of 2016 and now officially a Golden Globe winner, taking home two awards including Best Comedy and Best Actor for Donald Glover, but its universal acclaim all goes back to one little white lie.
  47. Празен навод (help)
  48. Danielle Turchiano (September 18, 2017). „Donald Glover Wins Emmy For Lead Actor in a Comedy Series“. Variety. Архивирано од изворникот на September 18, 2017. Посетено на September 18, 2017.
  49. „Donald Glover Is First Black Director To Win An Emmy in Comedy | HuffPost“. HuffPost. September 18, 2017. Архивирано од изворникот на September 18, 2017. Посетено на September 18, 2017.
  50. Празен навод (help)
  51. Josephs, Brian (December 5, 2016). „Review: Childish Gambino Is Actually Good Now“. Spin. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на December 8, 2016.
  52. Sendra, Tim. „Awaken, My Love! – Childish Gambino“. AllMusic. Архивирано од изворникот на December 8, 2016. Посетено на December 8, 2016.
  53. „Reviews for "Awaken, My Love!" by Childish Gambino“. Metacritic. Архивирано од изворникот на December 9, 2016. Посетено на January 10, 2018.
  54. „Childish Gambino“. Grammy Awards website. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на July 28, 2018. Посетено на February 10, 2018.
  55. Halperin, Shirley; Aswad, Jem (January 22, 2018). „Childish Gambino Signs With RCA, New Music on the Way“. Variety. Архивирано од изворникот на February 10, 2018. Посетено на February 10, 2018.
  56. 56,0 56,1 Asward, Jem (May 6, 2018). „Childish Gambino Performs Brand-New Song, 'Saturday,' on 'SNL' (Watch)“. Variety. Архивирано од изворникот на May 7, 2018. Посетено на May 7, 2018.
  57. Lisa Respers France (February 11, 2019). „Childish Gambino makes Grammy history“. CNN. Архивирано од изворникот на February 11, 2019. Посетено на February 11, 2019.
  58. „61st Annual GRAMMY Awards“. GRAMMY.com. December 6, 2018. Архивирано од изворникот на December 7, 2018. Посетено на March 7, 2019.
  59. „Donald Glover Cast as Young Lando Calrissian in Upcoming Han Solo Star Wars Stand-Alone Film“. StarWars.com. October 21, 2016. Архивирано од изворникот на February 7, 2017. Посетено на December 22, 2016.
  60. Празен навод (help)
  61. Празен навод (help)
  62. „How Donald Glover and Lando Calrissian hijacked 'Solo: A Star Wars Story' from Han Solo“. USA Today. Архивирано од изворникот на November 18, 2019. Посетено на October 30, 2019.
  63. Aswad, Jem (July 11, 2018). „Childish Gambino Drops Two New Summer-Themed Songs (Listen)“. Variety. Архивирано од изворникот на July 11, 2018. Посетено на July 11, 2018.
  64. Празен навод (help)
  65. O'Falt, Chris (August 17, 2018). „Rihanna and Donald Glover In Cuba: 'Guava Island' Is Likely Much Bigger Than a Music Video – Report“. Архивирано од изворникот на October 28, 2018. Посетено на October 27, 2018.
  66. Aswad, Jem (November 26, 2018). „Donald Glover Premieres Trailer for Film With Rihanna, 'Guava Island' (Watch)“. Variety. Архивирано од изворникот на December 4, 2018. Посетено на December 3, 2018.
  67. Frank, Allegra (April 12, 2019). „Donald Glover and Rihanna's surprise film Guava Island is streaming free for a limited time“. Vox. Архивирано од изворникот на April 14, 2019. Посетено на April 15, 2019.
  68. „Guava Island“. Metacritic. CBS Interactive. Архивирано од изворникот на April 29, 2019. Посетено на April 14, 2019.
  69. Празен навод (help)
  70. Moore, Sam (July 10, 2019). „Donald Glover offers fresh hope for the future of Childish Gambino“. NME. Архивирано од изворникот на November 5, 2019. Посетено на November 4, 2019.
  71. Couch, Aaron (February 17, 2017). 'Lion King' Remake Casts Donald Glover as Simba, James Earl Jones as Mufasa“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на February 18, 2017. Посетено на February 18, 2017.
  72. Strauss, Matthew (July 9, 2019). „Beyoncé Releasing New Song "Spirit" Tonight, Curates Lion King Album“. Pitchfork Media. Посетено на July 9, 2019.
  73. „The Lion King“. Box Office Mojo. Посетено на November 6, 2019.
  74. Празен навод (help)
  75. „Donald Glover Presents "3.15.20". RCA Records (англиски). Посетено на March 23, 2020.
  76. Празен навод (help)
  77. Nash, Brad (March 23, 2020). „Picking The Highlights From Childish Gambino's Latest Album“. GQ Australia. Архивирано од изворникот на March 24, 2020. Посетено на October 15, 2020.
  78. Low, Elaine (February 18, 2021). „Donald Glover Inks Overall Deal With Amazon Studios“. Variety (англиски). Посетено на February 20, 2021.
  79. Andreeva, Nellie (April 7, 2022). 'Mr. & Mrs. Smith': Maya Erskine To Star Opposite Donald Glover In Prime Video Series, Replacing Phoebe Waller-Bridge“. Deadline.
  80. Goldberg, Lesley (February 17, 2022). 'Atlanta' Ending With Season 4 on FX“. The Hollywood Reporter. Посетено на February 17, 2022.
  81. „Donald Glover Interviews Donald Glover“. Interview. April 7, 2022.
  82. Garner, Glenn (March 26, 2022). „Donald Glover Raves About Writing with 'Amazingly Talented' Malia Obama on Upcoming Series“. people.com (англиски). Посетено на April 21, 2022.
  83. „Donald Glover Lays Out The Plan For His Last 2 Childish Gambino Albums“. UPROXX (англиски). 2024-04-15. Посетено на 2024-04-15.
  84. Legaspi, Althea (2024-04-15). „Childish Gambino Announces Final Two New Albums, Plays New Music on Instagram Live“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2024-04-15.
  85. Squires, Bethy (2024-05-13). „Childish Gambino Drops Surprise Album Atavista“. Vulture (англиски). Посетено на 2024-05-13.
  86. Rose, Lacey (2024-02-07). „Donald Glover and Maya Erskine on Real-Life Marriage, Professional Divorce and When to Walk Away“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2024-02-07.
  87. Clack, Erin (February 7, 2024)"Donald Glover Reveals He Got Married — Then Went Straight Back to Work on Mr. & Mrs. Smith the Same Day" Retrieved February 7, 2024.
  88. „Donald Glover Hints at Final Childish Gambino Album During Governor's Ball Set“. Complex AU. Архивирано од изворникот на July 9, 2017. Посетено на July 15, 2017.
  89. Juneau, Jen (January 5, 2018). „Donald Glover Welcomes a Son“. People. Архивирано од изворникот на August 13, 2019. Посетено на August 13, 2019.
  90. Heaf, Jonathan (September 29, 2020). „An Extraordinary Conversation Between Michaela Coel and Donald Glover“. British GQ. My son had just been born, like, an hour before and I was watching the George Floyd video.

Надворешни врски

уреди
  1. Reissued as Atavista in 2024.