Леона Луис (англиски: Leona Louise Lewis) (Лондон, 3 април 1985) е британска поп/Р&Б пејачка. Луис и стана позната на публиката во 2006 како победник на реалното шоу The X Factor во Британија.

Leona Lewis
Леона Луис
Леона Луис во 2009- та
Животописни податоци
Родено имеЛеона Луиз Луис
Роден(а)3 април 1985
Лондон, Англија
ЖанровиПоп, Р&Б
ЗанимањаПејачка
Период на активност2006–сегашност
ИздавачиSyco (2006–сегашност)
J Records (2007–сегашност)
Мреж. местоwww.leonalewismusic.co.uk

Луис за кратко време стана платински продаван музичар и беше трипати номинирана на наградите Греми. До сега има реализирано само еден албум наречен „Spirit“, во 2007. Албумот стана најбрзо продаван дебитантски албум и најпродаван албум во 2007 и во Велика Британија и Република Ирска, а со тоа Луис станува првиот Британски соло артист да се искачи на Billboard 200 со првиот албум. Нејзиниот втор албум „Echo“ е планирано да биде издаден во Ноември 2009.

Првиот сингл на Луис „A Moment Like This“ стана најбрзо продаваниот UK сингл, после тоа што бил даунлодиран околу 50,000 пати после 20 минути од неговата реализација. Нејзиниот втор сингл „Bleeding Love“ стигна на првото место во околу 30 сингл табели низ целиот свет. Во ноември 2008 таа повторно постави нов рекорд и тоа во најпродаван само даунлоад сингл кога станува збор за реализацијата на кавер верзијата на песната на Snow PatrolRun“ со која што продала 69,244 копии во еден ден.