Снапчат (англиски: Snapchat; скратено: снап) — апликација која овозможува споделување на слики и видеа, создадена од Еван Шпигел, Боби Марфи, и Реџи Браун,[2] додека тие биле студенти на Универзитетот во Стенфорд.[3][4][5]

Snapchat
Екранска снимка
Изворни авториSnapchat, Inc.
ПрограмериБоби Мафи, Еван Шпигел
Првично изданиесептември 2011; пред 13 години (2011-09)[1]
Стабилно издание9.15.0.0
Развојна состојбаActive
Опер. системiOS, Android
Големина25.8 MB
ВидДруштвена мрежа
Мреж. местоsnapchat.com

Користејќи ја апликацијата, корисниците можат да сликаат, да снимаат видеа, да додадат текст и цртежи, и да ги испратат на контролиран список на примачи. Овие испратени фотографии и видеа се познати како "снепови". Корисниците можат да определат рок на колкаво време примачите ќе можат да ги гледаат нивните снепови (заклучно со септември 2015 година, се во опсег од 1 до 10 секунди),[6] по што Snapchat тврди дека тие ќе бидат избришани од опслужувачите на компанијата.[7]

Според Snapchat, во мај 2015 корисниците на апликацијата испратиле преку 2 милијарди фотографии и видео клипови на ден, додека содржината на Snapchat приказните била прегледана по 500 милиони пати на ден.

Наводи

уреди
  1. „Let's Chat“. Snapchat Blog. Архивирано од изворникот на 2012-12-17. Посетено на November 11, 2012.
  2. „Snapchat and Reggie Brown Resolve Dispute“. Посетено на September 11, 2014.
  3. „Snapchat Team“. Посетено на February 7, 2013.
  4. Bilton, Nick (May 6, 2012). „Disruptions: Indiscreet Photos, Glimpsed Then Gone:“. The New York Times. Посетено на May 6, 2012.
  5. Colao, JJ. „Is Snapchat Raising Another Round At A $3.5 Billion Valuation?“. Посетено на January 9, 2014.
  6. Alba, Davey (May 16, 2012). „Snapchat Hands-on: Send Photos Set to Self-Destruct“. Laptop. TechMedia Network. Посетено на September 15, 2013.
  7. „Casper SnapChat“. Архивирано од изворникот на 2016-05-14. Посетено на 2016-04-25.

Надворешни врски

уреди