Мем (семрежје)
Семрежен мем, интернет-мем или мем (англиски: meme) — вирусна содржина што шири од корисник до корисник преку интернет. Најчесто се јавува во облик на слика со додатен текст, но може да биде и во облик на видео-клип, збор или фраза. Мемот главно е заснован на еден шаблон, концепт кого корисникот спрема свое лично претпочитување го менува и го проследува понатаму, без притоа да го нарушува неговото основно устројство и препознатливост. Може да пренесе каква било порака, иронична или саркастична и може да претставува пародија, шега или да има облик на општествена, политичка или каква било друга критика. Многу големата флексибилност овозможува од изворниот облик да се создадат на десетици илјади варијации.
Историја
уредиТворец на зборот мем бил англискиот теоретичар на еволуцијата Ричард Докинс кој во својата книга „Себичен ген“ го означил мемот како единица на културна еволуција која е истоветна со гените кај човекот. Докинс сметал дека иако идеите еволуираат со поминување низ своите преносители, тие сепак го задржуваат својот основен облик. Зборот мем произлегува од грчкиот збор mimēma кој означува нешто имитирано.[1] Докинс овој збор го скратил со намера истиот да потсетува на англискиот збор ген, сметајќи ја културната имитација една од клучните особини на човештвото, па може да се каже дека мемот отсекогаш бил присутен во човечката еволуција. Протекот на информации, со самото тоа и идеи, многукратно е зголемен така што семрежниот мем претставува само следен чекор од развојот на културната еволуција станувајќи најпопуларен начин на ширење идеи. Мемот главно има шеговит карактер, но исто така може да биде многу моќно оружје за ширење идеи [2] и пропаганда[3] од кој било вид.
Примери
уредиНајпознати извори на семрежни мемови се страниците 4chan и Reddit. Мемот најчесто им се обраќана сите, иако не секогаш на сите им е разбирлив во целост. Некои мемови им се разбирливи само на одредени групи, етнички, старосни или на консументи на одреден производ. Моќта на овој феномен може да се види од мемот Rickrolling кој за релативно кратко време ја оживеал кариерата на Рик Астли[4], познат пејач од осумдесеттите години на 20 век. Еден од најраните мемови бил Lolcats кој бил создаден во 2005 година тако што анонимен корисник на мрежното место 4chan поставил фотографија на мачка која имала шеговит коментар.[5] Кратко потоа, страницата била преплавена со фотографии на мачки со шеговити, најчесто неправилно напишани, коментари. Феноменот бил толку популарен што сопствениците на првата страница Lolcats (лолмачор), која се викала icanhascheezburger.com, кон средината на 2007 година истата им ја продале на инвеститори за повеќе од два милиони долари[6]
Мем и вирусен маркетинг
уредиВирусен маркетинг е маркетиншка техника со која се служат друштвените медиуми за да ја зголемат продажбата или снагата на брендот. Оваа техника на промоција, меѓу останатото, користи видео-клипови, слики и текст. Мемот ги има истите овие облици и тоа го прави погодно орудие на вирусниот маркетинг. Друштвените мрежи даваат мноштво начини да се објави некоја информација и да се привлечат само оние луѓе кои се сака да бидат известени. Семрежјето е одлично за примена на герила маркетинггерила маркетингот, чија основна цел е остварување на максимални резултати со користење на минимални вложувања. Покрај тоа што овој вид рекламирање е евтин, тој и многу брзо се шири. Постои теорија, која во пракса се покажала исправна [7], дека потребно е да се известат само седуммина за нешто и тие, како вирус, за многу кратко време ќе ја проследат информацијата до 350 милиони луѓе.
Наводи
уреди- ↑ Dawkins 1989, стр. 192.
- ↑ (англиски)Brown, Gavin (10 мај 2013). „Web Culture: Using Memes to Spread and Manipulate Ideas on a Massive Scale“. The Berglund Center for Internet Studies. Архивирано од изворникот на 14 мај 2014. Посетено на 14 мај 2014.
- ↑ (англиски)Ward, Alex (16 август 2012). „Even in a war zone! Ridiculously photogenic Syrian rebel starts a wave of appreciative virals“. Daily Mail.
- ↑ (англиски)Moore, Matthew (7 ноември 2008). „Rickrolling: Rick Astley named Best Act Ever at the MTV Europe Music Awards“. The Telegraph.
- ↑ (англиски)Langton, Jerry (22 септември 2007). „Funny how 'stupid' site is addictive“. Toronto Star.
- ↑ (англиски)Terdiman, Daniel (22 август 2008). „The history of I Can Has Cheezburger“. CNET.
- ↑ (англиски)Windley, Nic (11 јули 2011). „B2B Viral Marketing“. Business 2 community.
Литература
уреди- Dawkins, Richard (1989). The Selfish Gene (2. изд.). Oxford University Press. ISBN 978-0-19-286092-7.
- (англиски)Power od Memes
Надворешни врски
уреди„Мем (семрежје)“ на Ризницата ? |
- 4chan
- Know Your Meme
- I Can Has Cheezburger?
- Meme Center Архивирано на 8 јуни 2014 г.
- Meme Generator Архивирано на 23 април 2019 г.