Димов Гроб (Уланци)
„Димов Гроб“
| |
Местоположба | 41°35′17″N 21°56′34″E / 41.58806° СГШ; 21.94278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Уланци |
Општина | Градско |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Димов Гроб — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.
Претставува некропола од железно време.
Во месноста Ветерница, на левата страна од патот за Џидимирци и на 1 км од селото се гледаат камени плочи од гробни конструкции. Има триесетина гроба од типот циста, со насоченост исток-запад или северозапад-североисток. Во еден од гробовите се најдени лошо зачувани остеолошки остатоци, 2 спирални обетки од бронзен тељ, фрагмент од салталеон, мониста од кафеава стаклена паста и други предмети од бронза во вид на цевче, фрагмент од керамички сад со сивокафеава боја и со две врежани линии. Од 1992 до 1994 година некрополата е ископувана од Музејот на Македонија. Истражени се 50 гроба-[[цисти со конструкции од камени плочи, со згрчена инхумација, поставени во правец исток-запад, организирани во редови, најчесто по линијата север-југ. Некрополата е датирана од VIII до XI век пред н.е. Што се однесува до матичната населба на некрополата, таа се наоѓа на 200 м јужно, на ридот Столот, каде што се откриени културни слоеви со материјални остатоци исти како оние од некрополата. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Грамади — населба од римското време;
- Димов Гроб — некропола од железното време;
- Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време;
- Страната — населба - викус од доцноантичкото време;
- Топот — утврдена населба - опидум од римското време;
- Уланци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |