Димитар Пандилов
Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.
Димитар Пандилов | |
---|---|
Марка на Македонска пошта од 1999 г. по повод стогодишнината од раѓањето на Пандилов | |
Роден(а) | 1 март 1899 Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Починал(а) | 26 јули 1963 Скопје | (возр. 64)
Значајни дела | Покрај вода, 1925 Жетварки, 1926 |
Правец | импресионизам |
Животопис
уредиРоден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).
Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.
Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.
Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.
Најпознати дела
уреди- „Покрај вода“ (1925) [1]
- „Жетварки“ (1926)
- „Акт“ (1928)
- „Вршидба“ (1936)
- „Жетварки“ (1936)
- „Товарен воз“ (1950)
- „Вршидба“ (1951)
- „Жетва“ (1954)
- „Режење на афион“ (1959)
- „Невести на чешма“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аврамовски, Димитар Пандилов“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Кратка биографија на Димитар Пандилов Архивирано на 1 февруари 2014 г. — „Грал“
- Осврт на разни автори кон делата на Пандилов Архивирано на 7 јуни 2016 г. — „Блесок“, 1999
Родословие
уредиДичо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крсте Дичов (ок. 1784 - ?) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дичо Зограф (1819 - 1872) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Евгениј Дичов | Нестор Дичов | Арсениј Дичов | Аврам Дичов (1840 - 1923) | Спиридон Дичов | Ефтим Дичов | Божин Дичов | Темјана Дичова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Босилка Аврамова | Крсто Аврамов (1866 - 1939) | Божил Аврамов | Пандил Аврамов (1877 - ?) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сарџо Крстев | Мојсо Крстев | Димитар Пандилов (1898 - 1963) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |