Димитар Пандилов

(Пренасочено од Димитар А. Пандилов)

Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.

Димитар Пандилов
Димитар Пандилов-Марка.jpg
Марка на Македонска пошта од 1999 г. по повод стогодишнината од раѓањето на Пандилов
Роден(а)1 март 1899
Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)26 јули 1963(1963-07-26) (возр. 64)
Скопје
Значајни делаПокрај вода, 1925

Жетварки, 1926
Акт, 1928
Товарен воз, 1950
Есен, 1951
Вршидба, 1951

Жетва, 1954
Правецимпресионизам

ЖивотописУреди

 
Димитар Пандилов Охрид, 1950.

Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).

Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.

Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.

Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.

Најпознати делаУреди

 
Споменик на Димитар Пандилов на Мостот на уметноста
  • „Покрај вода“ (1925) [1]
  • „Жетварки“ (1926)
  • „Акт“ (1928)
  • „Вршидба“ (1936)
  • „Жетварки“ (1936)
  • „Товарен воз“ (1950)
  • „Вршидба“ (1951)
  • „Жетва“ (1954)
  • „Режење на афион“ (1959)
  • „Невести на чешма“

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аврамовски, Димитар Пандилов“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врскиУреди